Пријателе,нити некој зборува шпански нити арапски.Она првото ќее.Мислам не го разбра добро АБЦ.Но точно е дека не се работи ни за Фијат низа Велија ни за Св.Падапија туку за Струга и за Стружани.Обично јас кога се контрам со некој на подфорумов го враќам некое време поназад да удриме право в корен што би се рекло.И тогаш знаеш какви одговори добивам?"Абе тоа поминало гледај за сега и за иднината".Е ама секоја сегашност си има своја историја.И тогаш ме обојуваат како портокалов(иако јас незнам ни каде му е штабот во мојот град)ваков онаков.И сега мислам насетуваш што сакам да кажам.Кој му забрани на Стружани да живеат како во свој дом?Каде беше Македонија кога се кроеше територијалната поделба?Се сеќаваш дека некои прашања не заслужуваја одговор?Да не направеше Ушло такви мајмунлаци сега ќе го имаше ова?Не би требало ништо да те изненадува сега околу пазарот бидеќи денес сее пазар па не ДИК, не Уставен суд, ама буквално се.Проблеми во Струга имало секогаш ама свој замав зедоја после територијалната поделба.И на крајот ЗОШТО ФИЈАТ НЕ ГИ СОБРА СИТЕ МАКЕДОНЦИ ПА ДА ГИ ОДНЕСЕ ВО СКОПЈЕ ПОСЛЕ СРАМНАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА.Но нее само ова.По некоја година и Кичевчани ќе ги снајде истата судбина.
Е ај сега јас тебе пријателе да ти појаснам малку во сегашново време..
Читај сега..
Ова што јас го пишувам ама нема апсолутно никаква врска со тоа во 2002 година иако многу од вас го кажуваат тоа тогаш и ова сега како последица..
Немој да ме разбериш погрешно.. не дека сум којзнае колку за таква поделба на Струга, но овде не е проблем за таа поделба, односно за тие споени села со кои албанците добиваат мнозинство.. и мене тоа тогаш не ми се допаѓаше.. но што е суштината на проблемот?
Оние кои не сакаат да го решат (читај власта), која ја има целосната моќ, вика тоа е производ на владеењето на СДСМ и децентрализацијата која тие ја спроведоа..
Ама ако малку подобро го разгледаш проблемот ќе го видиш следното..
И со таа таква децентрализација, каква и да била, ако во овој втор круг се гласаше нормално, Македонците заедно со заедницата на Фијат Цаноски ќе ги победеа Албанците..
Сега незнам колку жители има Албанци наспроти Македонците со останати во Струга, но изгледа се случил некој бојкот кај Албанските гласачи така да сите тие не излегле да го подржат кандидатот на ДУИ (што е многу нормално, некои се за ДУИ, некои за ДПА, некои за Селмани, а некои ич не ни гласаат, знаеме дека многу малку излегоа во втор круг), додека од друга страна Македонците излегле масовно, и кога некој увидел дека поради неизлегувањето на Албанците можно е Македонците на чело со Цаноски да добијат
направил фалсификат и невидено криминално дело со гласовите!
Значи овде се работи за протест на Стружани против ова криминално дело, не се работи за протест против децентрализацијата! Затоа после имавме случаи кај Албанците од типот баткава оди на гласање и му викаат - ТИ ВЕЌЕ СИ ГЛАСАЛ! Знаеш ли тоа што значи? Значи дека голем дел од нив си седеле дома, а имале гласано! Тоа другари мои нема врска со таа ебена децентрализација.. ако излезат сите албанци бујрум еве ви градоначалник, но ако веќе и тие не си го сакаат зошто тогаш некој друг да им кажува на стружани кој да им биде градоначалник?
Ај сега за последен пат да ве прашам на сите дали ви е појасно за што се работи овде, а што некој друг сака да ги изврти работите?