Предзнаците на Кијаметскиот ден ги делиме на мали и големи ( иако некои од исламската улема зборуваат и за средни предзнаци ). Што се однесува до малите предзнаци, - тие воглавном зборуваат за расипаноста на луѓето во последното време, нередите кои ќе се случат меѓу нив,а некои и за Аллаховото упатство.., додека големи предзнаци во поедини хадиси се спомнуваат десет,како што е хадисот кој го пренесува Хузејфе бин Усеид ел Гаффари во кој вели : " Пратеникот с.а.в.с. не затекна како ги повторуваме поедини лекции, па запраша: ' Што учете?' - Лекции за Последниот ден ! -рековме. Тој рече: ' Последниот ден нема да настапи се додека пред него не ги видете десет предзнаци!, па ги спомна : Духан, Деџџал, Ед - Даббе, изгревањето на Сонцето од запад, слегувањето на Иса синот Мерјемин, појавата на Је,џуџ и Ме,џуџ, три потреси : на исток, на запад и на арапскиот полуостров, а последниот од нив ќе биде огнот кој ќе се појави во Јемен и кој ќе ги потера луѓето до местото на обрачунот."
( Муслим, Китаб ел фитн ве есратис - са,ах )
А еве дел и од Кур'анските поглавја кои што зборуваат за тоа.
сура “ET-TEKVIR” (“Прекин на сјајот/ Помрачување”)
Мекка – 29 ајети
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосен!
1. Кога Сонцето сјајот ќе го изгуби,
2. и кога ѕвездите ќе попаѓаат,
3. и кога планините ќе се покренат,
4. и кога стелни камили без пастир ќе останат,
5. и кога дивите животни ќе се соберат,
6. и кога морињата со оган ќе се наполнат,
7. и кога душите со телата ќе се спарат,
8. и кога живо закопано девојче ќе биде запрашано
9. поради каква вина е убиена,
10. и кога листовите ќе се разделат,
11. и кога небото ќе се уклони,
12. и кога џехеннемот ќе се распали,
13. и кога џеннетот ќе се приближи -
EL-KIJAME” (“Крајот на светот”)
6. па прашува: „Кога ќе биде Крајот на светот?“
7. Кога погледот од страв ќе се укочи(вкочани)
8. и Месечината ќе се помрачи
9. и Сонцето и Месечината ќе се смотаат, па сјај ќе изгубат -
10. тој ден човекот ќе викне: „Каде да се бега?“
11. Никаде! Засолниште нема.
Зилзал
Удар!Крај на светот!
Што е тоа удар? Што е крај на светот?
И што знаеш ти што е тоа удар? и што ти знаеш што е крај на светот?
Тој ден луѓето ќе бидат како пеперутки раштркани,
а планините како шарена волна растегната. Оној на кого добрите дела ќе му бидат тешки-
со угоден живот ќе живее,
а оној на кого добрите дела ќе му бидат лесни -
престојувалиштето негово ќе биде Хавие.
А знаеш ли ти што е тоа? -
Тоа е огнот ужарен!