проф.
Величието е едноставно..
- Член од
- 12 април 2009
- Мислења
- 387
- Поени од реакции
- 9
Во многу митологии (верувања) има Бог што се раѓа - умира и тоа циклично.
Таков е случајот со Озирис
(Според египетските верувања, Озирис имал божествено потекло, го снашла смрт, и бил осакатен од раката на злото, а по голема борба со овие сили и со помошта на Боговите тој повторно оживеал, и од тогаш станал цар на подземјето и судија на мртвите, а и бог на воскресението. Бил издигнат на толку високо место на небото што станал еднаков, а во одредени случаи и надмоќен од Ра, Богот-Сонце. Бил еден од најбитните богови во египетската религија и заземал видно место и во најстарите погребни книги и во ,,Книгата на мртвите". Исто така, бил еден од деветмината богови на Енеадата од Хелиополис.)
Енеада
Најважна од египетските Енеади е тн. Голема Енеада (наречена уште и Енеада од Хелиополис); во која се вклучени Атум, првиот бог, неговите деца Шу и Тефнут и нивните потомци Геб, Нут, Озирис, Изида, Сет и Нефтида.
Потеклото на оваа група останува нејасно. Теориите до средината на 19 век постулираа дека свештениците од градот Хелиополис ја воспоставиле оваа Енеада со цел нивниот локален сончев бог Ра да се издигне над другите божества како што е на пример Озирис. Сепак, повеќето египтолози се сомневаат во тоа. Но речиси е сигурно дека Големата Енеада најпрво се појавува за време на опаѓањето на култот кон Ра, во текот на шестата династија, па по нејзиното воведување култот набргу остварил голем препород.
Дионис
Еден од најпочитуваните култови сред античките Македонци бил оној посветен на богот Дионис. За него сведочат наративните и материјалните извори. Притоа, во групата на материјални извори се вбројуваат артефактите со ликовни претстави на богот Дионис, неговите „верни другари“ Пан и Силен, како и ликовните претстави на Менадите т.е. Бахамтките – свештенички и придружничи на богот вљубеник во добрата капка вино.
Главната роља во култот на Дионис ја имале Менадите (Мајнадите, Бахамтките) кои во Македонија се посведочени низ неколку имиња: Клодонки, Мималонки и Макетаи.
Сред македонските жени особено популарни биле оргијастичките свечености во чест на култот на Дионис. Тие за време на овие свечености се облекувале како мажи, „оргијале“, вршеле разни магиски ритуали и сл. Во овој контекст треба да се нагласи дека оргијастичките ритуали се белег за малоазиската и македонската, но не и за хеленската, религиска пракса и култови. Како што соопштуваат античките извори, и мајката на Александар Велики, Олимпијада, била посветена на свеченостите поврзани со култот на Дионис.
Интересно е да се каже дека во античка Македонија, култот на Дионис е тесно поврзан со ритуалното преправање и ловот. На ова упатуваат двата епитета кои ги носи македонскиот Дионис: agrios (криење на богот во полето) и erykriptos (учеството на богот во ноќниот лов маскиран во кожа од елен).
Според мислењето на повеќето познавачи на оваа проблематика, една од најдобрите ликовни претстави на богот Дионис, најдена на македонско тло, е вотивната плочка од Стоби. На оваа плочка, датирана во III век, е претставен богот Диалис (Дионис). На плочката, заедно со Дионис, прикажана е и една од неговите придружнички (најверојатно Деметра), која има тирс (стап со бршлен на врвот) во десната и грозд во левата рака.Од доцно хеленистичко време датира и еден друг релјеф пронајден во Стоби. На него е претставен Пан – придружникот на Дионис – со Нимфи. Во сличен стил е изработен релјефот на Дионис со Музите најден во античкиот театар во Охрид, датиран во I в.пред Ис.Хр.
И Дионис и Озарис се богови кои циклично умираат за пак да се родат