Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
На тоа место каде сакаат да изградат црква, постоела црква.
Прашајте ги старите скопјани.
Кој уништува верски објект без да ги праша верниците ?

Признавам дискусија за архитектонски решениа за Скопје.
Признавам и борба демократска, улична итн...

Па и за храмот на мајка Тереза имаше спротиставени мислења ама си го зема местото, фати корен, дури дојдоа од Индија докуметарец да снимаат, воодушевени од храмот на мајка Тереза.
Исто се плукаше по весници.

Вво било која точка на планетава да се сличи спој на овакви групи, има тепачки.
Македонија не е изолиран случај.
ooooooooh ..tepacki bilo normalno ......odi vo Severna Koreja ...tamu sekoj den ke te tepaat
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
До еден пријател...
заедно бевме на протестите за зачувување на името Македонско...
заедно бевме на протестите на „Достоинство“...
не разделија изродите...
иако и кај последнава акција бевме истомисленици... јас сепак застанав од другата страна на барикадите...
Ти се извинувам пријателе, оти бев од другата страна... за мене ти не си предавник... сега ме нарекуваат хулиган, а тебе маченик... само затоа што осеќав дека спротивната страна е погрешната...
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Немој ми на муку стајат.

Дури и предложив вчера, откако увидов дека ситуацијата е сериозна да направиме вака: изјава за медиуми дека нема да протестираме на зададената локација поради неможност и желба да не се провоцираат луѓето таму, и да се префрлиме на Уставен преку камени каде симболично ќе ја потенциравме нашата определба. Сепак, мнозинството сакаше да ја направиме сепак „коцката“ десетици метри настрана од толпата, верувајќи дека нема некој да тргне и да клоца. Никој не сака да е тепан, така?
Да сте го направеле тоа, сега сигурно нападите и критиките ќе одеа во друг правец. А вака го чепнавте обичниот МАКЕДОНЕЦ онаму каде што го боли највеќе. Да те потсетам, овој народ опстои највеќе поради верата, религијата и црквата. Додека сите други дигнале раце, само верата, религијата и црквата му останала на МАКЕДОНЕЦОТ како единствена поткрепа за да ги издржи сите премрежија низ кои поминувал, а и ден денеска поминува...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
На тоа место каде сакаат да изградат црква, постоела црква.
Прашајте ги старите скопјани.
Кој уништува верски објект без да ги праша верниците ?

Признавам дискусија за архитектонски решениа за Скопје.
Признавам и борба демократска, улична итн...

Па и за храмот на мајка Тереза имаше спротиставени мислења ама си го зема местото, фати корен, дури дојдоа од Индија докуметарец да снимаат, воодушевени од храмот на мајка Тереза.
Исто се плукаше по весници.

Вво било која точка на планетава да се сличи спој на овакви групи, има тепачки.
Македонија не е изолиран случај.
Славјански, околу локацијата на црквата:



Со жолто е означена старата црква. Фиктивно, ако постоела на локацијата на која сакаат да ја градат (а како што гледаш не е така), тогаш јас би да е барем од помали размери - за да се „намали штетата“ на урбаниот концепт на локацијата.

Мајка Тереза не доби храм,него куќа (терминолошка корекција) и и тогаш, кога беше актуелна, се обидов да покренам некоја иницијатива, но не успеав. Имаше некои колеги кои поставија некакви транспаренти...ама тоа беше тоа. Вангел Божиновски го доби објектот. Имаш цела тема за тоа, погледни какви решенија имаше - и сфати го револтот и за тој објект. Страшен е.

А дека по целиот свет има судири на групи како вчерашните: стручни лица и студенти кои мирно сакаат да кажат свој став за нешто од нивната струка и организирани насилници - тогаш во ред.
Ако е нормално некој да те расчука ради твојот став произлезен од твоето стручно убедување, тогаш два пати во ред.

До еден пријател...
заедно бевме на протестите за зачувување на името Македонско...
заедно бевме на протестите на „Достоинство“...
не разделија изродите...
иако и кај последнава акција бевме истомисленици... јас сепак застанав од другата страна на барикадите...
Ти се извинувам пријателе, оти бев од другата страна... за мене ти не си предавник... сега ме нарекуваат хулиган, а тебе маченик... само затоа што осеќав дека спротивната страна е погрешната...
Пријателе, те знам и знам дека немаш лоши намери или лоша душа. И нормално е, демократски е за одредени работи да не се согласиме - па луѓе сме, секој со свој акал, никој со партиски унифициран кој ќе не усогласи сроку службе секогаш :)

И не сум маченик :) Туку еретик, комуњар и албанец. Нема врска...

Нека е поука за сите.
Поздрав до тебе.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Да сте го направеле тоа, сега сигурно нападите и критиките ќе одеа во друг правец. А вака го чепнавте обичниот МАКЕДОНЕЦ онаму каде што го боли највеќе. Да те потсетам, овој народ опстои највеќе поради верата, религијата и црквата. Додека сите други дигнале раце, само верата, религијата и црквата му останала на МАКЕДОНЕЦОТ како единствена поткрепа за да ги издржи сите премрежија низ кои поминувал, а и ден денеска поминува...
Makedonija e sekularna drzava :helou:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Да сте го направеле тоа, сега сигурно нападите и критиките ќе одеа во друг правец. А вака го чепнавте обичниот МАКЕДОНЕЦ онаму каде што го боли највеќе. Да те потсетам, овој народ опстои највеќе поради верата, религијата и црквата. Додека сите други дигнале раце, само верата, религијата и црквата му останала на МАКЕДОНЕЦОТ како единствена поткрепа за да ги издржи сите премрежија низ кои поминувал, а и ден денеска поминува...
И зарем јас или некој од моите колеги рековме дека православието треба да се забрани?! Повика некој на рушење на Св. Димитрија и Соборен? (прости ми Господе шо макар во реченица го напишав ова...)
Добро ја знам улогата на црквата низ историјата и се согласувам за нејзиното влијание и значење. И никој нормален, за каков се сметам, не би сакал сам себе да се избрише, негирајќи си го своето.

Каков нон-сенс.

давам тотална подршка до вас. до П.А.Б.
сепак ПМС ве искористиле.
врати го филмот назад со кои постапки тие ве избрзале ве натерале да бидете вие носители на ризикот а тие само подржувачи. размисли со ладна глава сигурен сум дека ќе сватиш дека ве искористиле.
зошто сега по веснициве пишува „П.М.С.“ и „П.А.Б.“ .... дали вие сте се запознале со нивните активности .... претходни?
ќе легне малце работава со трезвена глава сигурен сум дека ќе ти се разјасни се ... сепак има позадина у целиот овој настан. а овие ПМС се таа каписла, вие сте искористени за целиот настан да биде Студентите од Архитектонски се тие кои протестираа.
Не навлегувајќи во поопсежни опсервации, т.е. пренесувањето на истите во мојата глава, епилогот е познат и страшен. И не засега СИТЕ. Утре кој знае што ќе се случи...

Благодарам на поддршката и разбирањето, како и на позитивните совети.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не, јас не подржувам насилство!
Но во реалниот свет тоа постои.
Да сме јас и ти условно двете страни никогаш не би се “зачукале“.
Но таму е народ, а народот со малку емоции и зоврива лонецот.

За решенијата.
Секогаш постои варијанта подобро.
Јапонец, мислам дека е познат архитет, демантирај ме ако не е така, го градеше МНТ па често странците прашуваат што ќе ви е гарнизон во сред центар.
итн итн...

Ја гледам локацијата за црквата, ти благодарам за оваа информација.
Погледни ја зградата до црквата, скроз погрешен концепт од старт.
Што можеш да исправиш сега ?
Тешко на толку криви насадени дрва, тешко доаѓа правдината.

Но почитувам и ценам искрени идеи, концепти, борба за истите.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Кварк, мислам дека пишува нешто во Законот за локалната самоуправа, прочитај :)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
abe luge sto vi e na vas


uredno najaven protest ... koj kolku i da ima najzadni nameri ..(ako saka zad nego neka stoi i Grcija i Bugarija i SDSM i Soros i drn drn) bese upotrebena sila vrz ucesnicite na toj protest a policijata nemo posmatrase ..neli gledate vie kade e problemot ?
Најлошо е кога некој и при очи е слепец:toe:
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Нашата иницијатива постои од поодамна. По коректно, иницијативата на колегите на која јас се вклучив во подоцнежна фаза. Дискусиите за активности се водеа од порано, иницијалната каписла беше уставен.

ПМС си имале свои активности од свои побуди. Коорганизаторскиот момент е лош ПиАр и недоразбирање на тој кој го составил меилот. Дечките од групата пред протестот јасно ни ставија до знаење дека влегуваат како наши поддржувачи, дека нема да даваат изјави и да ја споменуваат нивната причина за протести кои тие би ги организирале. Значи, целта беше вчера да се оди со Првото архитектонско востание на Архи Бригадата и ставовите на ова неформално здружение на студенти на архитектонскиот факлутет во Скопје.

Уште кога дознав дека еден од активистите на пмс е ќерката на Ѓунер Исмаил, веднаш ми стана јасно во која насока би можеле да ја тераат водата известувањата на новинарите кои ќе бараат сензација и ќе имаат за цел да ја дефокусираат јавноста. Точно тоа и се случи.

Но, изборот беше лош. Ние прифативме да го превземеме ризикот, да повторам, ризик од „политичко“ оцрнување, кој верувавме дека ќе се анулира со наредните акции и ставови про ет контра градителската реалност (Уставен версус Филхармонија). Никој не помисли да превзема ризик од јавен линч и демократско разградување на земјава, по однос на уставните права на граѓаните.

И не можам да кажам колку разочаран бев вчера. И денес. Ќе бидам и утре...Од друга страна, позитивното што може да се извлече е да се зголеми свеста за сфаќањата, восприемањата на јавноста, на народот, за тоа што значи демократско право, основно човеково право дефинирано по устави. Уште една позитивна прилика се надевам ќе биде зголемувањето на одлучноста на интелектуално одговорните поединци и организации да се активираат по-жолчно, секој во својот домен, за спречување на некои идни несреќи, архитектонски или демократски.
Од горе наведеното самиот кажуваш дека сте влегле во нивната пајакова мрежа и буквално сте искоритени за нивни цели. Тоа она што го дебатираме цело време, позадината на целава активност и крајната цел. Значи нема никаков архитектоски идеализам во нивната агенда, а вие сте само колатерална штета... Се лажеш дека во следните акции ќе ја покажете вашата искреност кон пристапот, затоа што со ГЕБЕЛШТИНАТА ви се посраа на идејата и сега веќе никогаш нема да ве сваќаат сериозно...

И зарем јас или некој од моите колеги рековме дека православието треба да се забрани?! П
Ви ја искористија младоста и наивноста, Чорба пееше, за идеале су гинуле будале. За обичниот човек е доволно што сте тргнале против црквата, тоа вие не сте ги имале во обзир поради неискуството да сфатите дека сите не ги перцепцираат работите на ист начин. Оние што ви се придружиле, го знаеле тоа и ве искористиле како кока кола лименка...
 
Член од
29 март 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
Срам за демократијата. Срам за Дрзавата. Срам за студентското двизенје кое не го осуди овој дрзавен акт врз студентското организиранј.
Да се наогаме во која и да е развиена демократска држава ова немаше да помини туку така. Да не беа студентите (а посебно студентските движења) политички обоени сега на власта ќе и се случешебунт на студентите и студентското движење.
Во Германија пред 11 г. поради тепање на студент кој протестирал (кој бил член на опозициската партија - СДУ, сменети се 3 ешалони во полицијата, поднесена е кривична пријава против сторителот и суспендирани се 14 полицајци поради бунтот на ОБЕДИНЕТИТЕ студенти.Сите студенти без разлика на политичката провиненција се организирале и протестирале, МИРНО.
Да не го споменувам примерот со Отпор во Србија, кој успеа да го смени демократскиот (во наводници) ражим на Милошевиќ.
Поради приведување на 10 студенти во Чиле (значи во земја која е далеку од демократијата која ние сакаме да ја имаме) и по повеќе месечни протести на СТУДЕНТИТЕ и останатите гражани претседателот поднесува оставка.
А за Грција веќе знаете каква беше реакцијата на СТУДЕНТИТЕ.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Уште кога дознав дека еден од активистите на пмс е ќерката на Ѓунер Исмаил, веднаш ми стана јасно во која насока би можеле да ја тераат водата известувањата на новинарите кои ќе бараат сензација и ќе имаат за цел да ја дефокусираат јавноста. Точно тоа и се случи.
Е, се случи.

Не ме сфаќај погрешно, јас ги познавам твоите искрени намери и човечки вредности, но кога влегуваш во манџа со луѓе кои имаат бекграунд кој носи ризици развојот на настаните да направи да бидеш искористен, изманипулиран, некој да прави политички поени на тебе и т.н. тоа е логичен развој на настаните.

Полека малку, кочи, ти не ја тераш водата таму. Направи анализа пред да се впуштиш во нешто каде друг е кормиларот.

Инаку, за осуда е секаков облик на насилство и жал ми е што ти се случи вакво нешто токму тебе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom