Иванов очекува разумен компромис за името

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Абе доколку ти одговараат илузии и мистификации, за да ти можеш да извлечеш политички максимум од НИШТО, твој проблем.
Еве што во врска со "мистеријата" која со неговиот одговор ја наметна Иванов, велат Александар Чомовски (новинар), Атанас Кировски (новинар) и Владинир Мисов од Институтот за демократија.

Интересна дебата:
Што му значеше на Иванов „разумен компромис“? - Студио 2 дебатира
 
Член од
9 мај 2006
Мислења
150
Поени од реакции
7
Еве што во врска со "мистеријата" која со неговиот одговор ја наметна Иванов, велат Александар Чомовски (новинар), Атанас Кировски (новинар) и Владинир Мисов од Институтот за демократија.
Е, ги најде „авторитетите“.:tv:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Протуѓер малиот.

Или некој друг послушник.
 
Член од
9 мај 2006
Мислења
150
Поени од реакции
7
Океј. Кој е авторитет, да го земеме за релевантен и да му побараме изјава?
Па, секако гледај да не биде некој од локалниве „неазвисни и експертски“ новинари. Барем ти како колега знаеш што значи точност на податоци во техниката, и процент на дозволено отстапување од проектираното, да се изразам технички. Ама кога вакви батки ми пренесуваат половично изјави, или само оние делови од изјавите кои им требаат за да го илустрираат нивното тврдење, како да ги именуваш како „релевантен и објективен“?:toe:
Протуѓер малиот.
Или некој друг послушник.
Смешно, колку лесно се импутира партиска припадност.
И не, не сакам послушници од никаков тип, сакам секој да размислува нормално, зашто цел живот им се спротивставувам на било кои послушници, и зашто работата е дотука дојдена благодарение и на послушниците од сите бои.:helou:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Тогаш не критикувај нечии ставови поради наводна припадност...можеби навистина некој си кажува како што и размислува.

А за жал, во нашана вукојебина секоја шуша е "авторитет".

Слично со слично си прилега.
Asinus asinum cupit братче.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Па, секако гледај да не биде некој од локалниве „неазвисни и експертски“ новинари. Барем ти како колега знаеш што значи точност на податоци во техниката, и процент на дозволено отстапување од проектираното, да се изразам технички. Ама кога вакви батки ми пренесуваат половично изјави, или само оние делови од изјавите кои им требаат за да го илустрираат нивното тврдење, како да ги именуваш како „релевантен и објективен“?:toe:

Смешно, колку лесно се импутира партиска припадност.
И не, не сакам послушници од никаков тип, сакам секој да размислува нормално, зашто цел живот им се спротивставувам на било кои послушници, и зашто работата е дотука дојдена благодарение и на послушниците од сите бои.:helou:
Знам де. Имало порано еден професор на наш факс Андрија Олуиќ кој велел „Штимање је мајка технике“. Предавал нацртна геометрија.

Озбилно, кој е релевантен за да ја коментира изјавата на Иванов кон новинарите за која јас лично сметам дека е резултат на неискуство во справувањето со новинари, кон кои се обрати со помалку лут тон и им понуди тафтолошко објаснување за поимот Разумен компромис?

Јас од три причини поништив ливче на избориве. Едната е Љубомир Фрчковски, втората е моето лично убедување за личната деградација на почитуваниот професор Иванов превземајќи некои политички реторички стандарди за нашава земја (ама ајде, ќе речам Special times take special measures и башка функцијата му е одговорна па морал нешто да „жртвува“ за земјава...)и третата и клучна е токму тоа што не можев да одгатнам што значи тоа Разумен Компромис, и не сакав да ставам и мој параф на нешто такво кое не ми е познато а ми е од клучно значење.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Разумен компромис, да се сретнеме на пола пат т.е ти попушти за едно нешто што мене ми пречи, јас за друго, па ако се најдеме среќни, релативно, бива.

На пример, не би имал ништо против промена на името за меѓународна употреба во некое со географска или политичка одредница доколку гејците ги признаат македонците во егејска за малцинство и им дадат права како ние на албанците во РМ.

Ама, тоа е утопија.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Разумен компромис, да се сретнеме на пола пат т.е ти попушти за едно нешто што мене ми пречи, јас за друго, па ако се најдеме среќни, релативно, бива.

На пример, не би имал ништо против промена на името за меѓународна употреба во некое со географска или политичка одредница доколку гејците ги признаат македонците во егејска за малцинство и им дадат права како ние на албанците во РМ.

Ама, тоа е утопија.
За надворешна употреба ако сметаш членство во организации, нели го менавме името? Нели е тоа компромис? Нели го менавме знамето? Нели е тоа компромис? Нели го менавме уставот?! Нели е тоа компромис?

Кој е удделот на Грција?! Шо не не тужи на суд поради аеродромот, автопатот или стадионот? Шо се смилува зборот Македонија да постои во некој предлог кој и тие би го усвоиле? Шо се понаша ко разгалена девојка за 16ти роденден која им дозволила на родителите да не и купуваат Porche Cayanne туку BMW X5?!!

Тоа ли е разумен компромис?!?!
 
Член од
9 мај 2006
Мислења
150
Поени од реакции
7
Знам де. Имало порано еден професор на наш факс Андрија Олуиќ кој велел „Штимање је мајка технике“. Предавал нацртна геометрија.

Озбилно, кој е релевантен за да ја коментира изјавата на Иванов кон новинарите за која јас лично сметам дека е резултат на неискуство во справувањето со новинари, кон кои се обрати со помалку лут тон и им понуди тафтолошко објаснување за поимот Разумен компромис?

Јас од три причини поништив ливче на избориве. Едната е Љубомир Фрчковски, втората е моето лично убедување за личната деградација на почитуваниот професор Иванов превземајќи некои политички реторички стандарди за нашава земја (ама ајде, ќе речам Special times take special measures и башка функцијата му е одговорна па морал нешто да „жртвува“ за земјава...)и третата и клучна е токму тоа што не можев да одгатнам што значи тоа Разумен Компромис, и не сакав да ставам и мој параф на нешто такво кое не ми е познато а ми е од клучно значење.
Му беше асистент на проф. Марцикиќ (кога јас бев таму).

Гледаш ли ти од сите медиумски експонирани личности (политичари, новинари, политиколози, разноразни аналитичари...) било кој кој е релевантен за коментирање?
Ти треба ли некој „релевантен“ или учиш да размислуваш со своја глава? Пак ќе забегам - кога правиш проект, бараш релевантен коментар/коментатор, или ги согледуваш карактеристиките, спецификите и според осознаените факти проектираш со онаа стручност и знаење кои се стремиш да ги подигнеш на повисоко ниво?

Според мене, професорот сака да помогне, но како го прави тоа, тоа е веќе друго прашање.

Политиката е повеќе вештина отколку егзактна наука, и тоа „вештина на можното и неможното“:toe:
„Разумен компромис?“/„...за самостојна држава, со можност да стапи во сојуз ... со другите ју-републики?“. Ова ми е некако слично, а?
А и двете се некако... матни.

Збирај искуство, размислувај, споредувај, за сето што ќе ти го сервираат проверувај повеќе извори.
 
Ти благодарам на добронамерните совети. Мојот став за таа изјава го дадов врз база на видео материјалот од телевизиите. Експертите кај нас никнуваат ко печурки по дожд, или бидуваат во последно време инаугурирани т.е. унапредени во релевантни фактори потребни за промовирање и оправдување / негирање и деградирање на одредени идеи.

Исто е факт дека интелектуалецот, независниот, кој од 10 извори ќе направи едно сиже и ќе извлече свој став, НЕ ЗБОРУВА! ГО НЕМА! Зошто? Затоа што веднаш ќе му се загорчи животот од лепењето етикети, новинари, изјави, тракатанци...

п.с. За проектирањето: самиот факултет е релевантниот фактор со програмата која ја нуди на учење. Дополнителниот е студентот со начинот на кој ќе ја прифати и прошири таа програма. Па така, во некој мој проект за куќа врз река, на пример, релевантен коментатор ќе ми биде Рајт. Токму затоа, верувам дека Претседателот во најбрзо време ќе ангажира PR служба и ќе се исшлифува за да не им дава премногу простор на новинарите кои бараат најчесто сензации или навестување кое ќе го извадат од контекст.

Факт е дека можеше подобро, многу подобро да се справи Иванов, но не настапи како школуван политичар. Башка, се гледаше (според мене) некоја лутина према седмата сила, која без оглед на личниот став кон неа мора да се почитува како реална.

И уште нешто, во однос на споредбата на Чомоски со изјавата на Борис Трајковски која Чом ја нарече „гаф“...е, тој „гаф“ му донесе на Претседателот Трајковски победа во 1999 година. И беше далеку поразличен од оваа изјава на Претседателот Иванов, типолошки (доколку усвоиме некоја типологија на гафови:) ).
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Кошмар

Кој е најлошиот кошмар за родителите? Шегаџиите велат, најлошиот кошмар е да го пронајдат следново писмо во детската соба на нивната ќерка: „Драги мамо и тато, жал ми е што морам да ви соопштам дека пред малку киднав со мојот нов истетовиран дечко на неговиот супербрз мотор. Кога му кажав дека сум трудна воодушевено ме покани да живееме во неговата дрвена куќичка покрај шумата каде што на раат ќе можеме да си ги одгледуваме дечињата, а и некои интересни тревки што се прекрасни за пушење. Не грижете се за пари, мојот иден маж вети дека добро ќе заработувам глумејќи во филмовите што тој и неговите другари ги снимаат во подрумот. Ќе заработувам минимум 50 евра од сцена, и плус 50 евра бонус ако има повеќе од тројца актери во сцената. Немојте ич да берете гајле, сега имам 15 години и знам како да се грижам за себе“.

Најлошиот кошмар за еден мачо-љубовник, тврдат шегаџиите, е кога неговата љубовница ќе му соопшти дека портретот на маж во нејзината спална соба не бил на нејзиниот сопруг, туку лично нејзин портрет - пред да си го промени полот. А кој е најлошиот кошмар за еден колумнист? Најлошиот кошмар го имав ноќеска. Сонував дека сум русокоса новинарка среде интервју со нашиот нов претседател. Дозволете ми да поделам со вас дел од кошмарот.

„Господине претседател, што станува со преродбата?“, го поставив првото прашање малку подисплашено, местејќи си ја мини-сукњата.Претседателот арогантно миодговори небаре сум студентка на испит по преродбеничка политика: „Преродбата е преродба. Не можам да ви објаснувам, сфатете ја. Веројатно како новинарка треба да знаете за што станува збор во „Преродбата од 100 чекори“. Јас не можам да ви објаснувам сега“.А што станува со борбата за уставното име? - се обидов нежно да ја сменам темата. Претседателот не се збуни, туку професорски ми одржа уште една лекција: „Борбата за уставното име е борба за уставното име. Ве молам проучете ја малку борбата што ја водиме со Република Грција и тогаш ќе можам да ви одговарам на прашањето“.

А што станува со „кичмата“, господине претседател? Дури тогаш претседателот самоуверено се насмевна и џентлменски ми одговори: „Кичмата си е кичма. За кичмата, космодиск му е мајката. За да користиш космодиск треба да имаш кичма, а сами признаа дека немаат кичма, мора да ја свиткаме кичмата. На некого може шашаво му изгледа, но функционира.“Дали „космодискот“ ни е потребен за полесно да ја свиткаме кичмата господине претседател? Е, тука претседателот се зацрвене и ми плесна в лице: „Јас не можам да ви објаснувам сега. Видете, не збориме за виткање на ‘кичмата’. Ве молам проучете го упатството за користење космодиск и тогаш ќе можам да ви одговарам на прашањето“.

Како експерт за цивилно општество, што ќе кажете за насилниците на скопскиот плоштад? „Ги осудија сите, и јас ги осудувам, такво нешто не е дозволиво во Македонија. Сега сме во еден заглавен лифт, блокирани сме. Тука е сега големата опасност, бидејќи сами знаете кога ќе заглавите во лифт во даден момент почнува ксенофобија, почнува страв и почнува меѓусебно пресметување.“

Се спомнуваа дури и некакви „крвави лопати“... „Веројатно како новинарка треба да знаете за што станува збор. Да потсетам што кажав во Могила: Тие што зло мислат, зло прават - наш народ вели - зло ги снаоѓа. Кога тогаш. Ако не сега, до седмо колено зло ќе ги следи.“А како е можно, господине претседател, група униформирани „полицајци“ од Косово да ограбат банка во центарот на Скопје сред бел ден и никој да не ги уапси?

„Видете, тука беше на сцена глобализмот, кој ја наметнува стратегијата на моќта на парите. Уште еднаш е пробиен Коридорот 8 од криминалните структури, кои по смирувањето на состојбите во Србија и Косово се префрлаат во Македонија. Тука минуваат правците за трговија со дрога, бели робје, оружје и 100 милијарди марки валкан капитал.“Да се вратиме на домашни теми. Како е можно вашиот противкандидат, кого го нарековте „буреконосач“, да освои баш толку гласови на изборите колку што е потребно за да се достигне цензусот? „Па, видете. Ги замолив сите мои студенти да му помогнат, бидејќи човекот е сепак поранешен политичар, и на што ќе личеше тоа да не собере барем 250 илјади гласа, да го исмејуваат.“

Господине претседател, а како ќе ви помогне вашето досегашно политичко искуство на идната средба со Папулјас? „Па, видете, искуството е искуство. Прашајте ги моите комшии, тие ќе ви кажат дека уште како ерген ги поправав музичките инструменти на нашата група ‘Апсаздан’. Со оваа група дури и запеав во селото Пирава, каде што го имав првиот концерт.“

Каква врска има сега ова со проблемот со името и трендот на антиквизација?

„Антиквизацијата е антиквизација. Таа е за луѓето што пијат ‘антика’ во кафеана. Дедо ми, Бог да го прости, велеше луѓето кога ќе се напијат, песни пеат. А наш народ вели: Кој пее зло не мисли.“

Извинете, нешто слабо ве разбирам. Дали е ова дел од вашата стратегија за постигнување брзо решение за проблемот со името?

„Проблемот со името е проблем со името. Мислете на добро и правете добри дела. Кога мисли човек на добро и добро му доаѓа. Така и граѓаните треба да мислат дека ќе дојде решението. Кога тогаш. Ако не сега, до седмо колено.“

Ете, за среќа, токму тогаш ме стегна коленото и се разбудив од кошмарот.

П.С. Шегата со најлошиот кошмар за родителите е измислена приказна. На крајот од писмото, ќерката го напишала следниов П.С.: „Тато, ништо не е вистина, јас сум кај соседите. Сакав само да ви укажам дека има многу полоши работи во животот од мало гребење на колата. Извини што ти ја изгребав“.И мојот најлош кошмар е измислена приказна. Затоа, немојте ич да берете гајле. Сега Македонија има 18 години и знае како да се грижи за себе.
Жарко Трајаноски
====================================================
Генијално :pos::pos::pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom