Студенти Албанци повикуваат на бојкот на изборите

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Na narodot veke mu e maka od od meguetnicki prepukuvanja,sakale ili ne albancite ziveat vo ovaa drzava i mora da se pomirime so toa,pozz
 
Еве кон што се цели:

Економист: Одзивот може да биде под 40%

Македонија може да се соочи со проблем доколку излезноста на гласачите на изборите в недела биде под 40 проценти, во кој случај би морало да има прегласување на истите.
Ова во своја анализа го наведува британскиот весник „Економист“, кој како причина за евентуален неуспех на изборите, ја наведува малата популарност на потенцијалниот победник, претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, кај албанското население во Македонија.
Доколку повеќето од нив не гласаат, одзивот може да биде под 40% и во тој случај ќе треба да има прегласување, пишува весникот
„Тоа може да биде проблем, кој на Македонија не и треба. Нејзината економија е во тешка состојба. Извозот на метали, текстил и земјоделски производи е намален. Невработеноста е висока, јавните расходи треба да бидат намалени, а висока е и напнатоста во земјата“, наведува „Економист“.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106684
 
Кон што се цели? Не видов нешто конкретно.

Инаку, не можам да зборам во име на цело население или цело село, ама во мое име ќе кажам: веројатно ЈАС нема да гласам бидејќи немам избор. Не ми се гласа ни за Иванов, ни за Фрчковски.

За ова би ги обвинил они што ни го дадоа овој избор (кој воопшто не е избор).
Ќе потретам (два пати веќе кажав) дека голем дел од населението (без разлика на етничкото потекло) нема интерес да гласа. Токму тука е и стравот, не во Албанците. 40% е кворумот. За да поминат изборите треба да излезат на гласање околу 700.000 гласачи. Вкупен број на гласачи е околу 1.700.000. Албанци гласачи да речеме има 500.000, пак има многу повеќе од потребни гласачи и кога би ги исклучиле Албанците. На многу малку луѓе им се гласа за еден од овие двајца. Бројот на луѓе на кои им се гласа ќе беше уште помал да немаше закани за отпуштање од работа, ама тоа е еден башка муабет.

Едит: целиот текст од Економист доколку сакате да го прочитате
 
На постот од другата страна објаснив кон што поточно се цели.
 
Со тоа што одбиваш да гласаш, процентот на излезеност паѓа.
Ако се претпоставува дека дури 200.000 албанци апстинирале од гласањето во првиот круг, се доаѓа до голема бројка која може да се зголеми и може да има две опции:

1. Албанците не го признаваат новиот Претседател.
2. Нема доволен % на излезеност и се оди на повторување, каде теренот за злоупотреба и диверзии е значително поголем поради притисокот.

Намерно се опструираат изборите бидејќи најголема веројатност да победи има кандидатот на ВМРО.

Во меѓувреме се користат сите методи да се дојде до преврат од страна на СДСМ и бојкотот кој првин беше спомнат од нивна страна,а сега верувам поддржан и од полтроните на ДПА како што ти нафрли, е во корелација со “мастерпланот“ на Б.Ц. за радикализирање и продуцирање политичка криза во земјата.

Само на една опција не и одговараат мирни избори и меѓународно признание.
И се трудат со сите сили да го променат тоа, дали со фингирани протести, со вметнување на свои структури, со кодошење во странство, медиумско клеветење и водење кон состојба на несигурност, стварање психички притисок врз луѓето.

Доколку излезеш на избори и ги бојкотираш на начин што ќе го поништиш лично своето ливче, нема да му помогнеш на Иванов бидејќи НЕ гласаш за него, туку ќе им одмогнеш на оние кои сакаат да создадат повторно немири и криза на која политички би профитирале.

Сепак, како што Птицата се изјасни, можеби не е во ваш етнички интерес да победи подобрата опција за Македонците бидејќи вашите позиции се послаби. Па нормално да преферирате послаба опција од наша страна за да извлечете повеќе. Јас така би играл на ваше место.

Но, ќе додадам дека сепак и покрај некоја реална загриженост која секогаш треба да се има во овие комбинаторики, мислам дека Македонците ќе одговорат на предизвикот и самите ќе ги разрешат сите дилеми.
Штета што ти и останатите Албанци нема да учествувате во тоа, бидејќи не се сметате веројатно за дел од овој народ.
Aj ova sto go objasno da go preskokneme, oti realno nemase vrska so prasanjeto koe ti go postaviv.
Znaci prasanjeto bese: od kade zakluci deka so bojkot na izborite od moja strana indirektno mu pomagam na frcko da bide pretsednik?

p.s. iskreno, kur me zabole za site kombinatoriki na brane, dpa, i site drugi. Imam glava, imam svoj stav, znam da rasuduvam i spored toa deluvam.
Nejkum be Ivanov da mi bide prertsednik i kraj.
 
Ако се претпоставува дека дури 200.000 албанци апстинирале од гласањето во првиот круг, се доаѓа до голема бројка која може да се зголеми и може да има две опции:

1. Албанците не го признаваат новиот Претседател.
2. Нема доволен % на излезеност и се оди на повторување, каде теренот за злоупотреба и диверзии е значително поголем поради притисокот.
има и 3
3. Партиите настапуваат со нови кандидати. Кандидати за кои ќе нема стравување дали воопшто некој ќе ги гласа бидејќи сите ќе сакаат да излезат да гласаат за нивниот пулен, без разлика кој е тој. Реков, Princ нема да биде учесник во натпреварот наречен "ќе кандидирам магаре и ќе победи само бидејќи ЈАС го кандидирам".
Намерно се опструираат изборите бидејќи најголема веројатност да победи има кандидатот на ВМРО.
Најмалку што е реално очекување за мене е партијата на власт да има 40% од гласачкото тело, дури и тоа е малку. Сакаш да ми кажеш дека само ВМРО нема 40% од гласачкото тело а е на власт? Тука има тогаш 2 варијанти
1. ДПМНЕ може да биде симната од власт бидејќи има пример 20% од гласачкото тело а тоа е премногу малку
2. Дури и тврдокорните ДПМНЕ-овци не сакаат да гласаат за кандидатот кој го има предложено нивната партија.
Проблем е секако.
Во меѓувреме се користат сите методи да се дојде до преврат од страна на СДСМ и бојкотот кој првин беше спомнат од нивна страна,а сега верувам поддржан и од полтроните на ДПА како што ти нафрли, е во корелација со “мастерпланот“ на Б.Ц. за радикализирање и продуцирање политичка криза во земјата.

Само на една опција не и одговараат мирни избори и меѓународно признание.
И се трудат со сите сили да го променат тоа, дали со фингирани протести, со вметнување на свои структури, со кодошење во странство, медиумско клеветење и водење кон состојба на несигурност, стварање психички притисок врз луѓето.
Бане се враќа? Дајбоже. Мене не ми смета тоа како поборник и верувач во потребна силна опозиција. Не мора сите да сме ВМРО-вци, не мора сите да се согласуваме со мислењата на Груевски. Или спротивното. Поинтересна е играта кога ќе има силна опозиција.
Доколку излезеш на избори и ги бојкотираш на начин што ќе го поништиш лично своето ливче, нема да му помогнеш на Иванов бидејќи НЕ гласаш за него, туку ќе им одмогнеш на оние кои сакаат да создадат повторно немири и криза на која политички би профитирале.
Не, така им помагам на двајцата кандидати бидејќи тој со повеќе гласачи ќе победи. А токму тука е проблемот. Јас немам проблем со СДСМ или ДПМНЕ (немам ни симпатии). Имам омраза и одбивање према двајцата кандидати. Значи јас не сакам ниеден од овие двајца да победи.
Сепак, како што Птицата се изјасни, можеби не е во ваш етнички интерес да победи подобрата опција за Македонците бидејќи вашите позиции се послаби.
Нашите позиции послаби? WTF? Нашите позиции би биле силни само кога еден од кандидатите е етнички Албанец. Не му е гајле на никој директно дали ќе победи Фрковски, Иванов, Бошковски, Црвенковски, Глигоров... Знаеш, нашата позиција секако е слаба. А Македонците формираат мнозинство во земјава. За да бидат успешни изборите потребни се 11% помалку од мнозинството население или пола Македонци отприлика да излезат на гласање. Ако тоа ви е во интерес, излезете и гласајте.
Но, ќе додадам дека сепак и покрај некоја реална загриженост која секогаш треба да се има во овие комбинаторики, мислам дека Македонците ќе одговорат на предизвикот и самите ќе ги разрешат сите дилеми.
Штета што ти и останатите Албанци нема да учествувате во тоа, бидејќи не се сметате веројатно за дел од овој народ.
Подло е да бараш од мене да излезам на гласање и да го гласам твојот пулен, а доколку не го направам тоа да ми викаш дека не сум дел од овој народ. На такви карти игра ДПМНЕ и тоа е една од причините зошто ги мразам.
 
Барем биди чесен Албанец бе и играј со отворени карти.

Подло е да бараш од мене да излезам на гласање и да го гласам твојот пулен, а доколку не го направам тоа да ми викаш дека не сум дел од овој народ. На такви карти игра ДПМНЕ и тоа е една од причините зошто ги мразам.

Јас никаде не реков да гласаш за Иванов!

Затоа не си играј на зборови.

Не, така им помагам на двајцата кандидати бидејќи тој со повеќе гласачи ќе победи. А токму тука е проблемот. Јас немам проблем со СДСМ или ДПМНЕ (немам ни симпатии). Имам омраза и одбивање према двајцата кандидати. Значи јас не сакам ниеден од овие двајца да победи.

Немаш избор, а кандидите нема да сменат. Како и да е, мислам дека премногу енергија се троши на темава.

Прајте како мислите, но ќе дојде момент кога твоите интереси ќе бидат во мои раце па не очекувај да покажам разбирање.
 
Прајте како мислите, но ќе дојде момент кога твоите интереси ќе бидат во мои раце па не очекувај да покажам разбирање.
Ke pokazes, ke pokazes, i oro ima da igras. :)
 
Јас никаде не реков да гласаш за Иванов!
Сам се заеба. Значи Иванов е твој пулен? :icon_lol:
Немаш избор, а кандидите нема да сменат. Како и да е, мислам дека премногу енергија се троши на темава.
Знаеш, токму за во вакви случаеви е оставена можноста за бојкот, како врло демократско средство (многу повеќе демократско од полнење на АК-47 и кршење на кутии бидејќи ниеден од кандидатите не ти се допаѓа :icon_lol:)
Прајте како мислите, но ќе дојде момент кога твоите интереси ќе бидат во мои раце па не очекувај да покажам разбирање.
Истото да му го кажеш и на Дејан од Тафталиџе кој на овој текст на А1 сајтот коментира:
6. Dejan од Taftalidge на 03.04.2009 во 13:25 напиша:
Ne glasam za pingvini, edniot voobrazen drugiot nedoobrazen. Site znaeme za koj e shamarot na ovie izbori. Narodot se povekje e spremen da kazni. neka se zamislat malku debelokozite kade gresat
Реков, вие немате проблем со Албанците, имате проблем самите со себеси. Од 70% население, 40% не верувате дека ќе излезат на гласање. Албанците како гласачи кои формираат САМО 25% од гласачите во цензус од 40% немаат никаква вина за евентуално неуспешни избори. Излезете сами, сите Македонци, и изгласајте си го прецедникот.
 
Сам се заеба. Значи Иванов е твој пулен? :icon_lol:

Знаеш, токму за во вакви случаеви е оставена можноста за бојкот, како врло демократско средство (многу повеќе демократско од полнење на АК-47 и кршење на кутии бидејќи ниеден од кандидатите не ти се допаѓа :icon_lol:)

Истото да му го кажеш и на Дејан од Тафталиџе кој на овој текст на А1 сајтот коментира:

Реков, вие немате проблем со Албанците, имате проблем самите со себеси. Од 70% население, 40% не верувате дека ќе излезат на гласање. Албанците како гласачи кои формираат САМО 25% од гласачите во цензус од 40% немаат никаква вина за евентуално неуспешни избори. Излезете сами, сите Македонци, и изгласајте си го прецедникот.

Јако се заебав чим ти велам да негласаш? :tapp:

А со Дејан од Тафталиџе можам да се согласам целосно, бидејќи пола гласачко тело не го искористува своето право.
Незаинтересираноста на гласачите како појава не е проблем само во Македонија, можеш за споредба да земеш и мн. други европски земји, а и САД каде % е едвам 50%.

Сепак од онаа половина која гласаше околу 60% од граѓаните е добра излезеност, но сега дел е повикана на бојкот од страна на 1. СДСМ (тивко) и 2. ДПА преку студентите и членството.

Знаејќи дека членството само на 1. изнесува 200.000 кое редовно гласа, тогаш % од 40% излезеност е на граница.

На ова додај ги сите фингирани протести и ширење психоза, како дополнителен фактор за демотивација на оние кои тежнеаат да ја гласаат владеачката партија.
 
Добро де и да не успеат изборите голема работа. Вршител на должност ќе биде Трајко Вељановски. Ќе има нови избори за 6 месеци и пак СДС ќе изгуби. И така може они да се инаетат неколку години и неколку години ќе губат избори.

А на избориве се виде колку реално има Албанци во Македонија а колку се гастербајтери. Најмала беше излезноста во западниот дел на Македонија, така да и да не излезе ниту еден Албанец ќе има минимум 45 посто излезеност.
 
Така им се остава простор за рушење на системот преку разни диверзии.

Не би ги потценувал.
 
VO NEDELA SITE NA GLASANJE ZA IVANOV
 
Кон што се цели? Не видов нешто конкретно.

Инаку, не можам да зборам во име на цело население или цело село, ама во мое име ќе кажам: веројатно ЈАС нема да гласам бидејќи немам избор. Не ми се гласа ни за Иванов, ни за Фрчковски.

За ова би ги обвинил они што ни го дадоа овој избор (кој воопшто не е избор).
Ќе потретам (два пати веќе кажав) дека голем дел од населението (без разлика на етничкото потекло) нема интерес да гласа. Токму тука е и стравот, не во Албанците. 40% е кворумот. За да поминат изборите треба да излезат на гласање околу 700.000 гласачи. Вкупен број на гласачи е околу 1.700.000. Албанци гласачи да речеме има 500.000, пак има многу повеќе од потребни гласачи и кога би ги исклучиле Албанците. На многу малку луѓе им се гласа за еден од овие двајца. Бројот на луѓе на кои им се гласа ќе беше уште помал да немаше закани за отпуштање од работа, ама тоа е еден башка муабет.

Едит: целиот текст од Економист доколку сакате да го прочитате

Незнам само која логика те доведе до 500.000...
Да потсетам:

Ѓорге Иванов 343.374
Љубомир Фрчкоски 200.316
Имер Селмани 146.795
Љубе Бошкоски 145.638
Агрон Буџаку 73.567
Нано Ружин 39.645
Мируше Хоџа 30.281

Значи 146795-60000 минимум(гласови од неалбанци)+73567+30281=191643 максимум....

Така да се работи за ца.190000 гласови за кои овде на темата станува збор...
 
Не знаеш и самиот изгледа дека и голем дел од Албанците не гласаа на избориве. Имам 5 гласачи дома (татко ми, мајка ми, брат ми, жена му и јас).
Пред 2 недели само јас гласав :)

Во секој случај, да речеме дека Албанци гласачи има помалку од 200.000.
За да бидат успешни избориве треба нешто повеќе од 700.000 гласачи да излезат на гласање.
Ако целото гласачко тело е 1.800.000 (официјалната бројка е 1.792.082 гласачи) тогаш за 700.000 немате гајле, можете и сами :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom