Имав можност пред некој ден да ги посетам Будимпешта, Братислава, Прага и Виена (преку школо). Секој град си има по нешто специфично.
Братислава не е ништо посебно. Како поранешен социјалистички град новиот дел е слично на скопје, само бетон и блокови згради, а стариот дел фатил нешто од средниот век но не е нешто посебно.
Будимпешта има одличен стар дел, одлична архитектура, одлични фасади на зградите, запазен е стариот стил и на новите градби. Ноќе градот е прекрасен!
Прага има најдобар стар дел и затоа него го избрав. Зачувана архитектура од сите периоди што му дава еден посебен и интересен изглед. Новиот дел е нешто подобро од Будимпешта.
Виена има одличен нов дел. Модерни згради во кои се чувствува западниот дух за разлика од останатите градови. Стариот дел е исто така фантастичен, но сепак Прага си е Прага.