Bratot
Стоик и Машкртник!
Заради евентуален договорен компромис некои си седат и ЌЕ си седат во опозиција уште долго,патем истите тие беа етикетирани како предавници... Така да никој нема право да ми дојде пред врата со договорен компромис ,па и да ме натера да излезам на референдум за јас да одлучам за поколенија после мене и луѓе кои гнијат во земја заради таа Македонија
Па никој не те тера, кој рекол дека референдумот без оглед на поставениот избор мора да успее?
И кој би требало да ја превземе одговорноста ако не сите ние?
Или па полесно е ко 95 да ни го свирнат без многу муабетење па ќе си отидат на другиот свет и Ќиро и Бане и Денко, а ти и јас ќе се препелкаме да испливаме на површина од лајнава кои ги оставија позади нив.
Опцијата рефередум е секогаш изговор да не подлегнат нашите политичари пред притисокот од надвор за брзо прифаќање на некој било-каков компромис и никој неможе и несмее да приговара на правото за референдум.
Е тоа што некој нема верба во себе и својот народ е сосема друга тематика.