- Член од
- 5 август 2007
- Мислења
- 3.582
- Поени од реакции
- 2.589
Значи ти си Албанец по националност,така?Во ред,никој не ти префрла за тоа.Кажи ми те молам,која држава ти ја чуствуваш како твоја?Еве викаш дека си овде со генерации наназад,од што би предпоставил дека одговорот на прашањето би бил Македонија,така?И пак одиме во едни толку добро често водени дискусии кои неславно завршувале....
Нема потстанар и домаќин во случајов. Јас сум Албанец. Не сум дојденец од Косово или Албанија, татко ми со име и презиме знае 4 негови предци кои живееле во ова подрачје. Значи не сум дојденец од некаде за да се чуствувам како подстанар. Друг би бил муабетот во случај да одам Англија пример и да молам за тамошно државјанство, иако и таму во оној момент кога ќе го добијам ќе бидам еднаков како и секој останат Англичанец. Јас тука никој немам молено да ми даде државјанство за да се почуствувам како подстанар. Перцепцијата е врло битна ствар.
Значи,покрај националноста, и јас и ти ја сакаме Македонија како наша земја. ТОГАШ , зошто не излегуваш да гласаш за ПРЕТСЕДАТЕЛ на Република Македонија,ТВОЈАТА ДРЖАВА???
п.с пишував со поголеми букви некои зборови за да знаеш што сакам да потенцирам.
Исто така,не сакам да мислиш дека провоцирам,туку чисто си дебатираме, и имам почит спрема тебе.:smir: