Каде е топката на децата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Локација
Скопје
Саботно пладне, топло сонце и прекрасно време. Две деца од по 8,9 години се сретнуваат по улица. Се поздравуваат и по 2 реченици си кажуваат "Ај ке си позбориме на MSN" и си идат накај дома пред својот компјутер. Се повеќе деца се затвараат дома пред компјутерот и го живеат својот социјален живот преку интернет. Во годините кога се слободни од сите обврски и треба да си уживаат во времето надвор со другарчињата тие се кријат дома и си комуницираат по msn.

Се поретко пред зграда го слушам детскиот џагор, звукот на топката во игрите кои како мал секојдневно ме тераа да бидам надвор во природа.
Каде ги снема игрите на децата и зашто се повеќе се дома затворени?
 
Дои кај мене пред зграда да видиш која зоолошка е:smir:
Токму поради истите причини од кои сега ти не си надвор, на убавово време да шеташ. Електронскиот свет (компјутерите посебно) завземаат се поголем замав. Достапно ти е се’ што ќе посакаш оддалечено од тебе на само неколку кликови.
Е сега, кога на “децата“ им се дало како опција компјутер уште на 3 години наместо топка, нормално е дека се помалку ќе ти пиштат пред зграда...
Не знам како е кај тебе, но знам дека голем дел од овие пиштаџииве кај мене пред зграда од бебиња се надвор меѓу луѓе, а не седат дома со тато и мама на компјутер или пред кабелската.
Се’ е всушност од она кое ќе ти го посочат родителите додека си многу мал. Јас компјутер добив крај на 4то, но тој период кој поминал претходно бил доволен за да ми покаже дека треба да кликнам на одјави се, да идам на трн оф, или да оставам на скирнсејвер и да излезам да прошетам на воздух...
 
ееее тоа ти е...мене ми купија ПЦ на 12години:toe:и нормално,пред и по купувањето, топката и фудбал со другарите у ливада.....али гледам денес,деца 3то одд седат на ПЦ, по мсн се допишуваат...нема да се развијат без малце спортување бе алооо!!!:vozbud:
 
Зависи од децата според мене. И јас имав компјутер и интернет од рани години, но до ден денес гледам колку што можам поретко да седам на него. Поради би одела на пливање, а сега како што се разубави времето го користам максимално за точакосување по кеј, додека нема уште гужви и гадни мушички :).
На некои деца им е поинтересно да дремат на компјутер, на некои да се надвор по цел ден, на некои па ништо од ова и така.
 
Зависи од децата според мене. И јас имав компјутер и интернет од рани години, но до ден денес гледам колку што можам поретко да седам на него. Поради би одела на пливање, а сега како што се разубави времето го користам максимално за точакосување по кеј, додека нема уште гужви и гадни мушички :).
На некои деца им е поинтересно да дремат на компјутер, на некои да се надвор по цел ден, на некои па ништо од ова и така.

Сега зависи до кога возраст сметаш деца, но не мислиш дека родителите треба да бидат повеќе засегнати за ова.

Не е убаво по цел ден на интернет и игрици, штетно е. Јес да им е интересно но што разбираат.
Цело лето ќе немаат нет да имам деца. :pipi
 
Сега зависи до кога возраст сметаш деца, но не мислиш дека родителите треба да бидат повеќе засегнати за ова.

Не е убаво по цел ден на интернет и игрици, штетно е. Јес да им е интересно но што разбираат.
Ех, да имам деца..


:kesa:

Сите мислиме, но некако родителиве денес се` почесто ја губат контролата врз децата нивни. Секоја чест на исклучоци :)
 
Кој си праи за себе си праи:back:
 
ќе повторам една реченица шо ја кажвам стално: „нашето помина , а овие генераци шо идат се подамбетер се„.
кај знаевме ние на 8 години шо е компјутер , нинтендо да имаш беше премија, па и нинтендото ко го имавме, ќе поиграш 1 сат или 2 и пак шибај надвор и играј фудбал. јасно е дека се менват времињата и дека овие сега се „комјутерски„ деца ама треба секој родител да си превземи мерка колку време детето му седи на компјутер
 
Абе гледам и брат ми, се договараат у школо ДОТА ке играле преку интернет, ке играле Кантер, се се по компјутери се гледа тоа. Ама па кај некој е друго, кај некој па си сака тоа друштво да оде надвор да игра има ги повеќе примери. Сега владеат компјутериве, прано што НИНДЕНТО како што вика членот над мене и точно тоа беше. Има различен свет ..
 
Сваќам компјутери и ја играм ама па цел ден никад.Ја не знам да ги нема компјутериве што ќе праат децава.Еве мои другари ќе излезеш вечер.
-Еј ме мрзи ќе дремам на мсн.
На вакво време да не излезеш жално е поготово сеа овие месеци.Али ај ќе свати кога ќе порасне ама прекасно ќе е и ќе свати кој кретен уствари бил.
 
Штета, веќе нема на кој да му ја дупам топката. :`(
 
Зошто да стојам кога можам да седнам, море зошто да седнам ко можам да си легнам.
 
Во мое време, најчеста причина за тепачка во маало беше која екипа е на ред да игра на кош или кои екипи се на ред да играат фудбал, сервис...Сме дремеле со саати на игралиште ред да фатиме да влеземе да поиграме и да се истрчаме. Доаѓаш дома од школо, фрлаш ранецот, правиш сендвич евентуално во брзање и излегуваш да играш. Сега, кога и да пројдам, нема никој на кошот, фудбал чат пат, ама повозрасни играат, децата го нема.

Генерации - трагедија
 
Кога јас бев дечиште дома слика требаше да им оставам за да не ме заборават како изгледам .... еве сега децава гледам само пред компјутер дремат и од куќа само за на школо одат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom