Дали ќе го зачуваме нашето уставно име?

Dali ke go zacuvame naseto ustavno ime?

  • da

    Гласови: 94 66,7%
  • ne

    Гласови: 47 33,3%

  • Вкупно гласачи
    141

P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
Прадедо ми - Борец во Илинденското Востание во Тетовскиот Крај е МАКЕДОНЕЦ
Дедо ми - МАКЕДОНЕЦ
Татко ми - МАКЕДОНЕЦ
Јас - МАКЕДОНЕЦ
Моите Деца ќе бидат МАКЕДОНЦИ

ЈАС КОЛКУ ШТО МЕ ДРЖИ ПАМЕТОВ ИМАМ САМО ЕДНА ЗЕМЈА , МАКЕДОНИЈА .
АКО НАШАТА ГЕНЕРАЦИЈА ЈА НАПРАВИ ТАА ГРЕШКА , ЈАС ЌЕ БИДАМ ПРОКОЛНУВАН ОД ПРАДЕДО МИ ШТО СЕ БОРЕЛ ВО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И БИЛ ЖРТВА ЗА ОВАА ЗЕМЈА И ЗА НЕЈЗИНАТА ЧЕСТ . САМО НЕКА ПРОБААТ ДА СМЕНАТ ИМЕ , ПА ТОГАШ ЌЕ ВИДАТ ШТО ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ НА ТИЕ ФРАЕРИ .

ГЛАВА ДАВАМ - ИМЕ НЕ ДАВАМ
ЗА МАКЕДОНИЈА ДО СМРТ
МАКЕДОНИЈА И САМО МАКЕДОНИЈА
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
1000 пати сум пишал...
Уставното име ќе си остане Република Македонија, а ФИРОМ ќе се менува и најверојатно ќе биде Северна Македонија, иако никој од нас не го сака тоа.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И 1000 пати грешиш.

Ние не преговараме за замена на референцата или акронимот кој си го пишал погоре, тој си стои како привремено решение додека не се најде решение за ИМЕТО.

А под името се подразбира за државното име - Република Македонија.
Да преговаравме за замена за ФИРОМ тогаш ќе беше дека Грците услуга ни прават.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
И 1000 пати грешиш.

Ние не преговараме за замена на референцата или акронимот кој си го пишал погоре, тој си стои како привремено решение додека не се најде решение за ИМЕТО.

А под името се подразбира за државното име - Република Македонија.
Да преговаравме за замена за ФИРОМ тогаш ќе беше дека Грците услуга ни прават.
Не е точно, секој до сега има кажувано (додека грците беа мирни, додека не поставуваа услови), дека се преговара за референцата. Ок, мое си е тоа мислење, ако мислиш дека грешам нема проблем. Подобро вака да го напишам моето мислење, одколку еден новоизбран претседател, во своето прво искачање на тв, да каже дека "разумен компромис е разумен компромис, нема потреба јас да ви објаснувам", а притоа да почне да дтка и да стане црвен како патлиџан.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.828
Поени од реакции
50.079
Ако сме луѓе да, ако сме пицајзли за какви и не смета остатокот од светот со што ни дава вакви услови, ќе смениме се.
Фино лепо ќе има референдум ќе си гласате со не и ќе се потврдете како луѓе.
 
Треба повторно да ти ги цитирам челниците на СДСМ што имаат изјавувано или ќе продолжиш глувонем да глумиш?

Референцата е привремено име, додека не се реши спорот за ИМЕТО.

Ебате правникот ако сеуште незнаеш за што се преговара и што е што.

Среќа што Претседателот не се метнал на бившиот и да каже што точно би прифатил, како би прифатил и сл.

Со откривањето на позициите самиот се ограничуваш и во случај да си во состојба да добиеш мн. повеќе.
 
Кога носиш државничка позиција треба да имаш став во однос на секое прашње кога ќе ти биде псотавено, а не да дткаш како некое детенце, и да ти смее цела држава.
 
Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Офф:
Треба да имаш став, не мора да го кажеш јавно, ако си проценил дека не е соодветен момент или нема никава корист да се каже во моментот....
Впрочен 95% од политичарите не одговараат на директно поставени прашања

Вообичаено ..... "да тоа е интересно прашање, ако го гледаме проблемот од друг агол.....дрн дрн...."

Он:
Тешко да се предвиди како ќе се одвиваат работите....
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Кога носиш државничка позиција треба да имаш став во однос на секое прашње кога ќе ти биде псотавено, а не да дткаш како некое детенце, и да ти смее цела држава.
Па како заклучи дека нема став?

Откривањето и неоткривањето на ставот говори за политичката зрелост, а воедно медиумската незрелост да поставуваат прашања кои директно би влијаеле на нашите позиции со што би им дошепнале на Грците ..абе еј слушај..ние вака се договоривме.

Тие што се смеат евидентно самите не се свесни за својата ментална неразвиеност.

И никаде нема правило дека Претседателот треба да биде шоумен за пред камера. Од такви умешни говорници ко Бранко, многу добро и не видовме.
 
Член од
9 мај 2006
Мислења
150
Поени од реакции
7
Кога носиш државничка позиција треба да имаш став во однос на секое прашње кога ќе ти биде псотавено, а не да дткаш како некое детенце, и да ти смее цела држава.
Братучед, не се смее цела држава. Овие работи за кои зборуваш не се за смеење.
Имав некои пријатели, да ги наречам „благоглаголливи“, да ти е мерак да ги слушаш додека зборуваат - културно, учено, интелигентно, со разбирање... да не редам натаму. Ама, кога ќе видиш што правеле, и кога ќе го споредиш со тоа како зборувале, работава станува „кај е север, кај е југ“:nesvest:.
Не треба луѓето да ги цениш само по тоа што и како зборуваат, туку и по делата, делата на Претседателот допрва ќе ги оценуваме, со моја најискрена надеж - позитивно.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Каде?? Дома или надвор??
Надвор како што сме тргнале нема, а дома, полека и тука ќе го загубиме.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ако сме луѓе да, ако сме пицајзли за какви и не смета остатокот од светот со што ни дава вакви услови, ќе смениме се.
Фино лепо ќе има референдум ќе си гласате со не и ќе се потврдете како луѓе.
Дипломатијата треба да изработи за резултатите од референдумот да не не' прикажат како опоненти на НАТО, туку чувари на своето. И на ливчето не би гласал со не, него би го искинал на милион парчиња. И нејќу да размислувам за референдум....самиот збор ми звучи многу сомнително.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
За да постигнеш нешто треба да веруваш во тоа, за да успееш да постигнеш нешто треба да бидеш упорен. За да останеш тоа што си треба да не потклекнеш пред никој. За да не потклекнеш пред никој треба да ги преживееш сите искушенија. За да ги преживееш сите искушенија треба да си посилен од искушателите. За да си посилен од искушателите треба да си сигурен во себе. За да си сигурен во себе, треба да знаеш кој си. За да знаеш кој си треба да ги цениш предците што те одржале во тоа што си денес. А денес сме Македонци, живееме во Македонија и ќе си останеме такви како цврста потврда, потреба и нужност без никаква дилема.

П.С. Кој мисли поинаку, тој воопшто не мисли. Кој сака поинаку, тој не е со сите. Кој не е со сите, тој не е при себе. Кој не е при себе може слободно да се е*е.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.828
Поени од реакции
50.079
Дипломатијата треба да изработи за резултатите од референдумот да не не' прикажат како опоненти на НАТО, туку чувари на своето. И на ливчето не би гласал со не, него би го искинал на милион парчиња. И нејќу да размислувам за референдум....самиот збор ми звучи многу сомнително.
абе и јас не би, ама најблиску до опцијата ’’зачувување на името’’ е референдумот.Оцијата што го застапува доби највеќе гласови, значи неминовен е.
Како ќе се наштелува расположението за тој рефендум зависи од сите медиуми па и од овој форум наш овде.
Тоа ќе биде војна на лаење поголемиот лајач ќе ја добие, можна ситуација ми е “чуварите на името’’ да изиграат на“ни лук јал ни лук мирисал јебига појаки беа’’
Јас веќе знам отпрлика како ќе се распоредат тие весници телевизии и невладини. Што значи дека ни треба јунак што би направил тешка пиздарија на одредени тешки пизди.

дрн дрн јариња изгубив поента више. Ако се смени името фаќам ред со АБЦов за бугарски и чао пријатно. Ако веќе живеам меѓу курви нека се прави. : )
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Која бре црна дипломатиоја мој Серпико, која??
Немаме ние дипломатија, оти рибата смрди од глават, ти текнува.
Ние имаме само преписна школа и гурбетчии.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom