M
marsovka
Гостин
Државната изборна комисија воздржана од решение
Со воздржаност при гласањето членовите на ДИК се дефинираат како политички репрезенти на партии, а не како независни правни експерти, кои треба да решаваат правни спорови, сметаат експертите
Принципот на воздржаност е есенцијална политичка категорија и изразува политички став. Во Државната изборна комисија можеби седат политичари, но тие не се тоа. Затоа, нејзините членови мора да се изјаснуваат и да решаваат, зашто со воздржаноста манифестираат политички мотиви и ништо повеќе, сметаат експертите.ДИК во законски предвидениот рок решаваше по поднесените приговори за вториот круг од локалните избори. Од вкупно 95, прифати само два од кои еден на ДУИ за едно гласачко место во Арачиново и еден на ПЕИ за Струга за гласачко место во село Заграчани.
ЧУДЕН СООДНОС
Но, одлучувајќи за приговорите за Струга, најмногу од нив беа одбиени со чуден сооднос при изјаснувањето на членовите на ДИК - еден „за“, еден „против“ и петмина воздржани.Фијат Цаноски, претседател на ПЕИ и кандидат за градоначалник на Струга, вчера не ја криеше изненаденоста од одлуките на ДИК. Според него, начинот на гласање само потврдил дека во заднината има политички договор.
- Само претседателот на Комисијата гласаше „за“, зашто тој знаеше што се случува во Струга на денот на изборите со оглед дека постојано контактиравме телефонски. Не баравме поништување на изборите, туку отворање на избирачкиот материјал. Ако тоа ги потврдеше нашите обвинувања за нарушувања на избирачкиот процес, во ред, ако не, ќе му ја честитавме победата на противкандидатот. Индикативно е што прексиноќа, откако членовите на ДИК го отворија избирачкиот материјал за едно гласачко место и видоа дека има нерегуларности, ги поништија и веќе донесените првични одлуки за иста постапка и на уште три гласачки места. Им беше страв, зашто самите видоа дека има неправилности - вели тој.Вчера ПЕИ ги подготвуваше жалбите на одлуките на ДИК до Управниот суд, а Цаноски беше дециден:
- Се надеваме дека Управниот суд не е политички суд, во каков што се претвори ДИК.Во случај на негативни одговори и од Управниот суд, тој најави дека како партија ќе ги известат меѓународната јавност и судот во Стразбур за нивната оценка дека изборите во вториот круг биле мирни, но не и фер и демократски.
ЗАКОНСКО ПОКРИТИЕ И ЕДНОСТАВНИ ПРАШАЊА
Поранешниот член на ДИК, Александар Даштевски, вели дека членовите на Комисијата имаат законско покритие за воздржаност при гласањето, но оти практика било при носењето на одлуките да се изјаснуваат или за или против.
- Една од препораките на Венецијанската комисија беше одлуките во ДИК да се носат со консензус. Сега, веројатно, нејзините членови постигнале консензус за воздржаност - вели тој.
Според, исто така, поранешен член на ДИК, кој сакаше да остане анонимен, не е вообичаено за изборната администрација, особено за нејзиниот највисок орган, да гласа воздржано, зашто таа постои за да ги решава споровите. Тој поставува едноставни прашања - што ќе се случело ако сите седуммина члена биле воздржани, со оглед дека е мала разликата до петмина, и што ќе се случи ако во второстепена постапка судии од Управниот суд гласаат воздржано?
- Принципот на воздржаност е политичка категорија и со тоа се изразува политички став. ДИК не е политичко, туку правно тело. Со воздржаност при гласањето неговите членови се дефинираат како политички репрезенти на политички партии, а не како независни правни експерти, кои треба да решаваат правни спорови. Ако тие имале искрени намери да утврдат дали имало неправилности при гласањето, наједноставно би било да го отворат избирачкиот материјал и да го споредат со поднесените записници - категоричен е нашиот соговорник.
Од формално-правен аспект, одлуките на ДУИ, барем кога станува збор за изборите за градоначалник во Струга, остануваат покриени. Во официјалните записници, во најголем дел од гласачките места и од Општинската изборна комисија, недостасуваат забелешките на набљудувачите и на претставниците на ПЕИ. Објаснувањето се сведува на отворените закани од приврзаници на кандидатот за градоначалник на ДУИ, неприсуство во избирачките одбори и блискоста на општинската изборна администрација со победникот во Струга. Но, Даштевски забележува:
- На ПЕИ очигледно и' недостасува изборно искуство. Покрај регулативата, изборите се и еден вид борба меѓу поспособните и подобри познавачи на правилата и оние што се неопитни во тој поглед.
Предраг Димитровски
Има нешто што не е исполитизирано и испартизирано во државава?
Линк