Odgovorot za toa koj gi organizirashe antinato protestite i palenjeto na amerikanskata ambasada ke ti gi dam na ovaa tema:
Ti uste go veruvash ova? Tesko tebe.
Iako po citatov ne veruvam deka voopshto ke se obidesh da porazmislish za iznesenite viduvanja na ludje koi bile involvirani vo nastanite.
ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА ( 19)
УДБАШКИ ЈУРИШ НА АМБАСАДАТА
И покрај тоа што Македонија стекна независност, македонската СДБ понатаму остана во силни релации со разузнавачките структури на Милошевиќ во Србија. Практично, СДБ со години во Македонија дејствуваше како разузнавачки центар на Централата во Белград.
По формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година се создадоа претпоставки да се изврши радикална реформа и во СДБ, во насока на етаблирање ефикасна, професионална и високооперативна служба. Во СДБ беше испратен Љубе Бошковски, како политичка логистика за почнување на толку посакуваните реформи. Прво што им предочив е дека мора веднаш да ја реформираме тајната полиција зашто во спротивно таа ќе не реформира нас. За жал, настаните што следеа го потврдија второто.
На почетокот работите добро тргнаа, пред се со расчистување на организираниот криминал. Во 1999 година за неполни три месеци беа приведени 42 директори од т.н. средно ниво, што имаше несомнено големи позитивни последици за државата. Се создаде клима дека даноците мора да се плаќаат или ќе следува бескомпромисно расчистување со бизнисмените. Државниот буџет ефикасно се полнеше.
Тогашниот опозиционер Црвенковски веќе почнува да го фаќа немир. Беше свесен дека, ако така се продолжи, ВМРО-ДПМНЕ навистина ќе владее наредните сто години, како што најавуваше. Тајниот центар на СДСМ во СДБ веднаш почна со своите игри за благовремено да се прекине овој за нив непожелен тек на настаните. Прво почна да ги инсталира посакуваните кадри за да обезбеди континуитет во контролата на тајната полиција. Во прилог на тоа му оди одбојноста на Георгиевски кон 'маргиналната и небитна СДБ', како и лекомисленоста и во одредена мера, авантуризмот на Бошковски.
Овие околности набргу му овозможија на тајниот центар на СДСМ реално да го контролира СДБ. Ефектот на тоа беше попречување на сите акции спрема т.н. крупни олигарси, иако кај владата во тие почетни моменти постоеше политичка волја да се справи со нив. Наместо да следува втор бран приведувања, поради наведените причини, планот тивко беше напуштен. Малубројната група агенти во СДБ, кои недвосмислено стоеја на патриотско-националната македонска линија, беа маргинализирани, а акциите запрени.
Истовремено тајниот центар на СДСМ обилно ги користеше механизмите на службата за оцрнување и дискредитација на тогашната влада и на премиерот Георгиевски. Беа продуцирани најразлични инциденти и афери, меѓу кои, секако една од најзначајните, беше обидот за палење на амбасадата на САД во Скопје.
Овој настан се реализираше во копродукција на безбедносните структури од Белград и инсталациите на КОС во македонската СДБ, и тоа во мошне чуствителниот период на големо антинатовско расположение поради нападите врз СРЈ. Во мотивите за овој инцидент важна улога има и суетноста и осветољубивоста на Црвенковски, кој беше незадоволен од тоа што во тој период американскиот амбасадор Кристофер Хил имаше одлични односи со премиерот Георгиевски.
Легендираното покритие за реализирање на сценариото беше организирањето протестен митинг на Србите во Македонија. Црвенковски притоа дава виза членството на СДСМ да се активира за учество на овој протест. За овие детали ќе биде задолжен Миле Зечевиќ, сегашен директор на СДБ, инаку со силни семејни релации со луѓе од југословенските безбедносни структури. Сценариото перфектно ќе функционира. Во даден момент голем број граѓани ќе дојдат пред амбасадата на САД за насилно да влезат во неа. Во тој момент тајните структури на СДСМ во СДБ, кои цело време се на врска со т.н.оперативен штаб на опозицискиот СДСМ, кој го раководи Црвенковски, оценуваат дека е потребно да се изнајде начин еден дел од полицискиот кордон пред амбасадата да се повлече, а останатите да се пасивизираат и да не го попречуваат народот да влезе во амбасадата. Црвенковски му издава таква наредба на Бранко Бојчевски, кој е дел од штабот на СДСМ. Бојчевски, пак, му се јавува на својот човек Борко Марковски од скопската полиција, кој раководи со полицијата пред амбасадата, и му ја пренесува наредбата. Истовремено, специјални агенти на СДБ шират психолошка пропаганда помеѓу полицајците во стилот 'кого браните?', 'оваа предавничка влада е готова' и слично. За да биде 'легално' повлекувањето на дел од полицијата од пред амбасадата, смислена е варијанта дека е потребно да се одведе дел од полицијата пред хотелот 'Александар Палас' за, наводно, да се заштитат возила на странските претставништва од 'разулавената' маса граѓани.
За среќа, тогашниот министер Павле Трајанов, успеа да го осуети пеколниот план. Тој дојде лично на местото на настанот и влезе во амбасадата преку еден од тајните влезови на објектот и лично го презеде раководењето со полицијата. Веднаш издаде наредба за активирање и на специјалните полициски сили. Штабот на СДСМ, најверојатно уплашен од ваквиот развој на настаните, ги пасивизира митингашите. Немилиот настан ќе заврши со неколку запалени возила и фрлени факели во внатрешноста на објектот.
Заменик-секретарот во стејтдепартментот Строуп Талбот подоцна упати јавна благодарност до Трајанов за заштитата на американската амбасада и за спречувањето пошироки политички импликации.
Посебно што ми остана во сеќавање од овој немил настан е тоа што во еден момент настапи целосна блокада на сите полициски комуникациски средтства (радиостаници-телефони), кое нешто траеше околу шеесет минути.
До ден-денес не е расветлен овој многу битен момент, односно, кој е тој субјект што во критичниот момент имал таква извршна или технолошка моќ и знаење да го блокира системот за комуникации и да направи невидена диверзија во системот на комуникација, токму во моментот кога беше потребна непрекината и постојана врска помеѓу припадниците на МВР.