Арогантното момче кое те смета и тебе за пријател не е при себе, бидејќи главата му е потресена од демократските лекции кои ги слушна.
А.Б., „организација“ на студенти при Архитектонскиот факултет во Скопје е група на млади идни градители на земјата кои треба да го примат архитектоснкото наследство и да го предадат на идните генерации. Млади луѓе кои се ужаснуваат на „случајни лопати“ кои го сакатат градот за навек. Мислам на Уставен суд пред се, „сакатење“ и „црква“ никогаш нема да гу употребам во иста конотација.
Млади луѓе кои денес беа надвор од себе, буквално не знаеа што се случува и дали е ова реално...незнам дали си осетил такво нешто. Јас, горе долу, можев да претпоставам (освен делот на кинеска демократија), ама колегите ми, немаа абер дека може некој да ги смлати, затоа што рекле: кога професорите ни молчат, а околината се узурпира, треба да излеземе на улица!
На кратко за А.Б.
Ако сакаш, ќе те запознаам лично со секој еден од иницијаторите.