Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ај повтори?
Знаеш кој ти се обратил, пријателе. Не помисли веројатно дека те изедначувам со теле.

Инаку, денес, после дивјаштвото говедо е комплимент. Покрај милозливиот призвук на блискост кој го дава зборот, ако сешуте мислиш дека имам намера да те навредам, радо ќе ти го повторам во живо ако сакаш... Не ме заебавај. Коментирај го другиот дел, кој беше клучен во цитатот.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Добро бе дечко имаш ли ти барем малку мозок во таа главата.И да платила Грчката црква да протестираат, што апсолутно можам да тврдам дека не е точно,мислиш дека ќе им дадат знамиња за да знаат кој ги пратил.Бог да чува.Мислете бе луѓе грујо не е светец.И Како можат поповите да шират насилство врз нивни верници.Протестот не е против црква, ги имаш 3 во близина на центарот,туку против градењето на секакви глупости кои нашиве политичари ги виделе во странство и сакаат да градат овде во Македонија

ТАка?

Каде беа за мостот Влајко тогаш?

Си го видел тоа здание?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
ТАка?

Каде беа за мостот Влајко тогаш?

Си го видел тоа здание?
Татко ми ме напрајл пред 23 години. Прашај ме сеа:

КАДЕ БЕШЕ ИЕМТО КОГА ГО МЕНАА

и да ја заокружиме дебатава со прекрасна поента.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Месија и неговата агенда нека ми се качат на....џумка бате.
Имаме искуство и двајцата. Сега јас искусив и нешто повеќе. Не ти посакувам исто.

А за поганење на целите, секогаш ќе има ситни профитери кои ќе поганат. Тоа е нашата реалност. Во избори или вон нив. И народот се тренира, на тој начин и плус со покажување на сила, дека е најарно да си седи дома, за никој да „не му ја погани мислата“.

ДЕМОКРАТИЈА, бе!:smir:

Епа многу лошо отиде демократијава, ептен се испогани.

Целта е постигната, оние кои подобро ја разбираат методологијата на дејствување на “субверзантиве“ нема да ги прелажеш, ама за народов ваквите случувања се површно примани.

Затоа доаѓа до беспредметно плукање меѓу сите.


Прашањето кое треба да се постави е: КОЈ ПРОФИТИРА?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
ич не се секирај.
Се секирам, затоа што арогантново момче што го цитирам го сметам за пријател а тој на мене:

Инаку, денес, после дивјаштвото говедо е комплимент. Покрај милозливиот призвук на блискост кој го дава зборот, ако сешуте мислиш дека имам намера да те навредам, радо ќе ти го повторам во живо ако сакаш... Не ме заебавај. Коментирај го другиот дел, кој беше клучен во цитатот.
Првата архитектонска бригада која беше физички нападната нема врска со нити една политичка партија
Епа ете де, за да се тргнат сите сомнежи дека случајов не е нарачен предизборно од некоја партија, кажи нешто повеќе за таа П.А.Б.

Кои се поточно оваа бригада? Здружение ли е? Претседател? Основачи? Кои се луѓево?
 
K

KomitaMKD

Гостин
Се работи за објект во центарот на градот, на плоштад,Влајко е на периферија.И ве молам мислете малку со главите немојте да слушните каква било шпекулција и одма реагирање.Организаторот треба да да свика прес конференција и да објасни кои беа целите на протестот.Вака ќе има глуп народ што верува на се што го кажува фабриката ВМРО
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Се секирам, затоа што арогантново момче што го цитирам го сметам за пријател.

Епа ете де, за да се тргнат сите сомнежи дека случајов не е нарачен предизборно од некоја партија, кажи нешто повеќе за таа П.А.Б.

Кои се поточно оваа бригада? Здружение ли е? Претседател? Основачи? Кои се луѓево?
Арогантното момче кое те смета и тебе за пријател не е при себе, бидејќи главата му е потресена од демократските лекции кои ги слушна.

А.Б., „организација“ на студенти при Архитектонскиот факултет во Скопје е група на млади идни градители на земјата кои треба да го примат архитектоснкото наследство и да го предадат на идните генерации. Млади луѓе кои се ужаснуваат на „случајни лопати“ кои го сакатат градот за навек. Мислам на Уставен суд пред се, „сакатење“ и „црква“ никогаш нема да гу употребам во иста конотација.

Млади луѓе кои денес беа надвор од себе, буквално не знаеа што се случува и дали е ова реално...незнам дали си осетил такво нешто. Јас, горе долу, можев да претпоставам (освен делот на кинеска демократија), ама колегите ми, немаа абер дека може некој да ги смлати, затоа што рекле: кога професорите ни молчат, а околината се узурпира, треба да излеземе на улица!

На кратко за А.Б.
Ако сакаш, ќе те запознаам лично со секој еден од иницијаторите.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.800
Поени од реакции
49.834
Полицијата тепале ли припадници на таа бригада??
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Протестот не е против црква, ги имаш 3 во близина на центарот,туку против градењето на секакви глупости
еха, како само успеа во една реченица?

поздрав до студентите, кои ако добро се сетиме исто така протестираа против обезличувањето на камениот мост (кога сега го гледам ми се лоши, личи на макета од хартија) се сеќавам кога протеситраа што го поплочивме плоштадот со босански мермер. ви текнува на протестите против изградбата на оној чирот пред гтц, деловен центар ли е, што ли е?
не биле против црквата, проблем било парцелата.
не го силувајте скопје. ц ц ц... страшно лицемерие.

никогаш, ама никогаш се нема видено права и принципиелна броба за правда кај нас, од страна на студентите. од нигде никаде најдоа помеѓу два изборни круга "принципиелно" да протестираат.

и демек некој им нарачал ќутек. ох... толку нечујно ќе поминеше се, како снегот од пред 3 дена, сите ќе заборавевме. премногу голема важност си даваат, државен врв ќе нарачува ќутек за мирен протест на 10тина студенти поради некоја си парцела, пази молимте.
 
K

KomitaMKD

Гостин
Арогантното момче кое те смета и тебе за пријател не е при себе, бидејќи главата му е потресена од демократските лекции кои ги слушна.

А.Б., „организација“ на студенти при Архитектонскиот факултет во Скопје е група на млади идни градители на земјата кои треба да го примат архитектоснкото наследство и да го предадат на идните генерации. Млади луѓе кои се ужаснуваат на „случајни лопати“ кои го сакатат градот за навек. Мислам на Уставен суд пред се, „сакатење“ и „црква“ никогаш нема да гу употребам во иста конотација.

Млади луѓе кои денес беа надвор од себе, буквално не знаеа што се случува и дали е ова реално...незнам дали си осетил такво нешто. Јас, горе долу, можев да претпоставам (освен делот на кинеска демократија), ама колегите ми, немаа абер дека може некој да ги смлати, затоа што рекле: кога професорите ни молчат, а околината се узурпира, треба да излеземе на улица!

На кратко за А.Б.
Ако сакаш, ќе те запознаам лично со секој еден од иницијаторите.
Свикајте прес конференција за да се разјаснат многу работи
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Да бидам на чисто. Подржувам изградба на црква. АМА
СРАМОТА и за едните и другите, за едните срамота што се против изградба на црква и што сега го избрале моментот но не од аспект на тоа што се избори туку од аспект што е Велигденски пост, па така да времето е избрано без усул. А за другите кои биле контра овие една порака „Ако подржавате изградба на црква треба да знаете што ПОСТ и тоа Велигденски пост, море прости луѓе.

ПС. Ако и двете партии и ВМРО и СДС го користат ова арам да им е- ме натераа да колнам за време на пост.:toe:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
А.Б., „организација“ на студенти при Архитектонскиот факултет во Скопје е група на млади идни градители на земјата кои треба да го примат архитектоснкото наследство и да го предадат на идните генерации. Млади луѓе кои се ужаснуваат на „случајни лопати“ кои го сакатат градот за навек. Мислам на Уставен суд пред се, „сакатење“ и „црква“ никогаш нема да гу употребам во иста конотација.

Млади луѓе кои денес беа надвор од себе, буквално не знаеа што се случува и дали е ова реално...незнам дали си осетил такво нешто. Јас, горе долу, можев да претпоставам (освен делот на кинеска демократија), ама колегите ми, немаа абер дека може некој да ги смлати, затоа што рекле: кога професорите ни молчат, а околината се узурпира, треба да излеземе на улица!

На кратко за А.Б.
Ако сакаш, ќе те запознаам лично со секој еден од иницијаторите.
Зошто бе пријателе наместо да седнете вие иницијаторите, и да направите од стручен аспект идејно решение, па да свикате прес и да го прикажете? Зошто одбравте начин на покажување на незадоволство, без прикажување на алтернатива?

Пак ќе ти кажам, не пишувам од неутрална страна затоа што го поддржувам проектот за црквата, но бидејќи сме различни страни во случајов, мое е да поставувам прашања за тоа зошто дозволивте да дојде до ова.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom