Нашата иницијатива постои од поодамна. По коректно, иницијативата на колегите на која јас се вклучив во подоцнежна фаза. Дискусиите за активности се водеа од порано, иницијалната каписла беше уставен.
ПМС си имале свои активности од свои побуди. Коорганизаторскиот момент е лош ПиАр и недоразбирање на тој кој го составил меилот. Дечките од групата пред протестот јасно ни ставија до знаење дека влегуваат како наши поддржувачи, дека нема да даваат изјави и да ја споменуваат нивната причина за протести кои тие би ги организирале. Значи, целта беше вчера да се оди со Првото архитектонско востание на Архи Бригадата и ставовите на ова неформално здружение на студенти на архитектонскиот факлутет во Скопје.
Уште кога дознав дека еден од активистите на пмс е ќерката на Ѓунер Исмаил, веднаш ми стана јасно во која насока би можеле да ја тераат водата известувањата на новинарите кои ќе бараат сензација и ќе имаат за цел да ја дефокусираат јавноста. Точно тоа и се случи.
Но, изборот беше лош. Ние прифативме да го превземеме ризикот, да повторам, ризик од „политичко“ оцрнување, кој верувавме дека ќе се анулира со наредните акции и ставови про ет контра градителската реалност (Уставен версус Филхармонија). Никој не помисли да превзема ризик од јавен линч и демократско разградување на земјава, по однос на уставните права на граѓаните.
И не можам да кажам колку разочаран бев вчера. И денес. Ќе бидам и утре...Од друга страна, позитивното што може да се извлече е да се зголеми свеста за сфаќањата, восприемањата на јавноста, на народот, за тоа што значи демократско право, основно човеково право дефинирано по устави. Уште една позитивна прилика се надевам ќе биде зголемувањето на одлучноста на интелектуално одговорните поединци и организации да се активираат по-жолчно, секој во својот домен, за спречување на некои идни несреќи, архитектонски или демократски.