Иванов ќе бира советник Албанец

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
abe mora gjorge ivanov da ima albanec za sovetnik...neli makedonija e multietnicka drzava
 
Иванов ќе бира советник Албанец со Али Ахмети


Во кабинетот на новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов, ќе има место и за советник Албанец.

Се работи на екипирање на неговиот кабинет, но се уште не се објавуваат имињата на евентуалните советници. Кој ќе биде советникот Иванов ќе одлучи по консултациите со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Набрзо ќе реализираме средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, така да, се ќе биде во ред“, рече новоизбраниот претседател.

Иванов уште еднаш повтори дека е избран за претседател со помош на гласовите на Албанците.

„Јас сум избран од сите граѓани, бидејќи гласањето беше тајно и не знаеме кои гласови и од кого беа за мене. Јас го освоив мнозинството, го постигнав цензусот, ја имам легитимноста. Многу мои колеги Албанци, ми се јавија да ми честитаат за победата, исто и голем дел од академската заедница и на сојузот на студентите Албанци, изразија поддршка за мојата кандидатура, и гласале за мене“, додаде Иванов.

Извор:http://alsat-m.tv/mk/index.php/vesti/zemja/12242.html



И како што реков АЛБАНЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОЗИТИВНО ИЗНЕНАДЕНИ од НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ...

Работите почнаа да се движат во таа насока и тоа е добро така...

Од друга страна добро е што Иванов после изборот не е оспоруван од Албанците иако многумина не гласаа...



Па нормално дека не е оспоруван од Албанците и нормално дека го гласале затоа што виделе каков чевек е и дека е тутуле бале и дека че игра како тие што че свират а тоа нив им одговара
 
Гледам државава со етничкиот клуч отидена е напред у три лепе никој неможе да ја стигне.

Што е бе тоа Албанец во Македонија, зошто таква поделба ?

Зошто да нема повеќе кои се со албанско етничко потекло ама се Македонци со сите атрибути на државата?

Ако се способни ако ги бива.

Етнички клуч во полиција, војска, државна управа.

Па ќе ти шетаат криминалци во сред центар, е ќе шетаат.

И така саката администрација си мислевме од ова подоле нема, кога се изненадивме дека има и подолу од тоа кога на шалтер некој ќе те дочека со Ааааааааааа.
 
Мене нека ме избере, нема да згреши:)

И онака сум слободен граѓанин...

Само Ахмети нека не му предложува аман... Неговите предлози се катастрофални... пример Буџаку...

треба некој паметен и образуван ...
 
Ако бе, нека има аЉбанец за советник и така во нишо не се разбираат, ќе биде само декорација.
 
Чек бе како ова коалицијата ќе му бира советници на претседателов,та нели е непартиска личност претседателов?
 
Чек бе како ова коалицијата ќе му бира советници на претседателов,та нели е непартиска личност претседателов?


Он е непартиска личност, ама КОАЛИЦИРА со ВМРО ДПМНЕ, ДОМ, ЛДП и ДС:pos2:
 
Он е непартиска личност, ама КОАЛИЦИРА со ВМРО ДПМНЕ, ДОМ, ЛДП и ДС:pos2:


аааааа е тогаш ок е, него што претседател ќе беше ако незнае да си избере сам барем советници кои ќе работат 24 часа со него и за него.Или ова со бирањето советници е за да биде подобра контролата на коалицијата врз претседателот ?
 
аааааа е тогаш ок е, него што претседател ќе беше ако незнае да си избере сам барем советници кои ќе работат 24 часа со него и за него.Или ова со бирањето советници е за да биде подобра контролата на коалицијата врз претседателот ?

Абе како и да е, сигурно ќе е подобар од Бане и Киро. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom