Насилство и повредени на протестот во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа не е никакво оправдување за случувања пандан на денешните на плоштад.Ако сметаш дека тоа е начинот за решавање на работите,тогаш треба да се откажеме од било какви аспирации понатаму.Па ајде,вакви работи има само во несозреани и слаби демократски општества ,какво што несомнено и е нашето.
Не сметам дека тоа е начинот и не го оправдувам ова што се случи.
Само посочив која е причината(според мене)и како дојде до ова.
 
Не сметам дека тоа е начинот и не го оправдувам ова што се случи.
Само ја посочив која е причината(според мене)и како дојде до ова.

Причината е во елементарната култура и божемното демократско општество кое го градиме. Никаде на друго место не ги барај.
 
Ја прочитав цела тема, ги изгледав видеата..

Боби, другар, што и да кажам или веќе ќе го знаеш, или ќе се изгуби меѓу повраќаниците на партиските дрончиња на форумов (без разлика чии ставови повторуваат до бесвест). Интересно (во недостиг на подобар збор/израз) е што за оние овци кои им веруваат само на своите овчари, за една година премина од "најголем ВМРО-вец" (според СДСМ) кој учествуваше во организацијата на протестот за зачувување на македонското име, во "најголем СДС-овец и соросоид" (според ВМРО). Која иронија, човече.. :)
 
За ова на јанко навистина срам да му е нека оди во вардар нека се фрли!Тоа што го зборуваше беа чисти глупости-тој исто како волк на форумов не разбрал за што се работи(или се правеше дека не разбира)го претстави денешниот протест како анти црковен и анти религиски акт а протестантите како умс на сдс и вампири соросоиди...
МВР објаснува дека СПОНТАНО се собрале ,,верниците,,а јанко лично го најави протестот и ги повикуваше граѓаните да излезат на контра-протестот!Срамота-уууу јанко проститутко една новинарска (бло)геро не ти е равен:kesa:

И на неговиот блог истата подршка ја даде што значи шири омраза, а црква соборна е на 5 минути од плоштадот.

Подршка за изградба на црквата на плоштад!


Утре во 12 часот, на плоштад во Скопје, најверојатно, збирштина од геј и атеисти ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква. По тој повод, јас утре со моето семејство излегувам во контра протест, еден час порано, во 11 часот, и со тоа да ја дадам мојата подршка за изградба на црква на плоштадот!


http://jadiburek.blog.com.mk/
 
Ве изиграја, ве наместија и искористија и едните и другите. НА ЗДРАВЈЕ ШИШАЊЕ.:toe:
 
Причината е во елементарната култура и божемното демократско општество кое го градиме. Никаде на друго место не ги барај.
Но не може да очекуваме сите да бидат културни демократи.
Секогаш ќе се најде по некоја будала што може да започне чуда....но затоа тука има(требаше да има) спроведувачи на редот и законот кои треба да се погрижат овие будали и нивните лудории да не дојдат до израз.
Полицијата денес на плоштадот колку што јас успеав да видам....си свиркаше со рацете во џеп.Не се ни обидоа да спречат.
 
Не сметам дека тоа е начинот и не го оправдувам ова што се случи.
Само посочив која е причината(според мене)и како дојде до ова.
Причината е тоа што повеќето властодршци во државава не можат да разберат дека има луѓе со поинакви мислења од нивните,а со кои не можат да се помират.Причината е тоа што на секоја влада и е цел да го разбие цивилното опшество.
 
лош тајминг, зар не им падна на памет дека ке се искористат за политичко раскусурување.

главно прашање ЗОШТО баш сега?

дали коинцидира со натпис во утрински дека сдсм советот во центар ке руши цркви?

има премногу тензија во народот.

ако пикаш газ кај се мерат ку..ви, некој ќе те перне.


и не кукајте демократија немало, ова е придобивка не демократијата....и тоа улична, непосредна.
 
Утре во 12 часот, на плоштад во Скопје, најверојатно, збирштина од геј и атеисти ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква. По тој повод, јас утре со моето семејство излегувам во контра протест, еден час порано, во 11 часот, и со тоа да ја дадам мојата подршка за изградба на црква на плоштадот!


На никој не му посакувам ваков татко да го воспитува.
 
Ве изиграја, ве наместија и искористија и едните и другите. НА ЗДРАВЈЕ ШИШАЊЕ.:toe:

Точно, само разликата е што едните беа насилни, а другите не.
 
Причината е во елементарната култура и божемното демократско општество кое го градиме. Никаде на друго место не ги барај.
точно, културата е проблем и уште еден поголем проблем, мешањето на партиите и политиката во секој можен настан
 
Ве изиграја, ве наместија и искористија и едните и другите. НА ЗДРАВЈЕ ШИШАЊЕ.:toe:

Тенкју. Ти само седи во удобната фотелја и уживај во шоуто на нас, младите мајмуни. И учи: немој никогаш, ама никогаш, да не излегуваш од дома ако не ти каже бабушот. :back:

Полицијата денес на плоштадот колку што јас успеав да видам....си свиркаше со рацете во џеп.Не се ни обидоа да спречат.

Убаво си видел, генерале.

лош тајминг, зар не им падна на памет дека ке се искористат за политичко раскусурување.

главно прашање ЗОШТО баш сега?

дали коинцидира со натпис во утрински дека сдсм советот во центар ке руши цркви?

има премногу тензија во народот.

ако пикаш газ кај се мерат ку..ви, некој ќе те перне.

Огледало, знам дека подобро од мене знаеш каков гест беше денешната демонстрација на сила, без оглед на философскиот аналитички заклучок и прашање кое го постави овде.
 
лош тајминг, зар не им падна на памет дека ке се искористат за политичко раскусурување.

главно прашање ЗОШТО баш сега?

дали коинцидира со натпис во утрински дека сдсм советот во центар ке руши цркви?

има премногу тензија во народот.

ако пикаш газ кај се мерат ку..ви, некој ќе те перне.


glavnoto prasanje ne e bas sega ....nema prasanje tuka .....ne manipuliraj i bidi covek i zastani vo odbrana na studentite a ne od stranata na takanarecenite "vernici" ..sacuvaj ne Boze od vakvi "vernici" :kesa:
 
Ве изиграја, ве наместија и искористија и едните и другите. НА ЗДРАВЈЕ ШИШАЊЕ.:toe:

Да си ми жив и здрав. Сорос и сдс си искуцаа поени на нив, ВМРО-вциве ги натепаа, се на се прекрасен ден за групата „Архитекти“.

Ако сакаат вистински да не бидат и искористени и тепани, нека протестираат за сите глупости во Скопје, не само за цркви и нека се дистанцираат од Грчев, Геле и Милчин.

Ај ќе видиме дали оваа група ќе протестира за едно 2-3 месеци пак. Ако протестираат пак секоја чест.
 
Ај ај...со вакви ко тебе најубо држава се поткопвит.

Точно. Кај смејт да си дозволит да мислит?! Будала чоек е тој, слушај ме мене, ги знам таквите.

Шојмат да мислет со своја гла и да не тепет љуѓе?! Така се поткопвит држава!

Ај ќе видиме дали оваа група ќе протестира за едно 2-3 месеци пак. Ако протестираат пак секоја чест.

Во духот на христијанството во кој сум воспитан, мора уште еднаш. Имам уште една страна за вртење.

Служимо народу.

Сорососвите вие и понатака. Експерти.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom