Да, се чини дека токму ОВДЕ и СЕГА, а не таму и некаде, се ноаѓа последниот бастион на комунизмот во Вселената, а не на Земјава...
..... СОЛЗИ КРОКОДИЛСКИ ЛЕАТ ......ЗА ДА КРАДАТ............НЕ ЗА АРНО ..........
Книга "историја на Македонскиот народ"..од др-Александар Стојановски , д-р Иван Катарџиев д-р Данчо Зографски и д-р МИхаило Апостолски..( култура мисла Скопје 1988 година )..........
страна 30 ...цитат
"Кога во 864 година дошло до склучување мировен договор со Византија , голем дел од териториите на Македонија бил веќе завладеан од страна на Бугарите . Според одредбите на договорот , Борис се обврзал да го прими христијанството , преку Цариградската патријаршија , ЗА ДРЖАВНА РЕЛИГИЈА ."-затворен цитат
Стр35 ..Развој на феудалните односи
Во почетокот на 10 век сеуште биле присутни родовско племенските односи кај Македонските Словени........затворен цитат
Стр36...Паралелно со тоа се формирал и растел крупниот црковни манастирски земјопосед . Покрај даренијата од владетелите, црковниот имот се се зголемувал и по пат на КОНФИСКАЦИЈА на селските имоти , особено на селаните јазичници , кои во Македонија ги имало ги имало сеуште многу. Христијанската црква прераснала во вистинска феудална институција .Манастирите по примерот на световните феудални владенија , го Експлоатирале-Угнетувале зависното селанство . Монасите со својот богат и раскошен живот го рушеле угледот на христијанската црква .
...... засилената феудална Експлоатација-Угнетување требало да се задоволат нараснатите потреби на огромниот воено административен апарат , на дворот и црквата .Сето тоа довело до заострување на класната борба и до појава на богомилството .
Стр 37 . Богомилството претставувало нова појава.....
Тие биле против постоењето на црквите и манасирите , против крстовите , иконите празниците и сл .Пропагирале дека секој може да му се моли на Бога и без свештениците .
Тие биле предимно од редовите на селаните , градските сиромаси и робовите , па со восхит ги слушале проповедите на совршените , кои нив ги поттикнувале да се борат против феудалците .
Брзото ширење на богомилското движење гоп ринудило царот Петар да преземе енергични мерки за негово ликвидирање .За таа цел тој побарал и добил инструкции од цариградскиот патријарх Теофилакт .според известувањето на Козма , тогаш настрадале илјадници богомили . Голем број оод нив биле фрлени во затвори И СПАЛЕНИ НА КЛАДА . Меѓутоа свирепите мерки не само што не го уништиле богомилството , туку тоа се повеќе се ширелои станувало општонародно движење .
Стр 43 . Самоиловото царство
Самоил ....царот на Бугарија и раб божји .
Зависните селани биле патрици и клирици .Патриците работеле и на световните и на црковните имоти , а клириците само на црковните .
Ропството имало патријархален карактер и робовите биле продавани надвор од земјата или пак биле ослободувани со откуп .
Стр 44 .
Судската власт над својте патрици и клирици имале и црковните великодостјници и одделни манасири .
Стр 45 .
Во Самоиловото царство црквата била фаворизирана . свештениците имале повластена положба , а особено епископите и архиепископите .
Стр 50 . Императорот василиј 2-ри му оставил извесни привелегии на високото свештенство на Архиепископијата И ГО ПРИДОБИЛ ДА СОРАБОТУВА ВО ЗАЦВСТУВАЊЕТО НА ВИЗАНТИСКАТА ВЛАСТ во провинцијата Македонија . Дури и на чело на Архиепископијата бил поставен дебарскиот игуман Јован .
Стр 51 . За разложување на слободните селски општини свој удел имала и црквата , заедно со црковните феудалци кои исто така настојувале да ги зголемат својте феудални имоти . Покрај бројните даренија што на црквата и ги правеле византиските владетели , црковно манастирските поседи растеле и преку засновање на свој патронат над слободните селски општини што претставувало чекор поблиску до претварањето на слободните селани во во феудално зависни луѓе . тоа се постигнувало и и по пат на директно одземање- КОНФИСКАЦИЈА на селанската земја во случаите кога СЕЛАНЕЦОТ ЌЕ БИДЕ ОБВИНЕТ ЗАРАДИ ПРИПАДНОСТ НА НЕКОЈА ЕРЕС , заради многуженство , стапување во незаконски брак и сл . Сето ова и овозможило на црквата да се претвори во крупен феудален сопственик . Манастирите во Македонија располагале со крупни феудални имоти и голем број зависно население .
Суштината на пронијата била во тоа што пронијарите добивале од централната власт дел од селските имоти , цело село или повеќе села заедно со нивните жители на доживотно уживање .пронијарите од своја страна се задолжувале да исполнуваат воена служба и да собираат од потчинетото население војницисо кој требало да одат во војна .
Стр 52 . Во ропство паѓале луѓето што не биле во состојба да ги измират давачките спрема државата и оние што се дигале против својте Експлоататори и Државата . На црковните добра покрај патриците работелеи клириците кој располагале со свој сопствени стопантва и се користеле со извесни привелегии што ги давала црквата .
Стр 53 . За венчавање епископите земале една златна номизма од младоженецот и 12 лакти платно од невестата .
Стр 56 .Водачоте на богомилското движење на чело со ВАсилиј биле фатени и осудени на соборот во ЦАриград во 1111 година а потоа и ликвидирани .Но богомилското и павликијанското движење не само што не спласнале туку добиле нов подем по смртта на Алексеј 1 Комнен (1118 год ) така што ги зафатило скоро сите области во Македонија како и целата Византија па дури за малку и кир Манојло царот грчки не отпаднал од нашата благочестива (г.... невидена) вера – се вели во Житието на Иларион Мегленски .