Владини мерки против дестабилизација

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Очигледна е зголемената медиумска активност во насока на хушкање на владата, растурање на коалцијата, активирање на ретроградните сили кои беа поразени во ВМРО-ДПМНЕ а кои ја формираа ВМРО-НП, стварање на филм на пропадната држава која има фашистички режим.
Фабриките го чекаат знакот на Папата, да не помислите на вистински фабрики, овие се за перење мозок.

Како може да се одговри на перална на мозок ?

1. Финансирање на невладин сектор кој ги брани традиционалните вредности на ова опшество, македонскиот идентитет и македонската традиција и историја од антика до денес.
- Притоа партиската припадност да не биде предуслов.
Има прекрасни невладини организации чии проекти дремат неисполнети само затоа што се на браникот на татковината, а не се на плажите на Халкидики каде лесно се добиваат пари за проекти со спротивни цели.
Отстапување на медиумски простор барем еднакво на тој што се дава на Геровски и Милчин за презентирање на националната мисла и идеа.

2. Засилена економска активност преку инвестиции во инфраструктура и енергетиката.Тендерите паѓаат поради лични и партиски интереси, многу проекти пропаднаа поради тоа, ЕЛИМИНИРАЈТЕ ГИ ТИЕ ИНТЕРЕСИ.

3. Стварање на реални услови за домашните инвеститори преку давање на локации ослободени од комуналии, државно финансирање во инфраструктура за тие економски зони, ослободување од давачки во првите 5 години за тие кои се извозно ориентирани, кредити поповолни во однос на тие од комерцијалните бакни со грејс период.

4. Реформа на државната администрација и минимизирање на партиските влијанија.

5. Судството.
Судството во овој момент е претворено во заштитник на прљавиот капитал кој се стекна од криминалната приватизација.
Денеска во оваа држава ако си должник заштитен си како англиска кралица.

6. Медиуми.
Мора државата да створи услови да се појавата независни медиуми, да може оваа комуњарска стега околу нашите умови да се разбие веќе еднаш.

7. Земјоделството, неможе на еден декар нива, 10 култури да се садат.
Типизирање на производстовото, негово окрупнување, стручна подршка во смисла на употреба на ѓубрива, заштита, и современи начини на производство.
Стварање на бреднови од нашето земјоделско производство.

Владата во овој период мора да го искористи секој атом на здравата интелктуална енергија за да се соочи со предизвиците кои со враќањето на ретроградните политичари од типот на Бранко и Љубчо ќе пробаат Македонија да ја вратат во времето на 12 директори и останата ситна буранија.
За ситната боранија тогаш имаше само средн прст и да ми се фатите за .....
 
ke ti se fatat slavjanski ke ti se fatat i ke ti go skinat...:) a be da imaat zelba da ja angaziraat do posleden atom intelektualnata energija koja sega vetree okolu...ne bi pravele nedovetni gluposti sekoj den i ne bi plasele narod so baba roga branko....:)
 
медиуми ?
лол
не ви се доволно сител,вечер,нова македонија и канал 5 у последно време ?

Инаку што очекувате вие да ве тинтраат ?медиумите служат за да ве критикуваат бре деца отворете учебници
 
Славјански, а дали си помислил дека на ВМРО можеби им одговара оваа состојба?

Една антитеза вели дека СДСМ им прави услуга со нивното дејствување, па со самото тоа им дава изговор да останат на власт.

Според тоа, зошто некој во ВМРО би бил заинтересиран да ги разреши еднаш засекогаш комуњарите?

Мислиш дека повеќе им е грижа за земјава или за партијата да биде на власт?

Доколку било кој од нив имал намера да работи во корист на народот и земјата досега немаше да бидеме кај што сме.
 
Уште од кога ја отвори темава се мислев истото ова да му го напишам(не баш исто ,ама слично де) ама се воздржав само поради фактот дека одма ќе ме обележат ко партиски војник.
Инаку јасно е ко бел ден дека и двете опции во своите владенија повеќе се занимаваа со опозицијата и нивните партиски фирми одколку за подобрување на социјалниот живот на народот.
 
Славјански, а дали си помислил дека на ВМРО можеби им одговара оваа состојба?

Една антитеза вели дека СДСМ им прави услуга со нивното дејствување, па со самото тоа им дава изговор да останат на власт.

Според тоа, зошто некој во ВМРО би бил заинтересиран да ги разреши еднаш засекогаш комуњарите?

Мислиш дека повеќе им е грижа за земјава или за партијата да биде на власт?

Доколку било кој од нив имал намера да работи во корист на народот и земјата досега немаше да бидеме кај што сме.

Дали ова ни е доказ за С.Д.С.М.Д.П.М,Н.Е една партија,или еден кувар ги котролира и двете партии,кој би бил тоа,а ние ура ВМРО,ура СДСМ,
,,исти курац у различито пакување,,
Морам да признаам дека има вистина,само народот кога ке го пронајде куварот,кој нашите премиери и претседатели сите овие години од 1991 му прават запрашка,кој подобра тој новиот,и се така вдодека не се појави колективниот ,,ум,,во Македонија на ова тематика,дали ние ке го доживееме .............................................................................
 
Славјански, а дали си помислил дека на ВМРО можеби им одговара оваа состојба?

Една антитеза вели дека СДСМ им прави услуга со нивното дејствување, па со самото тоа им дава изговор да останат на власт.

Според тоа, зошто некој во ВМРО би бил заинтересиран да ги разреши еднаш засекогаш комуњарите?

Мислиш дека повеќе им е грижа за земјава или за партијата да биде на власт?

Доколку било кој од нив имал намера да работи во корист на народот и земјата досега немаше да бидеме кај што сме.

Никој во Европа не ги разреши.
Знаеш зошто ?
Зошто се систем кој се адаптира побрзо од камелеонот.
Тој систем го имаш во судството, полицијата, медиумите, економијата итн....
Само преку создавање на систем на ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ ќе ги пратиш комуњарите на периферијата на опшеството каде и припаѓаат, обични шверцери, шиткачи.
 
Никој во Европа не ги разреши.
Знаеш зошто ?
Зошто се систем кој се адаптира побрзо од камелеонот.
Во врска со болдираново не ми јасно за кого зборуваш. За сегашната или минатата власт ?
 
Овде е одговорот на проблемот,ако не му се свига на куварот Александар,нема никој од париите да го спомени.
Значи се бара дупка за народот да не се обедини и секогаш на некој нешто што ке предложи,другиот ќе го успори,и никогаш нема заедничко да пронајдеме што сите нас граганите ќе не обедини,и да кренеме конечно без овва беда и сиромаштија.Секогаш ке се3 најде некој нешто да успорува,протести,митинзи,со цел да ни се скрени внимание,да се избришат мемориите наши.
пр,колку брзо заборавивме за прокредит - банка,еден протест и толку.
 
Па тоа е тоа бе, кај нашите политичари се' е декларативно.

Ете сега Груевски ќе отворел “Музеј за жртвите на комунизмот“ !?!?!
Пази јбт, од кога тоа една идеологија само по себе прогонувала, репресирала и егзекутирала политички неподобни?

Па оној што се затскривал за идеологијата и во нејзино име вршел злосторства врз народот има свој личен идентитет - ИМЕ и ПРЕЗИМЕ.
Неможе да се осуди само една политичка идеологија, бидејќи со тоа вистинските виновници ќе поминат неказнети.

Исто би било кога наместо а ги ловат генералите и докторите на Хитлер и да ги осудуваат, можеле комотно да го обвинат фашизмот и завршена работа.

Затоа кога ќе видам дека навистина ВМРО почнало да ги решава оние кои треба да сносат одговорност ќе можам да имам комоција дека ете.. некој се грижи за земјава и нејзините интереси. Додека ги оставаат да шетаат слободно и да ја саботираат земјава, сносат заедничка вина.
 
Во врска со болдираново не ми јасно за кого зборуваш. За сегашната или минатата власт ?

Треба да разграначиш луѓе кои се комунисти и луѓе кои го искористија комунизмот во лични цели а кои ние си ги нарекуваме комуњари еквивалент на врховисти.

Пример во ВМРО-ДПМНЕ ти се Доста Димовска, Љубчо Георгиевски...

Ти ќе ми ги кажеш од СДСМ ?
 
Еве ви уште една против мерка за дестабилизација на државата, нека прекинат да им ги собираат парите на АЦВ за да го полнат буџетот .

Македонското небо в четврток под блокада. Од 11 до 17 часот нема ниту полетувања ниту слетувања и на Скопскиот и на Охридскиот аеродром. Контролорите на лет стапуваат во штрајк откако не успеаја да ги убедат властите да ја спречат Управата за јавни приходи во намерата присилно да врати 10 милиони евра пари од сметката на Агенцијата за цивилно воздухопловство што ги собирала 6 години по основ на поврат на ДДВ.

Штрајкот на контролорите на лет е сериозен удар врз работата на туристичките агенции посебно во ова чувствително време на глобална криза. В четврток се реализираат аранжманите за велигденските патувања. Агенциите во паника, бараат штрајкот да се одложи, во интерес на патниците.

Контролорите пак не попуштаат. Велат, имаат право на штрајк, а агенциите и патниците да бараат одговорност во Управата за јавни приходи.

Отворената војна меѓу воздухопловните и даночните власти може да го доведе во колапс авиосообраќајот. Контролорите се надеваат дека до четврток ќе изнајдат заедничко решение со Владата пред крајниот рок УЈП да го наплати долгот.
 
Никој во Европа не ги разреши.
Знаеш зошто ?
Зошто се систем кој се адаптира побрзо од камелеонот.
Тој систем го имаш во судството, полицијата, медиумите, економијата итн....
Само преку создавање на систем на ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ ќе ги пратиш комуњарите на периферијата на опшеството каде и припаѓаат, обични шверцери, шиткачи.

Се согласувам, ко камелеони се.
Ама знаеш што се случи во повеќето пост-комунистички земји?

Народот одеше на барикади, гинеше под тенкови, јадеше ќотек од полицијата додека не им успеа притисокот да го променат системот на размислување и да бараат резултати од тие што се на власт.

А Георгиевски со тогашното вмро во почетокот на 90тите им ја подари власта, а со тоа и судбината на земјава на комунистите кои беа на власт претходни 50 години.
Затоа сега ние се соочуваме со оваа ситуација.

Некој ќе ми прокења после ова што ќе го речам, ама има само едно решение и прилично е брутално.
Да им се свирне куршум на 3-4 за да почнат другите да испорачуваат резултати.
 
Треба да разграначиш луѓе кои се комунисти и луѓе кои го искористија комунизмот во лични цели а кои ние си ги нарекуваме комуњари еквивалент на врховисти.
А како ги нарекуваш сегашниве владетели и нивните методи на владеење ?
Пример во ВМРО-ДПМНЕ ти се Доста Димовска, Љубчо Георгиевски...
И погла багра околу врвот на дпмне која енормно се обогати во изминативе три години.
Ти ќе ми ги кажеш од СДСМ ?
Ништо, освен дека 2010 или евентуално 2011-та ќе има предвремени парламентарни избори :toe:
 
А како ги нарекуваш сегашниве владетели и нивните методи на владеење ?
И погла багра околу врвот на дпмне која енормно се обогати во изминативе три години.
Ништо, освен дека 2010 или евентуално 2011-та ќе има предвремени парламентарни избори :toe:

Затоа нема да мрднете ниту милиметар, вие во самата СДСМ немате критична мисла.
Тоа ти е исто како јас денес да го бранам Љубло Георгиевски.
2012 се изборите.
Се пред тој датум избори може да се добиат со политичка дестабилизација.

И сега некое име нечесно од СДСМ нема да ми кажеш, или сите се поштени ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom