Хитлер ти бил католик. Една од основните темели на фашизмот била и религијата.
Сталин бил религиозен па станал атеист, па пак станач религиозен. Сега човек би помислил дека кога станал атеист веднаш би прекинал со злоделата и убивањата ама ништо од тоа. Немало разлика во неговитот карактер и злодела.
Можеби Игоре како дете Сталин верувал во такво нешто, не сум сигурен. Но ако прочепкаме по сајтовите наоѓаме една и единствена негова религија- комунистичката.
http://www.adherents.com/people/ps/Joseph_Stalin.html
Below is an index of the religious affiliations or belief systems of celebrities (both living and dead; in film, television, music, literature, academics and politics), listed in alphabetical order by last name...
Celebrity: Joseph Stalin
Religion/Belief: Atheism
http://en.wikipedia.org/wiki/Stalin
Born 18 December 1878(1878-12-18)
[1]
Gori,
Tiflis Governorate of the
Russian Empire (now
Georgia) Died 5 March 1953 (aged 74)
Moscow,
Russian SFSR,
Soviet Union Nationality
Georgian Political party
Communist Party
of the Soviet Union Religion None (
Atheist)
Ова сигурно не значи дека комунистичката идеологија е лоша, ниту дека не е. Тоа е лошо практицирање на таа идеологија. Исто е и со другите идеологии (кои во суштината не повикуваат на насилство, но преку истата го вршат тоа насилство).
Значи како човек ќе ја практикува религијата или некоја идеологја за која се определил, мислам дека од тоа зависи насилството и злото, а не од конкретната идеологија. Претпоставувам дека членовите на форумов кои се нерелигиозни не се со поголема злоба од оние кои се верници и вајс верса. Злобата зависи од личноста, а не само од тоа во што веруваш или не веруваш.
Има една тема паралелно со оваа, за укинување на веронаука и историја на религии. Некој споменува поделеност ради религиите-наводно ќе се поделиме. Ние за жал не се делиме од сега, од век било така и не според религиите, туку повеќе се делиме според националноста, воглавно помеѓу албанци и македонци. Зошто инаку постојано сме во конфликт (и тие со нас) со нашите околни соседи, 3/4 православни. Ако религијата е толку зла, зошто тогаш во Социјалистичка Македонија имавме поделеност, а немаше верска настава, ниту многу се збореше за верата по медиумите или на улица, тоа е некако контрадикторно.
Но тоа е реалноста, ракраната е национална поделба.
Не знам дали имаш башпријатели од други националности и вери, јас имам и баш е океј. Не ми смета ако е муслиман, протестант, католик, ми смета ако ме мрази. А омраза секако има како од православни така и од муслимани. Но ако живеете во етнички (можеби и верски) скоро чиста средина, нормално е дека ќе сметате дека допрва ќе се развива поделеност и ќе имате слични мислења за религијата.
Ако веќе зборуваме за омрази и поделби дали сме се запрашале колку сме поделени во јавното образование? А во него нема религија, само настава. Има посебни албански, турски, македонски, ромски школи.
И ако ми дозволиш Игоре за Хитлер, тој можеби бил католик, не сум многу запознат за него, но чистките ги правел врз национална основа.
Значи од моево малку подолго пишување накратко, ако веќе треба некој да се обвинува, не би требало да ги обвинувате религиозните (или нерелигиозните, кој како), вината паѓа врз злобните-оние со злобна душа. Што знам, ова е некое мое видување на "злото"-веронаука и "злото"-црно минато.