Балкан
Турски воени авиони го нарушија грчкиот воздушен простор
Четири турски воени авиони навлегле во грчкиот воздушен простор над Егејско Море и прелетале на 400 метри височина над островите Фармакониси и Агатониси.
Турските воени авиони биле пресретнати од грчките ловци во централниот дел од Егејско Море.
Нарушувањето на грчкиот воздушен простор се случил во време кога грчкиот премиер Костас Караманлис бил во воената поморска база во Саламин, за да ги поздрави морнатите кои се вратија од мисијата против пиратите во близина на брегот на Сомалија.
Турските провокации продолжиле до синоќа, летајќи на многу мала височина.
Грчките медиуми наведуваат дека слично нарушување на грчкиот воздушен простор имало и на почетокот на јануари кога претседателот Каролос Папуљас бил во посета на островот Агатониси.
Канал 5
Турција испрати
Балкан
Турција очекува да го потпише договорот за „Набуко“ до јуни писмо до земјите-членки на Европската унија кои се дел од проектот за гасоводот „Набуко“ и го очекува нивниот одговор, јавија турските медиуми.
- Ако тие ги испратат одговорите со крајот на април ние ќе го потпишеме договорот до јуни, изјави денеска турскиот министер за енергетика Хилми Ѓулер.
Тој истакна дека Турција очекува ЕУ да го испрати текстот по кој се согласуваат нејзините земји-членки.
Турската Влада, посочи тој, сака да стартува проектот, според кој, ќе се пренесува гас до европските пазари од наоѓалиштата во Кавказ и Централна Азија колку што може поскоро.
Турција бара 15 проценти од природниот гас кој ќе се пренесува преку гасоводот „Набуко“.
Изградбата на гасоводот во должина од 3.300 километри се очекува да почне во 2011 година, а првите доставки се планираат во 2014 година. Проектот се очекува да чини околу 7,9 милијарди евра.
канла 5:
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=50039&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
13.04.2009, 10:16
СПОРЕД ГРЧКА „ТА НЕА“
БАРАК ОБАМА ЈА ПРЕЗЕДЕ УЛОГАТА НА АДВОКАТ НА ТУРЦИЈА
Барак Обама ја презеде улогата на адвокат на Турција во Тракија, пишува денеска грчкиот весник „Та неа“. Според весникот, на средбата со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, тој го поставил прашањето за отворање Богословско училиште на островот Халки.
И покрај тоа што средбата се реализирала на иницијатива на Белата куќа, во целосна тајност, и траела едвај десет минути, според дипломатски извори, американскиот претседател му говорел на Вартоломеј за аргументите на Турците, според кои, за да се дозволи отворање на училиштето, Атина треба да даде нешто во замена и тоа треба да биде поврзано со муслиманското малцинство во областа Тракија.
Обама изјавил дека прашањето било поставено од неговиот турски колега Абдула Ѓул на сребата во Анкара. Според информацијата на весникот, Вартоломеј се нашол во тешка положба затоа што требало да објаснува дека Вселенската патријаршија е одделна тема и во никаков случај не се поврзува со прашањето за малцинството во областа Западна Тракија.
На тој начин се потврдуваат информациите дека Вашингтон дал благослов на позициите на Турците, кои поставуваат како услов Атина да преземе дејствија за образование на муслиманското малцинство во Тракија, што се поврзува со нивните барања за функционирање на повеќе малцински училишта, што водат кон изолација и зголемување на бројот на турските учители, пишува весникот
шутел
Прашање со оглед дека грчките позиции на оваа власт слабеат поради анти американската политика дали ние ова ќе го искористиме како што треба ?
Дали ние ќе го искористиме конфликтот помеѓу трција и грција или пак ќе се инаетиме ко мали деца?