Да, знам Боби. И уште првиот пат кога јадеше ќотек на плоштад јас го осудив тоа на темата која се отвори овде.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=2382177#post2382177
Но сега сум изнервиран од начинот на кој што лицемерните СДС се шлепаат на грбот на студентите, повторно. А со тоа и важноста на денешниот протест некако бледнее кога ќе ги видам фаците на истите политичари кои задушуваа протести во не толку далечното минато.
Браво за првиот дел од постот (кој не е цитиран). Одлична забелешка. Реална, за жал.
А лицемерните СДС или ДПМНЕ, или по ѓаволите веќе било кој политички субјект олицетворен во партија, постојат со цел да те убедат тебе и мене дека не Бог ами тие го створиле светов и тоа не за 7 него за 2 дена (по еден за секоја партија).
Ти кој е лицемер запомни и цени. Јас на пример, Героски го сакам колку шо се сакаат кит и планктон, поради гротескните декларативни застапувања на некои негови ставови, но шо да му речам ако излезе на плоштад кога јас барам право во форма на овозможување пацифистички епилог на истиот мој начин на искажување став на јавен простор? Да му речам: Бегај Геро да не те видам, ме курчиш со колумните и сметам дека си платеник?
Се дури не се колективизираме на едно ниво над се познато досега, без премногу емоции и прагматично, без непотребна љубов, но со почит, без оглед на националност, вера или социјална припадност,се дотогаш за нас се ќе биде дело на Јинг или Јанг, додека мирно и неприметно ќе бидеме премачкани со вазелин на „задна врата“ од истите Јинг и Јанг, кои и покрај тоа жолчно ќе ги браниме и во нивно име ќе се караме меѓу себе, уште повеќе оддалечувајќи се од колективното кое може да не придвижи чекор понапред, ако не реално, барем фиктивно, генетски, психички.