За што преговараме - за името, за референцата или за идентитетот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Започнати се сценаријата за симнување на Карафакинманлис од власт, а не за разнебитување на грција.

Не ви се чини дека малку повеќе претерувате во проценките :)
Напишав десетина години, а не цела вечност :helou:

Фигуративно беше беше кажано, а не буквално.

Некогаш 100 години минуваат пребрзо, а некогаш 10 минути изгледаат како вечност.
:helou:
 
Хахаха...
САД, САД, САД.....
Америка, Америка....Америка.
Колку ли се само менливи твоите анализи во врска со подршката од Америка.
Се сеќаваш што за истата ова подршка пишуваше пред некој месец ?
Доколку не се сеќаваш, со задоволство ќе утепам некоја минута плус во архива за да ти текне.
Најсе ова говори за сериозноста на твоите анализи и ставови кои ги адаптираш по потреба.

Забележувам само повредено его и лажна доза на сигурност во секоја твоја реплика. Од што неможеш да издржиш ќе се откорнеш ако треба за да пишеш обратно.

Во врска со САД секогаш сум велел дека изборот е веќе направен, за нас.
А анализите никогаш неможат и несмеат да бидат статични, бидејќи во спротивно ќе се правеа еднаш само и повеќе никогаш.
Секоја ситуација раѓа нови анализи и компарации, врз кои делумно можеш да направиш проценка.

Имаш ситуација САД и нивната политика пред и после Букурешт.
Грција го сврти моментумот против себе што се однесува до политиката на САД кон нас.

Aј сеа да почнам со анализа на твојата најнова анализа :)

Пордшката од САД е ограничена и во рамки на нивните зацртани граници.
Факт - решението за спорот со името помеѓу Македонија и Грција, е длабоко некаде во тефтерот на приоритети на сегашната американска администрација - што ќе значи дека Америка горливите прашања на Балканов пополека и ги препушта на Европа.
Не верувам дека ова до сега не си го разбрал.

Поддршката на САД е во насока на целосно адаптирање со нивните интереси на Балканов.
А во иднина обрни внимание на синхронизацијата на нашата политика со нивната.

Интересот на САД да се позиционира овде ја става единствено Македонија најгоре во листата на приоритети.
Епизодата “Косово“ е завршена.

Ако го земеш процесот на распаѓање на СФРЈ се до дисолуцијата на Србија, можеш да го проектираш врз политиката кон Грција.

Првин се потпалуваа етничките страни во СФРЈ, при што дојде до распадот. Тоа беше полесно поради федералниот карактер на СФРЈ.
Потоа во 10 години ја разделија Србија и не верувам дека нивниот процес на распаѓање е завршен.

Зошто го прават тоа? Паметен си валда ќе ти текне.

Кој е пречката за САД на Балканот, чија политика оди спротивно на нивните интереси?

Турција пак, која е закрвена со Грција, стои на наша страна и игра голема улога во целава стратегија.
Денеска Обама беше во посета на Турција, а не на Грција.

Наспроти ова, кога реален пред некој месец пишуваше дека МОРА да се искористи моменталната голема наклонетост на Буш и неговата администрација, вие тврдевте дека во нивната подршка има скриена агенда за промена на нашето име.
Тврдевте и дека не ни е потребен никаов влез во НАТО и ЕУ и дека Македонија треба да продолжи сама! Сега некако ретерирате во своите ставови.....но за тоа во друга прилика.
Толку за вашите анализи околу подршката од Америка.

За да го промениш името не ти е потребна нечија наклонетост, а ти тоа го предлагаше.
И сеуште тврдам дека имаме и други алтернативи освен НАТО и ги образложив кои се уште пред година дена.

Добро се сеќавам кога секое второ прашање ти беше “која ни е алтернативата“.

Останатите аргументи ти се уби Боже.
Би издвоил неколку од нив:
Судејќи по ова што си го напишал, дел од нашата стратегија е уништувањето и разнебитувањето на Грција, во која САД би имале доминантна улога....?!

Сериозен си ?

А тебе некој да ти речеше во 1980 дека СФРЈ ќе се распадне за 10 год. и дека за наредни 10 Косово ќе биде независно, ќе го земеше за сериозно?

Запамети го ова:
Америка нема поради Македонија да ги ризикува добрите односи со Франција, а Франција нема да се откаже од подршката кон Грција......барем не во наредните десетина години.

Не се работи за добри односи туку за интереси. Нека биде така сепак, само колку да ти предочам на кратко:

Франција ги ризикуваше добрите односи со САД, поради Грција.

Зошто?

Бидејќи имаше интерес. Затоплување на односите со Русија која силно се наметна преку енергетската зависност на западна европа, преку блокирањето на Украина и Грузија.

И кеширањето од страна на Грција со договор од 40 милијарди евра за воена опрема во наредните 30 години чинам, со што се спаси од банкрот големото Француското воено производство.

Е сега, наскоро во Франција има избори и Саркози ќе падне.

Дали новиот предводник на Франција повторно ќе им пркоси на САД во име на Грција?

Јас велам да си купиш пуканки и да ставиш 3Д наочари и уживај во распадот на Хелада.

Уште еден неоснован аргумент, и уште една лажна надеж.

Прво - принципот на гласање и носење одлуки со консензус без еден е сеуште замисла која е далеку од реализација.
Второ - овој принцип нема никогаш да заживее од едноставна причина што треба да се донесе со консензус.
Трето - не ти текнало до сега дека овие сојузи се создадени токму поради тоа......за да ги штитат интересите на своите членки.
Четврто - и' доколку постои барем минимална надеж во догледно време да се реализира ова идеа, не мислиш дека Грција ќе најде една или две пријателски држави кои на крај пак ќе го оспорат нашето зачленување во НАТО ?

Веруваш, не веруваш, мене ништо не ми значи. Доколку МекКејн од Канада беше избран за нов ген. секр. на НАТО оваа одлука 99% ќе поминеше.

Сеуште ја имаме нивната поддршка и оваа одлука ќе биде и понатаму туркана.
Дали ќе биде консензус минус 1-3 ќе видиме.

Сума сумарум - лажна надеж.
Или евентуално свесно лажење.

Се работи за пристап до информации. Кога ќе дојде до ова, ќе ти дадам транскрипција за ова што ти го зборам, во случајов јас не зборам на празно.

Можно сценарио, но за жал минимална можност за негова реализација.

Зошто ?
Временски теснец.

Ај да претпоставиме дека процесот ќе трае некаде од пет до шест години. Следат жалби, поплаки кои ќе одземат најмалку уште две години.
Тоа се седум или осум години.
Доколку одлуката е во наша полза, верувај дека грција ќе изнајде инстурументи за да ја - или минимизира пресудата, или пак одолговлекува нејзината реализзција најмалку во наредните 7 или 8 години.
И после 15 години ние ќе станеме членка на НАТО (а за тоа време ќе бидеме блокирани во нашиот пристап кон ЕУ) со референцата ФИРОМ и со недефинирана нација???

Сеуште имаш надеж од процесот во Хаг ?

Ова ти се вика тресење од ракав. Само колку да не се согласиш со мене, не за друго.

Ти имаш ли воопшто надеж во животот? Или таа надеж ти е поврзана со папочна врска со партиската функција?

Па како....објасни ми ?
Вчера на дебатата на А1, Ермира иниректно го објасни ставот на ДУИ кој гласи - "И нашата конструктивност има граници"
И ?
Што нудиш како одговор ти на ова ?
Ќе кажеш само нема да помине....и готово, завршена работа ?

Ермира може секакви работи да каже, сигурно нема пред своите гласачи да рече поинаку. Кај Албанците палат само радикалните изјави, дека нешто се бара, дека се уценува.. а на ДУИ им е битно да си ги сместат газињата во фотељите.

Во секој случај ајде сериозно размисли, што тоа ќе направеле Албанците, повторно в планина бидејќи сакаат во НАТО а нашето име ги спречува? :pos2:

И Ахмети имаше претходно интервју на А1 после кое ви паднаа во вода сите конструкции претходно.
Јас не се замарам со вакви рекла-казала муабети.

Кажи ми дека ова несакајќи ти излета па ќе те разберам.

Дали тебе ирелевантни ти се интересите на земјава или задоволување на настрани фетиши каде се понижуваш самиот себе и прифаќаш се што ти е наложено?

Бем ти карактер.

Постојат уште начини ?
Те молам долови ги.

Со нетрпение ги очекувам :helou:

Следи ја дискусијава, што да ти кажам.

И повторно не најде за доблест да одговориш на претходните работи, толку ли си мизерен ..барем кажи...признавам во право си, а не ко куче со свиткан опаш премолчувај брее.. :tapp:
 
Реален,

Што верглаш дневна политика, кога прашањево е далеку од СДСМ, ДПМНЕ односите. Постојат две патеки во нашата сегашност по кои можеме да тргнеме, едниот од нив е проституција. Јас не сум за простуитуција, а и повеќето не се. Мене не ми се свиѓа наивноста на ДПМНЕ, но уште повеќе не ми се свиѓа трулежот во СДСМ. Место да гледаш на работите со отворени очи ти ги затвараш. Прашањето е јасно и гласно поставено, СДСМ можеше(имаше реална можност) да го реши, ако како што викаат имаат решение. Говорот твој не се разликува од тој на Фрчковски во кампањава. Одиш бајаги оф топик.

Прашањето е надвор од партиските препукувања. Едноставно, за што преговараме или како што реков, која е крајна цел на преговорите. Јас не видов анализа од твоја страна, туку партиски обвинувања. Додуша можеш ти тука да тераш и кампања ако сакаш, ама зборот на СДСМ не те прави тебе апсолутно во право. Ако не ти текиња ароганцијата е и една од причините што СДСМ се наоѓа, таму кај што се наоѓа.

Но толку од дневна политика од мене. Ако тераш понатака така, више не ни мислам да одговарам на твоите постови, не за друго, туку дека ја расипуваш темава.

А како досега да беа свртени нанадвор,абе ај не заебавај барем ти.:smir:
Никаде, купи ден политика.
 
Извадоци од Грчки весници, само потврда на дел од моите зборови:

Весникот „Врадини“ коментира дека непосредно пред средбата со Караманлис американскиот претседател со „студен туш“ ја полеал грчката страна, бидејќи официјално и категорично дал до знаење дека нема да има промена во политиката на САД кон Македонија.

Ердоган - шериф на САД, Турција издигната во стратешки партнер на САД во регионот“, пишува весникот „Етнос“, истакнувајќи дека во Стразбур американскиот претседател ги повикал европските лидери да ја прифатат Турција како полноправна членка на ЕУ.

Весникот „Елефтерос типос“ забележува дека Ердоган и Ѓул се заканиле да ја упропастат сесијата на самитот на НАТО ако не добијат дивиденти од изборот на Расмусен на позицијата генерален секретар на Алијансата.
Весникот коментира дека Европејците биле растревожени од геополитичкииот мост меѓу Вашингтон и Анкара, чиј темел треба да се стави со денешната посета на американскиот претседател на Турција.

Па размислете уште еднаш ако не :))

http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=09/obama-06-04.wmv&VestID=106837http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=09/gruevski-ivanov-05-04.wmv&VestID=106803
 
Абе да те чита тебе море чоек некој и да се прашува дали си напијан или си надрогиран.. абе ти сериозен си море? грција ќе се распаднела и доминатна улога ќе имала америка? абе во прилеп кај мене на мода е хероинот кај наркоманчињава.. ама ни тие не одат олку многу во крајности со размислувањата.. абе ти пак ќе прашам сериозен си?
ај сеа на кратко од она што го запамтив гледам многу си изнатропал..
Ставот на Америка во однос на Македонија нити е нити ќе биде променет. Ние сме Република Македонија за нив, ама ако сакаме во НАТО не можи со тоа име.. и точка! Тоа е конечниот став.. нема промена кај американците..
После си тропал нешто како демек Југославија била против Сад, па тие ја распаднале, па исто така и Србија и незнам што..
И каква врска има тоа со грција? Па и да е така како што викаш ти.. да ја распаднале тие американците и да ја поделиле Србија со Косово.. еве јас делам, делам и сеуште делам цела вечер.. ама никако да ја поделам грција..
знаеш зошто? незнам на што да ја делам.. Југославија можеш да ја делиш на Срби, Хрвати, Словенци, Македонци, босанци... Србија на Срби и Албанци кои живеат во Косово.. ама јас сеуште ја делам Грција верувај.. им правам услуга еве на американците.. и знаеш на што ја поделив? На острови и полуострови! А ти продолжи да ја делиш.. и кога ќе дојдеш до некое решение пиши го овде.. радо би го проучил..
Друга работа е што Грција е во НАТО! Што значи тоа? Ако таа се подели или како што викаш ти пропадне.. што ќе биде со НАТО? Ќе ја примат Македонија на нејзино место а? и ништо.. Југославија / Србија на една страна и Грција на друга страна се толку различни што немам време вечерва да ги пишувам овде разликите.. а ти продолжи да се надеваш дека САД ќе ја уништат Грција и така ќе ни олеснат нас.. млад си.. надевај се.. можеби ќе доживееш и тоа да го видиш.. се надевам..
П.С. Колку за информација јас сеуште ја делам грција.. и немам решение.. пробај ајде ти..
 
Да ти даам од дрогава да пробаш и ти малце, можеби ќе ти биде поарно!?

Никаде не стои клаузула на темава дека мора да се сложиш со моето мислење, но ценам убаво образложено мислење, а не нафрлање во муабет колку да се најдиме.
 
Да Да.. добро образложување имаш.. ова кажувај го кај некои деца во основно.. ако сакаш и книга напиши.. па дај им ја нека ја учат..
А тоа кога ќе се распадни Грција вака како што викаш ти.. дојди овде.. ако тоа биди некогаш.. како што реков додека сме живи..
Нафрлање било..
И продолжи да си ја земаш дрогата.. гледам делува.. ама гледај да не ја мешаат со гипс.. провери ја прво..
 
Грција се дели на албанци, турци, македонци, цигани, еѓипјани...а грци воопшто нема. Јас ја поделив :) од поодамна и тоа :) само сеуште не сум почнал да ја сечам со нож, зацртувам сега за сега линии.
 
Грција се дели на албанци, турци, македонци, цигани, еѓипјани...а грци воопшто нема. Јас ја поделив :) од поодамна и тоа :) само сеуште не сум почнал да ја сечам со нож, зацртувам сега за сега линии.

Прати го ова во Американската амбасада во Скопје.. направи им услуга.. ја подели Грција.. :smir: можеби ќе успее којзнае.. и пази со тоа ножот.. не го носи со себе кога одиш во амбасада.. ќе свирне детекторот за метал на влезот.. па ќе наебеш.. ке завршиш како оној германецот кај нас за нова година.. во некој логор на ЦИА во близината на Велес.. по текот на Вардар.. :smir:
 
Не се секирај ти за мене :) влезот за мене во амбасада е секогаш отворен. Си знам ја што носам кога идам некаде, и што цртам како цртам. Ти си тој на кого некои работи не му се јасни.

Ама ок, ти по свое, ја по мое, ти на дроги ја на дроги. Неко меџу нама није наш.
 
Не е толку силна грција колку што сме ние слаби!!!
Нивната општествена кохезија се одржува преку создадениот страв од надворешни непријатели и преку создадените догми за нивното потекло.
Упростено кажано, грчкото општество би се распаднало како кула од карти доколку само ја намалат, а камоли да ја прекинат нивната, за внатрешна употреба, пропаганда.
 
Многу јасно, затоа велам претходно. Да избориме само културна слобода и културно будење, не само на Македонците доле туку и на Албанците и Турците.

После тоа природно ќе дојде до расцепкување на Грчкото национално ткиво.
 
Забележувам само повредено его и лажна доза на сигурност во секоја твоја реплика. Од што неможеш да издржиш ќе се откорнеш ако треба за да пишеш обратно.
Политички аналитичар, економски аналитичар, психо-аналитичар............што е следното ?
Гатање у кугла или гледање на карти ала Сабина :)
А анализите никогаш неможат и несмеат да бидат статични, бидејќи во спротивно ќе се правеа еднаш само и повеќе никогаш.
Секоја ситуација раѓа нови анализи и компарации, врз кои делумно можеш да направиш проценка.
Не велам јас дека анализите треба да бидат статични и неменливи, грешно си ме разбрал.
Она на што сакам да ти укажам е дека твоите анализи не кореспондират со реалноста, туку се базирани на лажна надеж.
Во времето кога Америка ја активираше својата дипломатија за да ни помогне во спорот, тогаш ти пишуваше за некакви тројански коњи и англиски кралици.
Сега, кога анализите на сите домашни и меѓународни релевантни аналитичари укажуваат на одалечување на Америка од балканските горлливи прашања, ти САД ги ставаш во секоја можна комбинација за поволен исход од спорот помеѓу Македонија и грција.
Немаш чувство дека анализите ти доцнат едно седум/осум месеци ?
Имаш ситуација САД и нивната политика пред и после Букурешт.
Грција го сврти моментумот против себе што се однесува до политиката на САД кон нас.
Убаво што си разбрал дека арогантноста на грција оди во наша полза.
Лошо е што и овде доцниш со анализата.
До пред неколку месеци грција важеше за лошото момче во спорот.
Денес релевантните меѓународни фактори на спорот гледат како борба помеѓу две арогантни страни.
Епилогот од политиката на покажување мускули, секојдневно го гледаме.
Денес позициите на Македонија се далеку послаби за разлика од времето кога мудроста одеше чекор пред глупоста.
И знам дека твојата реплика на ова ќе биде дека демек само со остра игра ќе бидеме сфатени сериозно.
Веднаш да ти одговорам дека единствено сериозно ќе бидеме сфатени, само доколку ги прекинеме преговорите и јасно дадеме на знаење дека немаме никаква намера да преговараме за нешто што е наше.
Се' друго е лук и вода.
Поддршката на САД е во насока на целосно адаптирање со нивните интереси на Балканов.
А во иднина обрни внимание на синхронизацијата на нашата политика со нивната.

Интересот на САД да се позиционира овде ја става единствено Македонија најгоре во листата на приоритети.
Епизодата “Косово“ е завршена.
Немаш поима колку би бил среќен доколку моите анализи се покажат како неточни за разлика од твоите.

Но како што реков - во нив не гледам никаква издржаност или сериозна аргументираност. Се се сведува на желби и надежи.
Доколку јас наместо реалноста овде би ги изложил своите желби, дискусијава би се претворила во СФ акција, а закчучокот би бил дека Македонија го држи светот на дланка.

Ако го земеш процесот на распаѓање на СФРЈ се до дисолуцијата на Србија, можеш да го проектираш врз политиката кон Грција.

Првин се потпалуваа етничките страни во СФРЈ, при што дојде до распадот. Тоа беше полесно поради федералниот карактер на СФРЈ.
Потоа во 10 години ја разделија Србија и не верувам дека нивниот процес на распаѓање е завршен.
Зошто го прават тоа? Паметен си валда ќе ти текне.
Кој е пречката за САД на Балканот, чија политика оди спротивно на нивните интереси?
За ова што си го навел не се растураат држави туку паѓаат влади.

Факт е дека ЦИА работи на паѓањето на владата на Караманлис, но далеку од памет ми е да помислам за паѓање на држави.
Турција пак, која е закрвена со Грција, стои на наша страна и игра голема улога во целава стратегија.
Денеска Обама беше во посета на Турција, а не на Грција.
Пред некој ден Клинтон Хилари имаше средба со Бакојани, а не со Милошов, исто како што и Обама имаше средба со Караманлис, а не со Груевски.
За да го промениш името не ти е потребна нечија наклонетост, а ти тоа го предлагаше.
За да направиш договор со грција во кој последиците ќе бидат минимални, и-те како ни е потребна нечија наклонетост.

За да бидеме на чисто, ти тврдиш дека нашата стратегија ќе резултира со влегување во НАТО и ЕУ под уставното име.
И сеуште тврдам дека имаме и други алтернативи освен НАТО и ги образложив кои се уште пред година дена.
Добро се сеќавам кога секое второ прашање ти беше “која ни е алтернативата“.
Точно. Убаво е да се чуе за некаква алтернатива. Но пред се таа да се базира на реални очекувања.
А тебе некој да ти речеше во 1980 дека СФРЈ ќе се распадне за 10 год. и дека за наредни 10 Косово ќе биде независно, ќе го земеше за сериозно?
Јас не, бидејќи во тоа време најверојатно играчките ми биле приоритет, но за некој кој ги следел политичките случувања во бивша југа, најверојатно и не би било некакво изненадување, бидејќи првите знаци на распадот се појавиле токму во почетокот на осумдесеттите.
Не се работи за добри односи туку за интереси. Нека биде така сепак, само колку да ти предочам на кратко:
Франција ги ризикуваше добрите односи со САД, поради Грција.
Зошто?
Бидејќи имаше интерес. Затоплување на односите со Русија која силно се наметна преку енергетската зависност на западна европа, преку блокирањето на Украина и Грузија.

И кеширањето од страна на Грција со договор од 40 милијарди евра за воена опрема во наредните 30 години чинам, со што се спаси од банкрот големото Француското воено производство.
Јес да ние сме интересни и постои некаква заинтересираност за овој дел од балканов, но не сме толку интересни за да предизвикаме тектонски пореметувања на светската геопоплитичка сцена.
Е сега, наскоро во Франција има избори и Саркози ќе падне.
Дали новиот предводник на Франција повторно ќе им пркоси на САД во име на Грција?
Па како тоа од менувањето на власта во Америка не очекуваме никаква промена во нејзините ставови спрема Македонија, а од менувањето на власта во Франција очекуваме промена на нивната политика спрема Грција ?
Нели моќните држави не ги менуваат своите политики преку ноќ ?
Или кој како ни одговара :)
Јас велам да си купиш пуканки и да ставиш 3Д наочари и уживај во распадот на Хелада.
Толку ми легна текстов, што едноставно нема да го коментирам.
Веруваш, не веруваш, мене ништо не ми значи. Доколку МекКејн од Канада беше избран за нов ген. секр. на НАТО оваа одлука 99% ќе поминеше.

Сеуште ја имаме нивната поддршка и оваа одлука ќе биде и понатаму туркана.
Дали ќе биде консензус минус 1-3 ќе видиме.
Ти набројав три причини зошто нема да помине, и една зошто ќе немаме никаква полза, и доколку по некоја случајност евентуално помине.
Се работи за пристап до информации. Кога ќе дојде до ова, ќе ти дадам транскрипција за ова што ти го зборам, во случајов јас не зборам на празно.
Во денешно време информациите го вртат светот.
Но истата улога доколку не си знаел, ја имат и погрешните информации.
Ова ти се вика тресење од ракав. Само колку да не се согласиш со мене, не за друго.
Не е тресење од ракав. Во ред, можеби малку претерав во проценката, но сепак периодот не би бил пократок од десет години.
Ти имаш ли воопшто надеж во животот? Или таа надеж ти е поврзана со папочна врска со партиската функција?
За партиска функција пријателе можеби сонуваш ти, но не и јас.
Мене животот ме научи надежта да ја темелам врз реални анализи очекувања и предвидувања.
Ермира може секакви работи да каже, сигурно нема пред своите гласачи да рече поинаку. Кај Албанците палат само радикалните изјави, дека нешто се бара, дека се уценува.. а на ДУИ им е битно да си ги сместат газињата во фотељите.
Да, можеби фотељата им е слатка, но дали ја виде пораката која електоратот им ја испрати на сегашните Претседателски избори ?
Во секој случај ајде сериозно размисли, што тоа ќе направеле Албанците, повторно в планина бидејќи сакаат во НАТО а нашето име ги спречува? :pos2:
Не би сакал да ти кажам што мислам доколку сериозно размислам по ова прашање.
И Ахмети имаше претходно интервју на А1 после кое ви паднаа во вода сите конструкции претходно.
Јас не се замарам со вакви рекла-казала муабети.
Е ова е веќе опасно. Не ми е јасно како можеш да ги видиш сите сериозни закани по стабилноста на државава, а само најсериозната да ја занемариш и ставиш под тепих.
Дали тебе ирелевантни ти се интересите на земјава или задоволување на настрани фетиши каде се понижуваш самиот себе и прифаќаш се што ти е наложено?
Бем ти карактер.
Немој уште еднаш да се обидеш да поентираш со вакви ниски удари.
Имам напоменато дека мојата цел во коментарите не е кукање плачење и барање виновници и предавници, туку барање решенија.
И повторно не најде за доблест да одговориш на претходните работи, толку ли си мизерен ..барем кажи...признавам во право си, а не ко куче со свиткан опаш премолчувај брее.. :tapp:
Не те разбирам. Кои работи ?
Биди љубезен и посочи ми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom