Атлантида

Дали постоела Атлантида?

  • Да

    Гласови: 157 82,6%
  • Не

    Гласови: 33 17,4%

  • Вкупно гласачи
    190

Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
нигде до сега не сум слушнал дека постој средна страна туку има само средина... а то дека ја сметат за мит а цел свет збора дека ја пронашол овај или онај или незнам кој.. сепак брат ако се смета за мит типците незнам зошто го спомнуват то.. нема смисла.. под тие типци подразбирам научници и блабла типои шо имат такви муабети трескано.. а не би се трошеле џабе пошто само така би докажале...
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
18.344 -64.549
18.306 -64.665
На Гоголј земја вметни ги кординативе и валаа!!! Атландита насоне,сенката од облаците се дигитизирала.Ах ,еве видов пирамида,а еве и храм и ајфелова кула...На јутуб се врти некаква снимка за нло дека било видено пред недела дена.Ама снимката го показуват хотелот Русија што е урнат пред 2-3 години,и оле слетаја мали зелени со уши мелени ...
 

Pella

Θεος μου πατέρας
Член од
26 ноември 2009
Мислења
60
Поени од реакции
4
Па неможе да е мит , како тогаш си слушнал за неа ? , Мора пак некој да кажал , ете пред 4000 или 9000 години така е пред 9000 години потонела , е сеа само да ја најдат , неможе да е од богови , има само еден БОГ и неговиот славен син Исус Христос! . катаклизма или поплава највероватно! :salut:
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
Тим научници кои својот идентитет сакаат да го зачуваат во тајност, тврди дека во Карипското море го пронашле митскиот град-држава и во јавноста објавија снимки со кои тоа го докажуваат. Повеќе.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.654
Поени од реакции
3.565
За Атлантида имам слушано дека народот што живеел таму во тоа време биле најинтелегентни луѓе на светот, и дека од што биле интелегентни господ ги казнил и потонал островот... мада и не сум сигурен... ќе се распрашам ќе постирам. Интересна тема!
ne gi unistil od sto bile naj inteligentni:pos2::pos2:
tuku tamo preovladuval mir se dodeka lugeto ne pocnale da stanuvaat alcni i zatoa zevs gi kaznil so toa sto ja unistil atlantida..jas barem toa go znam
 

TwiNNeR

Повеќе читам, помалку пишувам
Член од
1 декември 2009
Мислења
179
Поени од реакции
100
Атлантида и Му


http://en.wikipedia.org/wiki/Atlantis
Атлантида (на старогрчки: Ἀτλαντὶς νῆσος, „островот на Атлас“) е име за легендарниот остров, кој за првпат е спомнат во Платоновите дијалози Тимеј и Критија. Според приказот на Платон, Атлантида лежи „зад столбовите на Херакле“ и таа била поморска сила која освоила многу делови од Западна Европа и Африка уште 9000 години пред времето на Солон или приближно 9500 п.н.е. По неуспешниот обид да ја освои Атина, Атлантида потонала во океанот наеднаш „во едно несреќно деноноќие“. Како сторија вклопена во платоновите дијалози, на Атлантида генерално се гледа како на мит кој бил создаден од Платон за да ги илустрира неговите политички теории. Иако функцијата на сторијата за Атлантида им изгледа јасна на повеќето научници, тие, сепак, се расправаат околу тоа дали платоновиот приказ бил инспириран од некои постари традиции. Некои научници тврдат дека Платон ги имал забележано сеќавањата за минатите настани како што се Тројанската војна и ерупацијата на Тера (т.е. островот Санторини), додека пак други тврдат дека се работи за понови настани, како што се уништувањето на Хелика во 373 п.н.е. (град на Пелопонез што исчезнал преку ноќ) или неуспешната инвазија на Атина врз Сицилија во 415-413 п.н.е.
Можното постоење на оригиналната Атлантида често пати било дискутирано во текот на класичниот период, но обично било отфрлано и пародирано од подоцнежните автори. Во Средниот век останала непозната, но повторно била откриена од хуманистите во модерните времиња. Платоновиот приказ инспирирал утописки дела на неколку ренесансни автори, како што е „Нова Атлантида“ од Френсис Бејкон. Атлантида и денес е инспирација во литературата, научната фантастика, комичните книги и филмови, каде што нејзиното име е синоним за предисториска и напредна (изгубена) цивилизација.

Платоновиот приказ

Платоновите дијалози Тимеј и Критија, напишани во 360 п.н.е. ги содржат најраните познати упатувања за Атлантида. Поради непознати причини, Платон никогаш не го завршил Критија; сепак научникот Бенџамин Џовет тврди дека Платон најпрво планирал да напише трет дијалог насловен Хермократ. Џон. В. Лук претпоставува дека Платон – по описот за потеклото на светот и човештвото во Тимеј, како и алегоричното совршено друштво на древна Атина и нивната успешна одбрана од непријателската Атлантида во Критија – планирал да ја опише стратегијата на Хеленската цивилизација за време на конфликтите со барбарите – тема за која требало да раскажува во Хермократ.
Платоновиот приказ на Атлантида во Тимеј:
"... зашто е забележано во нашите списи како еднаш порано твојата Држава му застана на патот на еден моќен непријател, кој напредуваше од далечно место во Атлантскиот океан и жестоко ја напаѓаше цела Европа и Азија. Океанот во тоа време беше пловен; на почетокот од устата која вие Грците ја нарекувате „столбовите на Херакле“ (Гибралтар), постоеше еден остров поголем од Либија и Азија заедно; та за патникот во тоа време беше можно да премине од него на другите острови, а од островите на целиот континент наспроти нив, кој го опфаќаше тој вистински океан. Бидејќи се што имаме овдека, што се простира до устината (теснецот) за која говориме е очигледно само пристаниште што има тесен влез; ама тоа што се наоѓа понатаму е вистински океан, а земјата што го опкружува може со право да се нарече континент. На овој остров Атлантида постоеше конфедерација од кралеви, со голема и величествена моќ, која се прошири над целиот остров и над многу други острови кои исто така, се дел од континентот..“

Теории

Потојат многу теории за постоењето на Атлантида. Една од најреалните е дека пред 12 000 години на западниот дел од Гибралтарскиот проток, некаде околу 20-30 километри од него, постоел мал остров кој бил Атлантида.
Сама по себе, приказната на Платон е прилично едноставна, а добива на тежина поради големиот углед на луѓето кои се вплеткани во неа:
Солон, еден од седумте мудреци на стариот свет, кој го оставил својот недовршен ракопис со преводот на плочките со натписи од храмот на Неит, Египет, на кои била запишана историјата на Атлантида.
Критија, говорник, државник, поет, филозоф, жилав човек кој го наследил како семејно наследство ракописот на Солон.
Страбон, главниот хроничар на Римското царство не се сомневал во постоењето и потопувањето на Атлантида.
Крантор, следбеник на Платон и истакнат научник во Големата александриска библиотека, што била центар на науките во класичниот свет, и каде умовите од тоа време приказната за Атлантида ја сметале за настан од историјата. Крантор во 260 г. п.н.е. лично отпатувал до египетскиот храм и ги пронашол плочките со натписи кои ја потврдувале приказната.

Му
Му е име на хипотетички континент кој наводно постоел во еден од океаните на земјата, но исчезнал во зорите на човековата исорија.
Концептот и името биле предложени во 19 век од писателот Августус Ле Плонгеон, кој тврдел дека неколку девни цивилизации, како тие од Египет и Месоамерика, биле создадени од бегалците од МУ – кој го лоцирал во Атлантскиот океан. Овој концепт бил популизиран и објаснет од Џејмс Чрчвард, кој тврдел дека Му неговаш бил лоциран на Пацификот.Грахам Хенкок тврди дека уништувањето на Му се случило околу 10,000 г.п.н.е , додека Џејмс Брамвел и Вилијам Скот-Елиот тврдат дека катаклизичките настани започнале пред 800,000 години.
http://en.wikipedia.org/wiki/Mu_(lost_continent)

--- надополнето ---

Јас мислам дека не е можно така да пропадне континет :)
 

TwiNNeR

Повеќе читам, помалку пишувам
Член од
1 декември 2009
Мислења
179
Поени од реакции
100
ова мора да се некои нло платформи :)

некои багови на google earth
 
Член од
27 април 2009
Мислења
137
Поени од реакции
3
Ako e 1-2 km sirina na rovovi/zidovi ne moze so podvoden sonar da se zemaat tolkavi primeroci.
Okolu misterijata da pocekame vremeto da pokaze za sto se raboti.
 
H

HITCH

Гостин
Ako e 1-2 km sirina na rovovi/zidovi ne moze so podvoden sonar da se zemaat tolkavi primeroci.
Okolu misterijata da pocekame vremeto da pokaze za sto se raboti.
Па, темава беше оставена за времето да покаже, ама некој ја воскресна пак за да ни каже дека постојат вонземјани :pos: :pos: :pos:
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
32
Поени од реакции
0
Можеби ова што ке го напишам може да ви звучи неверојатно но целава оваа приказна потекнува од Египет. Вистина дека Платон ја напишал и се друго но Платон само ја прекажал како што ја слушнал или разбрал од Солон а пак на нему му ја казуваат ЕГИПЕТСКИ СВЕШТЕНИЦИ. А во книгата или записот на Платон е написано дека во вториот воден појас на Атлантида се наоѓале ПРИСТАНИШТА И БРОДОГРАДИЛИШТА и дека таа тргувала со поголемиот дел од ТОГАШНИОТ СВЕТ. Што значи дека таа била трговска земја. Но сигурно ке си го поставите прашањето ШТО ИМА ТОА ВРСКА СО ЕГИПЕТ?
Еве ви и одговор- Од каде Египедските свештеници знаеле за атлантида ? Тие знаеле за Атлантида од тоа што самите тие ТРГЅБАЛЕ СО АТЛАНТИДА. Од каде егиќаните дознале за градењето на пирамидите тие дознале од самите Атлантиѓани. Но дали има некој на форумов што ќе ми каже како се поврзале овие 2 цивилизации кога едната сторед Платон била во 9600 пр.н.е. потопена зад цтолбовите на Херкул а другата се создала цо 23 век пр.н.е. ?
Дали е мозно Атлантида никогаш да не потонала, тоа да е самиот Египет?

БАРАМ ОДГОВОР НА САМО ОВИЕ ПОГОРЕНАВЕДЕНИ 2 ПРАШАЊА :je:

Патем цивилизацијата на Му нема никаква врска со Атлантида во погорниов пост јас не гледам поврзаност помеѓу нив !!

Инаку мозам да ве известам дека блузку до бахамските острови се пронајдени делови од Атлантида . Пронајдена е пирамида и во нејзиното подножје е пронајден кристал кој е оставен од делови во форма од правилна пирамида. Научниците изјавиле дека немопсти нешто за што знаеме а мозе да создаде ваков вид на кристал
Па сега размислувајте и за тоа и кажете што мислите ? :baeh:
 

TwiNNeR

Повеќе читам, помалку пишувам
Член од
1 декември 2009
Мислења
179
Поени од реакции
100
Претпоставки..... :D

Можеби ова што ке го напишам може да ви звучи неверојатно но целава оваа приказна потекнува од Египет. Вистина дека Платон ја напишал и се друго но Платон само ја прекажал како што ја слушнал или разбрал од Солон а пак на нему му ја казуваат ЕГИПЕТСКИ СВЕШТЕНИЦИ. А во книгата или записот на Платон е написано дека во вториот воден појас на Атлантида се наоѓале ПРИСТАНИШТА И БРОДОГРАДИЛИШТА и дека таа тргувала со поголемиот дел од ТОГАШНИОТ СВЕТ. Што значи дека таа била трговска земја. Но сигурно ке си го поставите прашањето ШТО ИМА ТОА ВРСКА СО ЕГИПЕТ?
Еве ви и одговор- Од каде Египедските свештеници знаеле за атлантида ? Тие знаеле за Атлантида од тоа што самите тие ТРГЅБАЛЕ СО АТЛАНТИДА. Од каде егиќаните дознале за градењето на пирамидите тие дознале од самите Атлантиѓани. Но дали има некој на форумов што ќе ми каже како се поврзале овие 2 цивилизации кога едната сторед Платон била во 9600 пр.н.е. потопена зад цтолбовите на Херкул а другата се создала цо 23 век пр.н.е. ?
Дали е мозно Атлантида никогаш да не потонала, тоа да е самиот Египет?

БАРАМ ОДГОВОР НА САМО ОВИЕ ПОГОРЕНАВЕДЕНИ 2 ПРАШАЊА :je:

Патем цивилизацијата на Му нема никаква врска со Атлантида во погорниов пост јас не гледам поврзаност помеѓу нив !!

Инаку мозам да ве известам дека блузку до бахамските острови се пронајдени делови од Атлантида . Пронајдена е пирамида и во нејзиното подножје е пронајден кристал кој е оставен од делови во форма од правилна пирамида. Научниците изјавиле дека немопсти нешто за што знаеме а мозе да создаде ваков вид на кристал
Па сега размислувајте и за тоа и кажете што мислите ? :baeh:

  • Дали е можно египетските свештеници да потекнуваат од Атлантида? Или барем Египетските фараони, па затоа ги сметале за еден вид на богови?

    Инаку сличност меѓу Му и Атлантида нема ништо (освен што и двете се пропаднати во океан)


За начинот на пропаќање, што не е логично од поплава да снема континент, можно е да се појавила вулканска активност, од која следуваат земјотреси и потоа да се случело пропаѓањето. Ова ми е малце пологично
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
32
Поени од реакции
0
[a][t][k];3665195 напиша:

  • Дали е можно египетските свештеници да потекнуваат од Атлантида? Или барем Египетските фараони, па затоа ги сметале за еден вид на богови?

    Инаку сличност меѓу Му и Атлантида нема ништо (освен што и двете се пропаднати во океан)


За начинот на пропаќање, што не е логично од поплава да снема континент, можно е да се појавила вулканска активност, од која следуваат земјотреси и потоа да се случело пропаѓањето. Ова ми е малце пологично
Имам неколку работи да ти кажам
1. Египедските свештеници можно е да потекнуваат од Атлантида, или пак тие самите да го научиле создавањето на пирамидите.
2. Ова сто го каза ти бесе паметно, но според мене најпаметно е дека атлантида потонала само за тектонско движерње на земјиштето поточно со катаклизма
3. Не ми е јасно зошто сите му верувате на Платон, кога приказнава за атлантида е 3 пати прекажана еднаш се прекажувала во Египед втор пат се прекажувала од Солон на Платон и 3 пат тоа сто го запомнил платон е прекажано на нас и ние го прекажуваме меѓу себе.
4. Атлантида е скоро пронајдена како што кажав во предходниот мој пост таа не била само остров таа била скоро цел континент , од денешен Бимини до Бахамските острови.
 
Член од
28 мај 2010
Мислења
201
Поени од реакции
25
atlantida_mala.jpg

Платоновата приказна за Атлантида и описот за нејзината трагична пропаст, во тек на многу векови се сметала за легенда. И денес во научниот свет не постои единствено мислење дали оваа хипотетска цивилизација навистина постоела.Може да , а можеби не... Постојат многу претпоставки на научни хипотези за тоа дали Атлантида воопшто постоела, каде се наоѓа и зошто(и како) исчезнала од лицето на нашата планета.


Најважен извор за нејзиниот сјај наоѓаме во Платоновите “Дијалози” (Тимеј) во кои наведува приказна која за време на својот претстој во Египет ја слушнал од грчкиот филозоф Солон 583 година пред нашата ера.

Каде се наоѓала ?
Некогаш во дамнешните времиња, позади мореуз “Херкулусови столбови”(Гибралтар), забележал Платон, се протегал голем остров кој се викал Атлантида. Островот имал површина од околу 154000 квадратни милји, а на него живееле околу 20 милиона луѓе. Земјата изобилувала со топли извори, а во шумите живееле слонови и други афрички животни. Плодните равници биле испресечени со канали кои служеле како водени патишта за пренос на разна стока и земјоделски производи. За богатствата на оваа хипотетска цивилизација, зборува податокот дека нејзиниот главен град бил опколен со високи бронзени ѕидови, а дворците биле прекриени со злато и сребро.

atlantida_golema.jpg

Од 12000 па све до 9000-та година, Атлантида господарела во тој дел на светот, управувајќи со гигантското медитеранско царство, кое допирало се до Египет и Италија. Атлантите се бореле за стварање на таква државна заедница во која идеали за братство и пријателство се најголемо богатство.
Но, “еден ужасен ден и една ужасна ноќ”, наведува Платон “Атлантида ја проголта- морето !...”
Од тогаш до денес се напижани преку 20 000 книги во кои се изнесуваат безброј претпоставки. Една од последните ја напишал австрискиот инжињер Ото Хенрих Мук, човек со широки погледи.
Мук нагласува дека Платон ја зборува вистината и додава дека Атлантида можела да се наоѓа во близина на Азорските острови, кои лежат на одалешеност од 12000 километри од Европа.

Што запаметил Кромањонец?
Ако е тоа така, оваа сјајна импаерија сигурно имала свои клонии на Стариот континент, али каде се? Примитивната керамика и примитивното оружије на Неандерталците зборува за тоа дека Европа во тие дамнешни времиња сеуште го преживува каменото- време! Мук обрнал внимание дека Кромањонецот , кој бил со поголем раст и многу поголемо културно ниво од Неандерталците живее отприлика во исто време со Атлантите. Извонредните слики на убави луѓе со бронзена боја на кожата, во пештерите на Шпанија и јужна Франција денес се препишуваат на визии на човекот од Кромањон. Неговите украси, орудија за работа и други предмети, биле направени многу повешто и со многу повеќе уметнички вкус од неандерталските. Со други зборови ,тоа се остатоци од една многу високо развиена култура, која претставува контраст во однос на примитивниот начин на живот на неандерталскиот човек!

Истражувајќи ги гробовите на Кромањоните, Мук изнел претпоставка дека тие биле жители Атлантида. Тој обратил внимание на следниот факт: огромни области од Европа за време на хипотетичката цивилизација биле сеуште прекриени со снег и мраз бидејќи глечерите почнале да се топат и исчезнуваат дури во 11.-от милениум пред новата ера. Зошто?
Зошто топлата Голфска струја, која денес го загрева брегот на Европа, тогаш не функционирала?Можеби во тоа ја спречувала некоја голема природна преграда-Атлантида, се прашува Мук и додава дека Голфска струја го заплискува брегот на легендарниот континрнт, и токму таа ја створила благата клима за која со одошевување зборува Платон?! ...Постојат ли докази за такво тврдење?
Да , постојат!

Според мене тие би биле некој вид на Грци/....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom