Парите и суеверието за нив

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
За да има пари во вашиот дом:
- на денот на земањето на платата не треба да се потроши ни еден денар, туку целата сума треба да преноќи во куќата,
- поставете метла со дршката надолу.

Пари нема да имате ако:
- свирите со устата во собата каде што ги чувате парите,
- ако собирате трошки од масата со рака.

- Не се даваат на заем пари во понеделник,
- не се зема на заем во вторник,
- не се враќаат долгови во петок,
- не се дава на заем леб и сол, затоа што среќата ќе премине во друго семејство.


Никогаш не го држете паричникот празен, барем некоја монета да има.
Сите банкноти треба да се чуваат со лицето кон газдата.

Пари од игри на среќа, спечалени нечесно, најдени или подарени, не носат среќа и затоа не треба да ги задржите, дајте му ги на некого или брзо потрошете ги.
***
Можеби малку изгледаат смешни овие суеверија но обично нашите баби и дедовци ги применувале (или сеуште ги применуваат) и силно се убедени во нивната реалност.

Долго се мислев дали темава да ја поставам овде или во ЧДА, но се одлучив за овде за да поразговараме дали вие се придружувате кон некои од овие "правила".
Јас од овие суеверија го применувам тоа да не се чува паричникот празен,т.е секогаш имам барем по некое денарче :)



Колку вие сте суеверни кога се во прашање вашите пари?
 
Не сум суеверен околу парите, но во контекст на темава би додал дека кај продавачите владее суеверие дека првиот муштерија сабајле што ќе дојде мора да плати за да му тргне денот.:wink:
 
Не сум суеверен, ама понеделнички пари не давам (се драпам де). А инаку горенаведените правила тешко дека ги почитувам. Почнувајки од собирање ронки (јебига цел чаршав не се треси за 3 ронки), свиркање нон стоп низ дома (стално ми се мотка некоја песна низ глава па си свиркам)...

А она со давање леб, сол на заем (такво нешто да се бара на денешно време е апсурд), но ако се подразмисли во минатото дека се немало може да се протолкува како позајмување на вечерата.

Патем, што да речат лихварите и банките што позајмуваат пари и спечалуваат нечесно? Треба да ги вратат “нечено заработените“ пари? Или да ги истрошат безвеза?
 
Од толку верувања ни денар нема од дома да извадам па тогаш ке имам пари.
 
Има премногу суеверија останати од претходните генерации, па ако почнеме да се придружуваме до сите нив се прашувам каде би бил крајот.
 
Ова за парите прв пат го слушам.
За повеќе пари треба повеќе и поплатена работа, ништо друго. А за нетрошење треба стискање под перница и затворање што повеќе чешмичиња од кои парите истекуваат. Во вакви и слични работи никако не верувам, како ни во поминување под скала. Ако сакаш (акосакаш) да веруваш во нешто, се знае во што се верува, суеверие не.
 
Prv pat slusam za ovie suverija, ne veruvam vo niv, toa se samo babini devetini, drugo nis.
 
Оф мори мајко... Суеверна сум, но не и глупа. Ова е стварно претеризам.
 
Мои фаворити:
Пари нема да имате ако:
- свирите со устата во собата каде што ги чувате парите,

- Не се даваат на заем пари во понеделник,
- не се зема на заем во вторник,
- не се враќаат долгови во петок,
И ус пат..
Не се прди у собата кај шо има пари.
*Ако сакаш да имаш пари не ги троши во:
-Понеделник
-Вторник
-Среда
-Четврток
-Петок
-Сабота.
Во недела е дозволено,не е битно шо ништо не работи...

Суеверија..Чудна работа..
А шо ќе се деси пример ако напраиш нешо од наведените работи!?
Никогаш веќе нема да имаш пари!?
 
Jaс прв пат овие работи ги слушам. Без врска, поглупа работа немам слушнато.
Ова се суевериа од минатото, денеска никој нормален човек не би се придржувал кон нив.

Денес луѓето одвај чекаат да земат плата да си купат продукти за дома и кредитите да си ги исплатат. Нема да гладуваат за да преседат парите една ноќ дома.
А што е со тоа што денес повеќето зимаат плата на картичка? Ново суеверие треба да се смисли. Откако ќе стигне платата картичката првата вечер треба да ја ставиш под перница.
 
Факт е дека лесно заработените пари се трошат најчесто за безвезе, И ја би им препорачал на сите ПАРИ НА ЗАЕМ НИКАКО!
А ова со метливе, паричкиве (ситни) и трошкиве се бабини деветини и првпат ги среќавам, и нормало НЕ ВЕРУВАМ.

И НЕМА ЛЕБ (пари) БЕЗ МОТИКА (работа),
 
со десна се дава пари со лева рака се зима пари ... :vozbud::vozbud:

се шалам ... ајбе суеверија ... помалку или повеќе битно ...
 
Кај татко ми пали тоа во понеделник пари не се трошеле. Затоа ни денар неможам од него да извадам у понеделник. :)
 
Навистина е смешно ова, и не верувам да имаат некакво влијание овие закони :)
Уствари јас воопшто не верувам во бабини деветини и суевериа, и за да заштедиш пари/ за да спечалиш гледајте да не се ослонувате на ваквите суеверија зошто не одите далеку вака :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom