Бошкоски бара од Груевски да ја напушти ВМРО-ДПМНЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Бошкоски бара од Груевски да ја напушти ВМРО-ДПМНЕ

Нема цена за која би ги пренасочил гласовите, вели Бошкоски

Светлана Унковска

Нарекувајќи го „привремено раководство“ на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Бошкоски му порача на лидерот на партијата, Никола Груевски, наместо да води контракампања против него, да ја напушти ВМРО-ДПМНЕ и тој да си формира своја партија. Бошкоски нема намера да ги повика граѓаните што го дале својот глас за него во првиот круг на претседателските избори да поддржат кого било од двајцата кандидати кои влегоа во вториот круг.

Според него, и Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчкоски се кандидати со јасна социјалдемократска профилација и немаат никаква идеолошка допирна точка со него и затоа тој не сака да прифати какво било пазарење со одлуките на оние што него го поддржале.

„Господинот Груевски очигледно сака некој друг да формира политичка партија и на тој начин да се ослободи од мене. Најдобро е тој да го направи тоа, бидејќи јас имам своја партија. За ова ’привремено раководство’ има барања од многумина во партијата да се свика вонреден конгрес и да го смениме. Во ВМРО-ДПМНЕ постои таква критична маса кое постојано се држи под стрес и под максимална тортура“, возвраќа Бошкоски на последните пораки на Груевски изнесени во јавноста дека размислувал да прави нова партија уште додека бил во притвор во Хаг.

Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B30D2A3D3AB1634D85E6160590C6B9E8
 
Братче Љубче бе, по фаца беше у хаг. Вака на слобода многу глуп изгледаш.
Коо на ганџа да си ми делуеш брате љубе?!?!
 
Брат Љубе нешто несфатливо делува после враќањето од Хаг.
 
Љубе ептен почна да се губи
на што дрога е
 
Ако ништо друго , добро ќе биде ако го повлече партискиот СМЕТ со себе...
 
ostajte go covekot na mira da si doraboti pa vie eeee:pipi: epten e bizi.kaj b.c. na kafe, u gejlada na giro,...
p.s. gi prasuvam lugjeto ovde shto glasaa za "bratot": kako se cuvstvuvate,a? a? :pusk::pusk:
 
Човекот си доработи и одработи тоа што требаше...
Се друго е глупирање , како оваа денес на пр...
 
ostajte go covekot na mira da si doraboti pa vie eeee:pipi: epten e bizi.kaj b.c. na kafe, u gejlada na giro,...
p.s. gi prasuvam lugjeto ovde shto glasaa za "bratot": kako se cuvstvuvate,a? a? :pusk::pusk:

Гордо :pipi:

Не знам што има лошо со оваа изјава, а и пак знаете дека новинарите увеличаа... слушнитега на ТВ изјавата што ја дал на друго што веруете :S

п.с афере афере ...ова значи дека некој се плаши од него, приметил дека има моч и сеа сака да му ја земе.
 
тоа го пишав пред некој ден

Така е ...
Мислам дека Груевски вешто го прочистува неспособниот кадар кој го наследи од ЉуБчо а ова сега е одлична можност...
На крај и ќе му биде благодарен на братчето
 
Абе, вие изгледа стварно верувате дека Грујо е месија!? Па не давате бе никој да го нападне тоа пастирот, за кого е евидентно дека полека му се бројат дните, оти за седум месеци да изгубиш 200000 гласачи, и не е за занемарување.
Туку, не се прашувате, како тоа Грујо го прегрнуваше на аеродром, а сега нејќе име да му чуе? Ај ќе ви одговорам, страв му е бе, зашто на конгрес и реално е да се очекува дека Љубе би му ја зел власта.
 
Груевски го пречека , и даде многу пари за негово ослободување...
Што направи Бошковски тоа е прашање...???
 
Груевски го пречека , и даде многу пари за негово ослободување...
Што направи Бошковски тоа е прашање...???
Па да го кандидираа Бошковски за претседател, ќе имаа победа во прв круг, и ќе имаа уште подобри резултати на локалните. Ама Грујо знае дека Љубе нема да му ги трпи срањата, и затоа си го стави климоглавецот Иванов.
 
Груевски го пречека , и даде многу пари за негово ослободување...
Што направи Бошковски тоа е прашање...???
Љубе му е ноќен кошмар сега на Грујо. Ако беше тој маж Грујо , ќе го поддржеше човекот за претседател, а не вака.Ама тоа е , пуста власт , цела да е
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom