Вооружен грабеж во Про Кредит банка

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Три дена по кражбата на 50 илјади евра во Прокредит банка, освен двете возила полицијата и денеска не успеа да уапси ниеден од седумте осомничени.
Портпаролот на полицијата Иво Котевски, за Алсат-М рече дека МВР е во постојан контакт со косовските колеги, за да ја фатат криминалната банда, бидејќи се сомнева дека тие избегале на Косово.

Полицијата ги истражува пронајдените возила близу граничниот премин Блаце, а ги проверува и снимките на безбедносните камери во Прокредит банка. На прашањето дали уапсениот Арслан Нуиши од село Грчец, од Скопје има врска со групата што ја ограби банката, портпаролот на МВР Иво Котевски рече дека не се исклучува таква можност.

„Станува збор за лице кое што и е добро познато не само на македонската полиција туку на голем број полиции и во регионот и во Европа така што барем засега не можеме да исклучиме негова инволвираност или логистика на лицата кои што го извршиле грабежот на прокредит банка, но засега не можеме да ги потврдиме овие информации.

Izvor ALSAT-M
 
Ало разбојници..крадци и криминалци...членови на паравојски ..
јатаци во униформи петоколонаши на УВР МВР СВР
Вакво сценарио и Die Hard акција за само 50 илјадарки...
Вие сте црни овци и жива срамота во света на Дилинџер
 
Ало разбојници..крадци и криминалци...членови на паравојски ..
јатаци во униформи петоколонаши на УВР МВР СВР
Вакво сценарио и Die Hard акција за само 50 илјадарки...
Вие сте црни овци и жива срамота во света на Дилинџер

Можеби беа тешка сиромаштија... можеби за леб страдаа. Сега ќе имаат и за леб и за млеко и маргарин и масло....
 
хахахаха кој кради не проси :)))
кој му ја мисли нека си го сноси:pos2::pos2::pos2:
 
Стапката на криминал расте со зголемување на стапката на сиромаштија.Ајде Див Запад да се прекрстиме додека е време,барем нема да му плаќаме дневници на преговарачот,авионски билети,смештај во хотели,ручеци,вечери 16 години,без успех.
 
Ај тие наводно утнале со пресметка па секому по 5-7000 евра, а оние тројца со пушки Астра клубот во Струга што го опљачкале. Секому по 1500 евра. Во последно време им се спуштил прагот.
 
Ај тие наводно утнале со пресметка па секому по 5-7000 евра, а оние тројца со пушки Астра клубот во Струга што го опљачкале. Секому по 1500 евра. Во последно време им се спуштил прагот.

униформи, димни бомби, формација,...............каква таква тактика.....................изгледа тоа вообичаените КАНАЛИ за прибирање пензија затаија, па некој станува нервозен и ги зема работите во свои раце......:)
...уште да знаеме кој...., многу статисти од оперетската војна се незадоволни, би сакале и понатака леб без мотика , на основа на некои СТЕКНАТИ права.....па почнуваат и да се глупираат...топрва ќе ги размафтаат чаршавите....
...... а полиција??? , па истите будалетинки...само овие на буџетска плата......исто смотани....
.....вистинските полицајци??? тие веќе се во пензија или по ридовите на една скопска општина....на поооооооооодолг одмор...:)
 
Добро бе како избегале од на сред Скопје од онаа гужва????:tapp:
И познато е дека по експозитури има многу малку пари.50 000 за 7 души то е по 7000 евра на чоек.Па онолкава организација за толкава ситница???
Плус во едната кола имало оружје доволно за цел ден престрелка.И на то уште Премиерот скоро во исто време поминвел.Хммм...

Rabotava e izgleda spremale atentat na tatkoto na nacijata pa sea ne izleglo se spored prognozite i si rekle aj dur sme tuka da zeime nekoja para od bankava sekako sme izglegle so puskive da ni izlezi barem vecerata da ne se vrakame prazni doma.
 
У м.м.е, па во тој термин тука поминува Груевски.
Често дремам на семафори поради тоа.

Никако не ми одеше грабеж на експозитура со калашникови и толкава група, масивна, не се исплати брате.

Дали може тоа да е ?
Обид за атентат на Груевски.
 
У м.м.е, па во тој термин тука поминува Груевски.
Често дремам на семафори поради тоа.

Никако не ми одеше грабеж на експозитура со калашникови и толкава група, масивна, не се исплати брате.

Дали може тоа да е ?
Обид за атентат на Груевски.
Заговор? :vozbud:
 
Policijata si najde zanimacija so spiuniranje koj frla pikavci i koj parkira do kontejneri pa sega im se eba mamice na banki i menuvacnici.
 
Ајдее, секој по свое.

Дневник
Полицијата три дена по спектакуларниот грабеж се' уште ни ги уапси разбојниците
Во возилата не биле најдени траги од крв, што ги отфрла сомнежите дека имало ранети и од страната на разбојниците.

Вечер со успешна акција, нормално.
Одговорот на македонската полиција дојде и брзо и ефикасно. За 24 часа беа пронајдени возилата, идентификувана крв и употребеното оружје пртонајдено од страна на полицајците... според последните информации постојат веќе и осомничени лица.

Различен им е очигледно изворот.
 
Што е 50-60 000 евра. Лани им украдоа милион и двеста илјади од комерцијална. И немаат гајле - парите се осигурани. Да не збориме за многубројните кражби од поштата, каде директорот "случајно" ги пушта комбињата со пари без да побара обезбедување на пратките од полицијата.
Да разрешат барем еден од овие случаи па да почнеме да и веруваме на полицијата. И владата. Но тешко дека ќе ме демантираат. Ќе си останеме корумпирана лоповско партиска држава.
 
Вреќите пари испразнети на Косово

Торба за пари со ознаки на банката, четири автоматски пушки, четири панцири и тактички елеци со рачни бомби, кои најверојатно ги носеле разбојниците што го извршија петочниот спектакуларен грабеж во Прокредит банка, биле пронајдени во косовското село Сечишта, неофицијално дознава „Дневник“. Според наши извори, станува збор за добро организирана разбојничка банда од Косово, најверојатно предводена од Косовците Малич Ндрецај или Даут Харадинај, поранешен генерал-мајор на Косовскиот заштитен корпус (КЗК). Неофицијално, разбојниците планирале грабеж тежок 800.000 евра, но од банката зеле 50.000 евра.


Целиот текст:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A1FFC509FA142F478161F8D7BC1B7A97
 
Значи стигнале до Косово....
Пиши пропало...
Ај може ќе има следна шанса нашата полиција...
Само за овој случај треба малку да се замислиме „КАКО Е МОЖНО , КОЈ КАКО САКА ДА ВЛЕГУВА И ИЗЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА ОД КОСОВСКА СТРАНА„???
Мислам дека е време дивите премини да се стават под контрола....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom