AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Како педерите го разоткрија јавниот морал, а не обратно
Последниве години, хомо-делот од нашава младина прилично активно се фрли на кампања за менување на неговата слика пред јавноста, за демистификација и декриминализација во умовите на хетеро-остатокот. Се организираа во здружение, лепеа плакати, организираа филмски проекции, идеа по емисии и све што прави една невладина организација. Со ова (веројатно за првпат) го извадија проблемот од под тепих и првиот директен ефект беше излагањето на виделина на ставовите на нашето општество и неговите поединци во врска со нив.
Жестината на реакциите и прилично цврстиот отпор ме заинтригираа. Имаше лавина на ставови, некои умерени ("нека прават што сакаат само не пред мене"), други радикални ("само Аушвиц за нив"), али генералната атмосфера беше како хетеровциве да осетија закана кон веќе воспоставениот естаблишмент, како некој да тргнал сега да им ја трга чергата од под нозе. Луѓе од сите слоеви, сите религии, со секакви лични системи на вредност, луѓе што иначе никад не би седнале на иста маса, сите едногласно рекоа: неќе моќи!
Е сега, нејќам да навлагам зашто они го мислат тоа што го мислат, нивна работа си е тоа. Али нешто преку кое што неможам да поминам е дека работава ми е лицемерна. Вришти од лицемерие.
Имаме на пример фаци со став дека "тоа е неприродно", а истите тие фаци немаат никаков проблем со анален секс. Такви порно филмови се продаваат наголемо во градов и многу е веројатно дека они имаат изгледано барем дузина. После, имаме фаци што викаат дека "ако им се дозволи да се венчаваат, ќе се уништи светоста на бракот", а после прават прељуба и се разведувааат (две сосема легални појави, иначе), дури и црквата што е најповикана да го брани бракот, не дига никаква џева за тоа. И третото лицемерие, е кога луѓе викаат дека "не треба педерите да излагаат во јавност, одвратно е за гледање, дома што сакаат нека прават". Хаха, истите луѓе секнат нос на сред улица, паркираат на тревник, не застануваат на пешачки или џиткаат ѓубре од тераса. И гледаат порничи со лезбејки, хахаха. Дволични луѓе. Плус и силеџии, пошто они би затвориле некого дома само за да не им ја расипе прошетката.
Али најголемото лицемерие е ставот за моралноста. Значи тоа е кога некој тврди дека целава работа со правата на педерите е навреда за јавниот морал, прљава перверзија, чума на нашето општество и што све не. Истиот тој, утре ќе потплати некого (или ќе прими мито), ќе купи диплома од бит-пазар, ќе крши гласачки кутии, ќе купува украдена роба (точаци од Арачиново, на пример), и нема ни за момент да се осети крив, ниту ќе има проблем со спиење навечер. Стравотијата е што ваквиот двоен механизам на вредности функционира сосема беспрекорно кај него. Он едноставно неможе да ги поврзе овие две работи. Двајца чесни мажи фатени за рака на улица, на пример, ќе предизвикаат повеќе гадење отколку десет уапсени корупционери на националната телевизија. Па дури и кај тие што баш за нив гласале. Тоа е тажен пример на општата морална пропаст, себични лични вредности, отсуство на емпатија и конечен пораз на хуманизмот.
Хуманизмот. Овде има една интересна работа: кога ќе ги резимираме сите ставови на еден наш просечен, европски-орентиран граѓанин, значи све што го научиле дома, во школо, све што фатил од медиуми, книги, друштво и така натаму, ќе испадне една урнебесна комбинација, што ќе ја парафразирам вака:
"Јас сум за правата и еднаквоста на сите раси, националности, вери, полови и социјални групи, јас сум за еднакви можности за секого, толеранција, разбирање и соживот, освен за педерите што се нешто најгнасно."
Како што реков, пропаст. И дали сум ненормален што мислам дека фактот што нечиј став за педерите е совршено компатибилен со вредностите на еден талибански духовен водач, задрт поп од планина, полу-писмен скинхед и разулавен српски четник би требало да го натера да се преиспита?еве читајте сите вие "космополити". текстов не е мој, преземен е од еден блог, но целосно се поклопува со моите размислувања. читав на претходните страни идеи дека тоа ќе влијае на економијата, прочитав погоре дека имало хиерархија и подреденост во семејството (како ли јас пораснав без горенаведената хиерархија) и не знам со кој памет семејната хиерархија (која да, постои, родител-дете и Толку) ја споредија со хиерархија во фирма или посада на брод, но, ок, секој растел со различни родители. и за ваша жал, наша радост, хомосексуалноста е едно од нештата кои секогаш сте ги имале покрај "вас" (кои и да сте Вие) и секогаш и ќе ја има.