Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Шкодран Идризи, еден од обвинетите за хашкиот случај „Малтретирани мавровски работници“, бил фатен во Германија по потерница на Интерпол и набргу ќе биде екстрадиран во Македонија, потврдија вчера од Министерството за правда. Идризи е првообвинет во случајот што Хаг и го врати на Македонија, а бил фатен во Франкфурт минатиот четврток, по потерница распишана од Основниот суд во Тетово за фалсификување исправа. Против него има голем број кривични пријави, а по екстрадицијата во Македонија пред суд ќе одговара за сите кривични дела за кои се гони, вклучително и за случајот „Мавровски работници“ каде што е обвинет за воени злосторства против цивилно население.
- Известени сме од Интерпол дека осудениот Идризи е уапсен во Германија. Постапката за негова екстрадиција е во тек - велат од Министерството за правда.
Неизвесно е дали Идризи ќе биде донесен во Македонија за да присуствува на наредното рочиште за случајот „Мавровски работници“ кое е закажано за 13 април, со оглед на тоа што се очекува дека ќе помине најмалку еден месец додека тој да биде донесен во земјава за да одговара за делата за кои е обвинет.