ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
a1
Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски открива дека планира да се врати во политиката и тоа на голема врата. Во разговорот за „Дојче веле“ најавува претседателска кандидатура на наредните избори по пет години.
Мотивот за политичко активирање Љубчо Георгиевски вели дека го наоѓа во политиката на власта, која според него, ја води земјата во погрешна насока. Признава дека победата на неговата поранешна партија е триумфална, но смета дека е нелогична. Власта не покажува резултати ниту на економски план, ниту на евроинтегративен, а сепак победува на избори, оценува Георгиевски.
„Оваа ирационалност произлегува од некаква замислена проекција на македонскиот гласач, дека актуелната влада му е некаков заштитник по едно единствено прашање, тоа е за името. А од друга страна СДСМ се промовира како партија која сака да направи компромис по тоа прашање, во контекст на тоа има едно потпрашање, дека актуелната влада на македонскиот гласач му е некаква заштита за спас на она што се нарекува новокомпониран идентитет кој произлегува од некаква античка Македонија“, објаснува Георгиевски за „Дојче веле“.
Без итен прием во НАТО-неизвесна иднина
Георгиевски предупредува дека иднината на Македонија е неизвесна ако земјата веднаш не влезе во НАТО. Опасноста ја гледа во отворените регионални прашања и ги споменува состојбите во Босна и Херцеговина и во Косово. Смета дека се‘ уште не е затворено ниту албанското прашање во Македонија. Затоа препорачува промена на името за решение на спорот со Грција.
Георгиевски: „Северна Македонија“ е прифатливо име
„Името Северна Македонија за мене е идеално. Ако сега го испуштиме, повторно еден ден ќе се вратиме на опција од типот „Нова Македонија“, „Република Македонија-Скопје“, „Горна Македонија“, кои според мене се помалку достоинствени и понеприфатливи отколку „Северна Македонија“. Вториот момент на кој треба да се задржиме е проблемот на идентитетот, нацијата и јазикот, ако тука ја посветиме енергијата, ако тука ги анимираме нашите пријатели кои сакаат да помогнат, мислам дека лесно можеме да дојдеме до компромис.“
Георгиевски одбива да зборува за неговите национални чувства, со оглед на контроверзите што го следат. Вели дека го иритира да се докажува како патриот кога во изминатите години зборувал и работел за Македонија како независна држава на македонската нација. Не открива ниту зошто и дали воопшто земал бугарски пасош.
definitivno povrzetego ova intervju so aktivnosta na ljube, so rezultatov na izbori i ke vi bide pojasnokoi strukturi sto pravat vo zemjava )))