Доколку за момент би ти станало јасно дека мегаломанијата наречена Голема Албанија е производ од самите југословенски структури, како причина за поттиснување на албанскиот фактор, и кога уште еднаш би го прочитал постот на Османи, би сфатил следниве работи...
Тој не сака федерализација на Македонија.
Тој не повикува на промена на името. Тој повикува на компромис со Грчка. Нешто што сите македонски политичари го кажуваат јавно. Значи ништо не е поразличен од македонските политичари.
Зачувувањето на името, можеби ти е тешко да прифатиш, ама е невозможно чим сеуште се преговара. Мојот став и порано сум го кажал, прекин на преговори. Но, за жал, некои мислат дека сеуште треба да се преговара, а Османи (ќе те разочарам) не е во преговарачкиот тим.
Така да, тргнувајќи од тој аспект, паѓаат во вода твоите сомнежи дека Османи планира некој си заговор против државата за остварување на Голема Албанија.
Кога веќе државата се поистоветува со ЕДЕН етникум, тогаш автоматски другите етникуми се во втор план. Да ти е јасно, ниедна држава не е чиста етнички. Но, сите се поистоветуваат според државата. Дека таа треба да се сака. Но, и државата треба да ги сака сите подеднакво. Кога веќе кај нас тоа не е пракса, а за жал нема ни да биде за некои си следни 50тина а можеби и 100 години, тогаш можеби...можеби решението на Османи е најпаметно од тоа што досега го имаме на тацна.
Но се додека македонците ја сметаат државата како нивна, екслузивно и ничија друга, тогаш не мрдаме од оваа мртва точка. Да, жалам, но во право сум. Македонија никогаш не била на македонците. Туку на народностите кои што живееле и се бореле за неа. А во тоа спаѓаат и албанците колку и да не сакаш да признаеш. Гоце Делчев го знаел тоа, ама некако денешното ВМРО тоа го подзаборави. Значи во кратки црти...
Луѓе секогаш сум пишувал дека сите националности во Македонија се еднакви. Но едно да се разбере дека далеку сме од Швајцарија и еднаш нашите 25% браќа треба да разберат дека Македонија е држава на Македонците.
Свесен е типов дека сите се еднакви, ама не сме ние Швајцарија, затоа пак, Македонија ќе си остане на македонците...А тоа е погубно, за вас пред се, македонците. Дека...Швајцарија според мене е една напредна држава, треба да тежнееме да постанеме како нив. А не свесно да тврдиме дека ќе си останеме тоа што сме, кога веќе гледаме дека така не иде. Така да...запрашај се кој е тој што стварно прави пречки во развојов на државата како поим.
*hint - во влада собрание а и претседател секогаш биле македонски ресори...така да, кој е тој што стварно го пречи развојот на државата.
Те разбирам, стравуваш од некои си територијални претензии, конфликти, Голема Албанија и што ти ја знам што друго. Но, жалам што не можеш да согледаш дека баш сличниот став кој што го имаш придонесува кон такви желби и поделби. Се додека не си спремен да јадеме од иста маса, да го делиме истиот леб, тогаш мене ништо не ми преостанува освен да си го купам сам лебот, и сам да јадам. И после немој да плачеш дека си останал сам...