- Член од
- 18 декември 2008
- Мислења
- 166
- Поени од реакции
- 18
Кина е гневна на„комплиментите“ од Пентагон
Секретаријатот за одбрана на САД тврди дека Кина има „загрижувачки технологии за нуклеарно, вселенско и кибернетско војување“
Пекинг жестоко реагира на извештајот на Пентагон, во кој се оценува дека Кина ја зголемува својата воена моќ и веќе го нарушила балансот на сили во Азија, јави Би-би-си. Ова е грубо искривување на фактите - изјави Чин Ганг, претставник на Министерството за надворешни работи во Пекинг. Кина секоја година се жали дека во извештаите на Пентагон е претставена како „закана“, иако таа е посветена на мирољубив развој.Во својот годишен извештај до Конгресот, американскиот Секретаријат за одбрана оцени дека Кина развива „загрижувачки технологии за нуклеарно, вселенско и кибернетско војување“, и оти „може да ја искористи таа надмоќ за да ги засили претензиите кон спорни територии“. Во извештајот Пекинг беше критикуван поради нетранспарентност при објавувањето на средствата наменети за војската и за одбраната.Чин изјави дека Пекинг побарал од Вашингтон „да престане со размислувањата својствени за ерата на Студената војна... за да се спречат понатамошни штети во односите помеѓу двете земји и двете армии“.А односите заискрија во почетокот на март, кога американски и кинески борбени бродови се соочија јужно од Хајнан, во кинеската ексклузивна економска поморска зона. Кина ги обвини САД за шпионирање.Во извештајот на Пентагон е наведено дека Кина успешно го проширила својот арсенал софистицирано оружје (вклучувајќи развој на сили за нуклеарно, вселенско и кибернетско војување), иако „Пекинг се' уште има ограничена способност за развој на воени сили со капацитет за дејствување во далечни региони“. Далеку од својата територија, кинеските сили имаат капацитет само да учествуваат во меѓународни хуманитарни, мировни или антипиратски мисии, заклучува Пентагон.
Аналитичарите укажуваат дека Кина настојува да развие оружја што би ја неутрализирала надмоќната технологија на нејзините соперници - гради и лансира сателити, развива електромагнетни оружја и капацитет за кибернетска војна, а паралелно го модернизира и својот нуклеарен арсенал. Во извештајот се забележува и надградбата на краткострелните проектили поставени околу Тајван, иако во изминатиот период се подобрени политичките односи меѓу Пекинг и Тајпеј.Пентагон го поздравува „развојот на мирољубива, стабилна и просперитетна Кина“, но додава: „Со многу нејаснотии е опкружен идниот курс на Кина, особено во врска со тоа како може да биде искористена нејзината воена моќ во развој“.
Се забележува дека воениот буџет лани бил речиси двојно поголем во споредба со тој од пред десет години. Пекинг возвраќа дека буџетот е зголемен само заради одбранбени цели и оти се' уште е незначителен во споредба со воениот буџет на САД.Експертот на Би-би-си за прашања од одбраната и безбедноста, Роб Вотсон, потврдува дека Кина поминува низ драматична трансформација од слабо опремена армија на селани во модерна војска, но додава дека зад тоа темпо на развој доцнат нивото на обука и координација, како и борбената готовност на единиците.