- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 777
Нови планови на ЦИА, Русија и Ал Каеда за поделба на светот
Европа ќе се подели на три дела!?
-Македонија ќе се најде во третиот кош, наречен Православна балканска федерација
-Загрижува планот на Ал Каеда, според кој Балканот, пред се Косово, БИХ и Хрватска, би имале клучна улога во исламското поробување на светот
Во екот на светската економска криза некои големи сили ги обелоденуваат своите планови за прекројување на европските и светските граници. Американската ЦИА направила проекција, според која се предвидува до 2020 година Европа да се подели на три дела, и тоа на Западна католичка, Источна Нова Европа и Православна балканска федерација. Според сценариот на ЦИА, новата поделба би изгледала вака:
-Во Западна католичка Европа би биле најмоќните и најбогатите земји: Германија, Франција, Велика Британија, Австрија, Шпанија, Португалија, Италија, Шведска, Норешка и Финска. Постои некаква мала можност во неа да биде приклучена и Хрватска.
-Нова Европа би ја сочинувале: Литванија, Естонија, Летонија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија и најверојатно Хрватска.
-Православната балканска федерација би ги обединувала: Романија, Бугарија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Грција, Албанија и Косово. Албанија, дел од БИХ и Косово не се православни, но и тие се ставени во однапред замислениот "балкански кош".
Некои европски аналитичари сепак се загрижени дека ваквите црни планови за распаѓање на Европа би можеле да се остварат. Тие потсетуваат дека во досега најголемата криза се покажало дека ЕУ не е единствена во постигнувањето консензуси и дека видливо било раздвојувањето на богатиот Запад и сиромашниот Исток, пишува Прес. Се наведува и примерот на германската канцеларка Ангела Меркел која го отфрли повикот на унгарскиот премиер Ференц Ѓурчањ за спас на источноевропската економија, потенцирајќи дека ниту една земја не треба да се третира посебно. Меѓутоа, аналитичарите сметаат дека доколку богатите не им помогнат на сиромашните, Европа навистина може да се распадне.
Руско сценарио
Од друга страна Русија пак предвидува распаѓање на САД! Поранешниот портпарол на Руската вселенска агенција и аналитичар на КГБ, Игор Панарин прогнозира дека веќе идната година Барак Обама може да воведе вонредна состојба во Соединетите Американски Држави. Според Панарин, САД би се распаднале на шест држави, и тоа пред 2011 година, бидејќи Американците доживуваат голем морален пад:
"Кај нив е евидентен голем психолошки стрес, предизвикан од пукотници по училиштата, преку обемот на затворската популација, до бројот на хомосексуалците. Неодамна бев таму, и работите се далеку од добри. Она што се случува е пропаст на американскиот сон"-смета Панарин. Затоа за него, Русија и Кина би станале столб на новиот светски поредок, бидејќи ќе излезат посилни од економската криза. Тие треба да створат нова заедничка валута која би била посилна од американскиот долар.
План на Ал Каеда
План за прекројување на светот има и терористичката Ал Каеда во кој, за жал, Балканот би требал да одигра клучна улога. Нејзиниот план е направен во седум фази од кои последната би завршила во 2020 година. Најинтересниот дел на сценариото почнува од петтата фаза во 2013 година предвидува поргласување на калифат на Ал Каеда (исламска држава) која така организирана би била во можност да го направи новиот светски поредок. Шестата фаза е наречена "целосна борба" во која би дошло до конечна пресметка меѓу верниците и неверниците. Таа фаза би ја извел лично Осама бин Ладен, а седмата, наречена конечна победаа, би требало милијарда и полова муслимани да го поразат остатокот од светотт. Клучната улога на Балканот во планот за освојување на светот на Ал Каеда, досега неколку пати ја повторил вториот човек на организацијата Ајман ал Завахири, потенцирајќи дека тука мисли на Косово, БИХ и Хрватска, пишува Прес.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=DB2986761D08E94492A7DA258A724039