Е ајде де...................
ИДМАК станува интересно!
Илиевски: Сменет сум, бидејќи бев сведок во Лозана
Сменетиот тренер на Металург потврди дека добил отказ поради сведочењето во случајот „Победа против УЕФА“
Сашко Ѓ. Димовски
Шпекулациите за причините што доведоа до тренерска смена во Металург, вчера лично беа потврдени и од Никола Илиевски-Џиџи. Отказот што му беше врачен во петокот, како што и самиот потврди, е последица на неговото минатонеделно појавување во Судот за арбитража во спортот во Лозана во кој поранешниот македонски селектор бил во улога на сведок во случајот „Победа против УЕФА“. Како поткрепа на тоа, Илиевски, на прес- конференција вчера пред новинарите изнесе детали од средбата што ја имал со Александар Панов, генерален директор на Макстил, по враќањето од Швајцарија кога најверојатно бил информиран за разделбата со прволигашот од Железарница.
„Доколку знаевме со Минчо Јорданов дека ќе патуваш во Лозана да сведочиш, ќе ти забраневме да одиш. Не смееше да одиш таму без наше знаење, како тренер на Металург. Го наруши угледот на Металург и на Фудбалската федерација на Македонија“, пренесе Илиевски што му рекол Панов на средбата.
Илиевски беше именуван за тренер на Металург на местото на Ѓоре Јовановски, но ниту еднаш не го водеше тимот од Железарница од клупата. Мечевите ги следеше од трибина и под негово водство екипата забележа две победи (против Тетекс дома - 4:0, против Силекс во гости - 1:0, ремизира со Скопје - 2:2 и беше елиминиран од националниот куп и две средби доби со службен резултат 3:0 - против Хоризонт Турново и Вардар).
Илиевски работеше во Металург без потпишан договор. Двете страни, наводно, имаа џентлменски договорена соработка која требаше да се стави на хартија и да се парафира во оној момент кога ќе завршеше постапката за раскинување на договорот со неговиот претходник. Меѓутоа и да имаше таков вели дека ќе заминел во Швајцарија да сведочи.
„Во секој случај ќе одев во Лозана и да имав потпишано договор со Металург“, изјави Илиевски и додаде дека никогаш повеќе нема да прифати ангажман во македонскиот фудбал.
По неговото разрешување, за прв тренер на тимот беше именуван Жикица Тасевски.
#
Статијата е прочитана 202 пати.