Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
ке се ревидира исмисленото 23% малцинство во Македонија.
Коренот за појавата на „вишок гласачи“ во избирачкиот список потекнува уште од 1994 година, кога масовно се делеа македонски државјанства на Албанците од Косово, децидни се експертите, откако и вчера меѓународната заедница и странските амбасадори повторија дека е потребно итно прочистување на избирачкиот список. И покрај долгогодишните најави дека ќе се направи ревизија на наводните спорно поделени државјанства, такво нешто не се случи, по што Албанците од Косово сега се дел од избирачкиот список на Македонија со еднакво право на глас како и другите македонски граѓани. Колку од нив во меѓувреме се иселиле од земјава не може да се знае, затоа што државата нема направено ниту прочистување на избирачкиот список, ниту пак води евиденција за тоа колку граѓани се иселуваат трајно.
И по 15 години, прашањето за наводното штанцување македонски државјанства сè уште не стивнува и се наметнува како една од главните причини за тоа што во Македонија има околу 2 милиони жители (според податоците на Државниот завод за статистика) и 1,7 милион гласачи (според избирачкиот список).
Благица Новковска, директорка на Државниот завод за статистика, вели дека најголемата грешка се прави кога се споредуваат податоците од пописот со оние на избирачкиот список, бидејќи станува збор за сосема различна методологија на работа.
- Пописот се прави на вкупното население во државата, односно на оние што се вообичаено присутни во Македонија и на оние што се надвор од државата до една година. Тоа значи дека во пописот нема податоци за емиграциите, бидејќи кога беше спроведуван истиот, добивме строга препорака од меѓународната заедница дека не смее да се попишуваат лицата кои се надвор од земјата подолго од една година. Од друга страна, во избирачкиот список влегуваат и лицата со македонски државјанства што се надвор од Македонија и по десетина години, а не ги ажурирале податоците. Од тие причини, се јавува забуната околу бројот на жителите и на гласачите - вели Новковска.
Ниту една надлежна институција нема точни податоци за бројот на емигрираните лица, ниту пак предлага начин за чистење на избирачкиот список од таканаречените „вишок гласачи“. Официјалната бројка на иселените лица, според Министерството за правда, е 73.000 и тие се обележени со ѕвездичка во избирачкиот список.
- Од 2004 година не е направен попис на лица што живеат надвор од државата. Не можам да кажам точно дали Албанците од Косово што добија македонски државјанства се во избирачкиот список, но факт е дека секој што има државјанство и последно пријавено живеалиште во земјава не може да биде избришан. Од изборите во 2006 година до овие избори бројот на гласачи е пораснат за околу 12.000 и тоа е нормално ако се земе во предвид природниот прираст на населението. Во секој случај, избирачкиот список мора да се прочисти од аспект на лицата што починале - вели министерот за правда Михајло Маневски.
Секоја изборна година исто прашање без одговор
Кога станува збор за македонските државјани со право на глас, најголемиот дел од „вишокот“ експертската јавност го објаснува со наводното масовно доделување македонски државјанства, главно на Албанците од Косово, меѓу двата изборни круга во 1994 година. ВМРО-ДПМНЕ долги години обвинуваше дека тоа било сторено за да се осигури победата на тогашниот претседател Киро Глигоров на претседателските и на СДСМ на парламентарните избори, кога Бранко Црвенковски стана премиер.
- Таа бројка се провлекуваше на сите избори и секојпат беше средство за манипулации со изборните резултати. Станува збор за сериозна закана за изборниот процес, што најдобро се покажа на последните претседателски избори кога токму поради надуениот список, беше едвај достигнат потребниот цензус и имаше стравувања дека ќе треба повторно да се распишат избори - изјави за медиумите Трајко Велјановски, актуелниот претседател на Собранието во 2006 година, непосредно пред парламентарните избори.
Истата изјава се провлекува речиси секоја изборна година.
- Во 1994 година СДСМ за свои изборни потреби, незаконски подели 150.000 државјанства на Косовци и граѓани со албанско етничко потекло, кои гласаат на сите избори. Кога се поделија државјанства на македонски граѓани кои не живеат во Македонија, СДСМ реагираше и заедно со ПДП ја извршија оваа задача - изјави во изборната 2002 година портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.
Ревизија на 150.000-те илјади државјанства доделени на косовските Албанци најавуваше и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, но опозициската СДСМ тогаш ги оцени овие изјави како политичка пропаганда. Прашањето, во секој случај, никогаш не се реши до крај и се провлекува во секоја изборна година, без можност да се знае дали на избирачкиот список се наоѓаат лица на кои им биле поделени македонски државјанства без основа. Официјалните податоци на МВР велат дека во последниве 18 години полицијата издала 100.0000 државјанства, од кои најмногу биле издадени во 1994 година - околу 33.000.
Од МВР немаат информации дали некој досега извршил ревизија на издадените државјанства.
се врти..се се врти...
nova makedonija