Забележувам само повредено его и лажна доза на сигурност во секоја твоја реплика. Од што неможеш да издржиш ќе се откорнеш ако треба за да пишеш обратно.
Политички аналитичар, економски аналитичар, психо-аналитичар............што е следното ?
Гатање у кугла или гледање на карти ала Сабина
А анализите никогаш неможат и несмеат да бидат статични, бидејќи во спротивно ќе се правеа еднаш само и повеќе никогаш.
Секоја ситуација раѓа нови анализи и компарации, врз кои делумно можеш да направиш проценка.
Не велам јас дека анализите треба да бидат статични и неменливи, грешно си ме разбрал.
Она на што сакам да ти укажам е дека твоите анализи не кореспондират со реалноста, туку се базирани на лажна надеж.
Во времето кога Америка ја активираше својата дипломатија за да ни помогне во спорот, тогаш ти пишуваше за некакви тројански коњи и англиски кралици.
Сега, кога анализите на сите домашни и меѓународни релевантни аналитичари укажуваат на одалечување на Америка од балканските горлливи прашања, ти САД ги ставаш во секоја можна комбинација за поволен исход од спорот помеѓу Македонија и грција.
Немаш чувство дека анализите ти доцнат едно седум/осум месеци ?
Имаш ситуација САД и нивната политика пред и после Букурешт.
Грција го сврти моментумот против себе што се однесува до политиката на САД кон нас.
Убаво што си разбрал дека арогантноста на грција оди во наша полза.
Лошо е што и овде доцниш со анализата.
До пред неколку месеци грција важеше за лошото момче во спорот.
Денес релевантните меѓународни фактори на спорот гледат како борба помеѓу две арогантни страни.
Епилогот од политиката на покажување мускули, секојдневно го гледаме.
Денес позициите на Македонија се далеку послаби за разлика од времето кога мудроста одеше чекор пред глупоста.
И знам дека твојата реплика на ова ќе биде дека демек само со остра игра ќе бидеме сфатени сериозно.
Веднаш да ти одговорам дека единствено сериозно ќе бидеме сфатени, само доколку ги прекинеме преговорите и јасно дадеме на знаење дека немаме никаква намера да преговараме за нешто што е наше.
Се' друго е лук и вода.
Поддршката на САД е во насока на целосно адаптирање со нивните интереси на Балканов.
А во иднина обрни внимание на синхронизацијата на нашата политика со нивната.
Интересот на САД да се позиционира овде ја става единствено Македонија најгоре во листата на приоритети.
Епизодата “Косово“ е завршена.
Немаш поима колку би бил среќен доколку моите анализи се покажат како неточни за разлика од твоите.
Но како што реков - во нив не гледам никаква издржаност или сериозна аргументираност. Се се сведува на желби и надежи.
Доколку јас наместо реалноста овде би ги изложил своите желби, дискусијава би се претворила во СФ акција, а закчучокот би бил дека Македонија го држи светот на дланка.
Ако го земеш процесот на распаѓање на СФРЈ се до дисолуцијата на Србија, можеш да го проектираш врз политиката кон Грција.
Првин се потпалуваа етничките страни во СФРЈ, при што дојде до распадот. Тоа беше полесно поради федералниот карактер на СФРЈ.
Потоа во 10 години ја разделија Србија и не верувам дека нивниот процес на распаѓање е завршен.
Зошто го прават тоа? Паметен си валда ќе ти текне.
Кој е пречката за САД на Балканот, чија политика оди спротивно на нивните интереси?
За ова што си го навел не се растураат држави туку паѓаат влади.
Факт е дека ЦИА работи на паѓањето на владата на Караманлис, но далеку од памет ми е да помислам за паѓање на држави.
Турција пак, која е закрвена со Грција, стои на наша страна и игра голема улога во целава стратегија.
Денеска Обама беше во посета на Турција, а не на Грција.
Пред некој ден Клинтон Хилари имаше средба со Бакојани, а не со Милошов, исто како што и Обама имаше средба со Караманлис, а не со Груевски.
За да го промениш името не ти е потребна нечија наклонетост, а ти тоа го предлагаше.
За да направиш договор со грција во кој последиците ќе бидат минимални, и-те како ни е потребна нечија наклонетост.
За да бидеме на чисто, ти тврдиш дека нашата стратегија ќе резултира со влегување во НАТО и ЕУ под уставното име.
И сеуште тврдам дека имаме и други алтернативи освен НАТО и ги образложив кои се уште пред година дена.
Добро се сеќавам кога секое второ прашање ти беше “која ни е алтернативата“.
Точно. Убаво е да се чуе за некаква алтернатива. Но пред се таа да се базира на реални очекувања.
А тебе некој да ти речеше во 1980 дека СФРЈ ќе се распадне за 10 год. и дека за наредни 10 Косово ќе биде независно, ќе го земеше за сериозно?
Јас не, бидејќи во тоа време најверојатно играчките ми биле приоритет, но за некој кој ги следел политичките случувања во бивша југа, најверојатно и не би било некакво изненадување, бидејќи првите знаци на распадот се појавиле токму во почетокот на осумдесеттите.
Не се работи за добри односи туку за интереси. Нека биде така сепак, само колку да ти предочам на кратко:
Франција ги ризикуваше добрите односи со САД, поради Грција.
Зошто?
Бидејќи имаше интерес. Затоплување на односите со Русија која силно се наметна преку енергетската зависност на западна европа, преку блокирањето на Украина и Грузија.
И кеширањето од страна на Грција со договор од 40 милијарди евра за воена опрема во наредните 30 години чинам, со што се спаси од банкрот големото Француското воено производство.
Јес да ние сме интересни и постои некаква заинтересираност за овој дел од балканов, но не сме толку интересни за да предизвикаме тектонски пореметувања на светската геопоплитичка сцена.
Е сега, наскоро во Франција има избори и Саркози ќе падне.
Дали новиот предводник на Франција повторно ќе им пркоси на САД во име на Грција?
Па како тоа од менувањето на власта во Америка не очекуваме никаква промена во нејзините ставови спрема Македонија, а од менувањето на власта во Франција очекуваме промена на нивната политика спрема Грција ?
Нели моќните држави не ги менуваат своите политики преку ноќ ?
Или кој како ни одговара
Јас велам да си купиш пуканки и да ставиш 3Д наочари и уживај во распадот на Хелада.
Толку ми легна текстов, што едноставно нема да го коментирам.
Веруваш, не веруваш, мене ништо не ми значи. Доколку МекКејн од Канада беше избран за нов ген. секр. на НАТО оваа одлука 99% ќе поминеше.
Сеуште ја имаме нивната поддршка и оваа одлука ќе биде и понатаму туркана.
Дали ќе биде консензус минус 1-3 ќе видиме.
Ти набројав три причини зошто нема да помине, и една зошто ќе немаме никаква полза, и доколку по некоја случајност евентуално помине.
Се работи за пристап до информации. Кога ќе дојде до ова, ќе ти дадам транскрипција за ова што ти го зборам, во случајов јас не зборам на празно.
Во денешно време информациите го вртат светот.
Но истата улога доколку не си знаел, ја имат и погрешните информации.
Ова ти се вика тресење од ракав. Само колку да не се согласиш со мене, не за друго.
Не е тресење од ракав. Во ред, можеби малку претерав во проценката, но сепак периодот не би бил пократок од десет години.
Ти имаш ли воопшто надеж во животот? Или таа надеж ти е поврзана со папочна врска со партиската функција?
За партиска функција пријателе можеби сонуваш ти, но не и јас.
Мене животот ме научи надежта да ја темелам врз реални анализи очекувања и предвидувања.
Ермира може секакви работи да каже, сигурно нема пред своите гласачи да рече поинаку. Кај Албанците палат само радикалните изјави, дека нешто се бара, дека се уценува.. а на ДУИ им е битно да си ги сместат газињата во фотељите.
Да, можеби фотељата им е слатка, но дали ја виде пораката која електоратот им ја испрати на сегашните Претседателски избори ?
Во секој случај ајде сериозно размисли, што тоа ќе направеле Албанците, повторно в планина бидејќи сакаат во НАТО а нашето име ги спречува? :pos2:
Не би сакал да ти кажам што мислам доколку сериозно размислам по ова прашање.
И Ахмети имаше претходно интервју на А1 после кое ви паднаа во вода сите конструкции претходно.
Јас не се замарам со вакви рекла-казала муабети.
Е ова е веќе опасно. Не ми е јасно како можеш да ги видиш сите сериозни закани по стабилноста на државава, а само најсериозната да ја занемариш и ставиш под тепих.
Дали тебе ирелевантни ти се интересите на земјава или задоволување на настрани фетиши каде се понижуваш самиот себе и прифаќаш се што ти е наложено?
Бем ти карактер.
Немој уште еднаш да се обидеш да поентираш со вакви ниски удари.
Имам напоменато дека мојата цел во коментарите не е кукање плачење и барање виновници и предавници, туку барање решенија.
И повторно не најде за доблест да одговориш на претходните работи, толку ли си мизерен ..барем кажи...признавам во право си, а не ко куче со свиткан опаш премолчувај брее..
Не те разбирам. Кои работи ?
Биди љубезен и посочи ми.