jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.418
Никој не го спори правото на протест. Само треба да се демаскираат задните намери и во двата случаи. Има некои работи што правно неможат да се докажат и ќе бидат предмет на беспредметна караница до бескрај во предизборната кампања.СЕКОЈ има право на протест, без разлика дали позади него стои или не стои некоја политичка групација или определба.
Правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија.
Но, она што правото не го детектира, го детектираат моралните нормативи, што кај нас за жал се искривени. Па така може еден протест на студенти со сопствен став, кој во игра на случајот се совпаѓа со став на политичка партија суптилно да се искористи во политичка битка, во чувствителен момент, со пресметан ризик и пресметана реакција. Наивноста на другата страна пак се мери со тешка глупост, што дозволија една иницијатива да им донесе пирова победа, во услови кога не ни имаат причина да бидат загрижени за својата позиција.
Никој од сценаристите на оваа циркузијада нема да биде казнет. Под казна не подразбирам правна казна, туку морална. Казната ќе ја трпиме ние, кои во тешки моменти доживуваме силна поларизација, која од избори до избори се повеќе се оцртува.
Додека не сватат нашите партии дека владеењето е пред се обврска, а не привилегија, до тогаш поважна ќе биде власта и фотељата од државата. Но што е најтажно и покрај све што сме проживеале, сеуште има луѓе, кои не размислуваат пред нешто да напраат.
Ќе го спомнам Серпико, кој во еден пост рече дека јасно им ставил на знаење дека тајмингот на протестот е погрешен. Значи имал свесност за грешката што ја прават, но протестот сепак се одржал, бидејќи единствено тајмингот во сета оваа работа бил важен. Дека тие што ја (зло)употребиле иницијативата, нема да имаат никаква корист од протест кој би се одржал макар и еден ден после изборите.
Градската власт е слатка очигледно.