Кина гневна на САД која го губи статусот на најголема сила!

  • Креатор на темата Креатор на темата Vojo Seselj
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 декември 2008
Мислења
166
Поени од реакции
18
Кина е гневна на„комплиментите“ од Пентагон
Секретаријатот за одбрана на САД тврди дека Кина има „загрижувачки технологии за нуклеарно, вселенско и кибернетско војување“
20F4910478C9C140A19E34676C3DF5A9.jpg

F656C7B29E157649BBEAE49B31027C4A.jpg
Пекинг жестоко реагира на извештајот на Пентагон, во кој се оценува дека Кина ја зголемува својата воена моќ и веќе го нарушила балансот на сили во Азија, јави Би-би-си. Ова е грубо искривување на фактите - изјави Чин Ганг, претставник на Министерството за надворешни работи во Пекинг. Кина секоја година се жали дека во извештаите на Пентагон е претставена како „закана“, иако таа е посветена на мирољубив развој.Во својот годишен извештај до Конгресот, американскиот Секретаријат за одбрана оцени дека Кина развива „загрижувачки технологии за нуклеарно, вселенско и кибернетско војување“, и оти „може да ја искористи таа надмоќ за да ги засили претензиите кон спорни територии“. Во извештајот Пекинг беше критикуван поради нетранспарентност при објавувањето на средствата наменети за војската и за одбраната.Чин изјави дека Пекинг побарал од Вашингтон „да престане со размислувањата својствени за ерата на Студената војна... за да се спречат понатамошни штети во односите помеѓу двете земји и двете армии“.А односите заискрија во почетокот на март, кога американски и кинески борбени бродови се соочија јужно од Хајнан, во кинеската ексклузивна економска поморска зона. Кина ги обвини САД за шпионирање.Во извештајот на Пентагон е наведено дека Кина успешно го проширила својот арсенал софистицирано оружје (вклучувајќи развој на сили за нуклеарно, вселенско и кибернетско војување), иако „Пекинг се' уште има ограничена способност за развој на воени сили со капацитет за дејствување во далечни региони“. Далеку од својата територија, кинеските сили имаат капацитет само да учествуваат во меѓународни хуманитарни, мировни или антипиратски мисии, заклучува Пентагон.
Аналитичарите укажуваат дека Кина настојува да развие оружја што би ја неутрализирала надмоќната технологија на нејзините соперници - гради и лансира сателити, развива електромагнетни оружја и капацитет за кибернетска војна, а паралелно го модернизира и својот нуклеарен арсенал. Во извештајот се забележува и надградбата на краткострелните проектили поставени околу Тајван, иако во изминатиот период се подобрени политичките односи меѓу Пекинг и Тајпеј.Пентагон го поздравува „развојот на мирољубива, стабилна и просперитетна Кина“, но додава: „Со многу нејаснотии е опкружен идниот курс на Кина, особено во врска со тоа како може да биде искористена нејзината воена моќ во развој“.

Се забележува дека воениот буџет лани бил речиси двојно поголем во споредба со тој од пред десет години. Пекинг возвраќа дека буџетот е зголемен само заради одбранбени цели и оти се' уште е незначителен во споредба со воениот буџет на САД.Експертот на Би-би-си за прашања од одбраната и безбедноста, Роб Вотсон, потврдува дека Кина поминува низ драматична трансформација од слабо опремена армија на селани во модерна војска, но додава дека зад тоа темпо на развој доцнат нивото на обука и координација, како и борбената готовност на единиците.
 
Да,интересна тема е оваа пост ирачка Кина.Дали Американците пуштаат патка,или Кина станува и реално Втората Сила останува да дознаеме во периодот што доаѓа.Судејќи по руските дневни инфо центри,Путин не е многу загрижен за Кина и модернизирањето на Армијата.Ако Кина јакне,Русите се тие кои треба да бидат уплашени заради нивното влијание од Памир до Каспискиот Регион.Сакам да кажам,нивното пријателство и мирните односи се темелат на Западните агресори и на ништо друго.Секогаш мирољубив тон во новините,но претпазливоста не е одмината.

http://www.military.com/features/0,15240,96232,00.html
http://www.jamestown.org/single/?no_cache=1&tx_ttnews[tt_news]=33578 http://www.russiablog.org/2006/12/fear_of_a_chinese_planet.php
http://www.russiablog.org/2006/10/chinas_growing_influence_in_ru.php

Крајно,мислам дека Америка и Западна Европа се до тој степен интегрирани во НАТО,што не чуди и да пробуваат овакви експерименти и тестирања.Доколку реално стои заканата,Тибет би требало да добива на внимание.Тибет не е одамна во ТопТен на БиБиСи.
 
Без брига Пртко има кој во Русија да се грижи за имиграцијата.:wink:
 
Сега не знам само што ќе измисли уса како причина за да направи економски или било какви друѓи санкции за Кина ???За да ја ослабнат на било кој начин но тоа нема да и успее.Можат само да им го :pusk:
 
Кина и Америка станаа меѓусобно зависни, Америка увезува кинеска роба, кинезите живеат од извозот во Америка. Амерички фирми отвараат фабрики во кина, кинезите инвестираат во америка. Тука веќе се роди партнерство. Падот од 2% на купување на стока за широка потрошувачка во Америка значи пад од 10-20% на производство во кина, затварање на фабрики и губење на работни места. Затоа од интерес на Кина е богата и силна америка а од интерес на Америка е богата и силна Кина. Тоа е како да сте партнер со некого во бизнисот, падот на едниот, надолу го влече и другиот.
 
da ne ti se staveni procentite obratno?Kina e 1 300 000 000 ziteli,a SAD 300 000 000.

Сега не знам само што ќе измисли уса како причина за да направи економски или било какви друѓи санкции за Кина ???За да ја ослабнат на било кој начин но тоа нема да и успее.Можат само да им го :pusk:
pa brobaa so biolosko oruzje,SARS,PTICJI GRIP...
 
da ne ti se staveni procentite obratno?Kina e 1 300 000 000 ziteli,a SAD 300 000 000.
Не пошто најголемиот извоз на кина оди во Америка, и секој пад на потрошувачка во Америка значи застанување на производство во кина. Америка е високо потрошувачко општество, она што го троши месечно просечно американско семејство би му било доволно на 10 кинески семејства да го поминат месецот.
 
da a ona sto vo Kina cini 1 dolar,vo SAD cini 1000 dolari.
i da Amerika BESE visoko potrosuvacko opstestvo,zatoa sega E najzadolzena zemja vo svetot,padna vo kriza i propaga.
 
da a ona sto vo Kina cini 1 dolar,vo SAD cini 1000 dolari.
Па гледаш дека сфати конечно, ако еден американец не купи нешто кинеско од 1 долар тоа е загуба од 1000 долари за кинезите. Јас бев скромен со моите претпоставки дека 1% пад на купување во Америка се 10_20% губитоци за кина но по твое изгледа дека загубата е и до 1000% за кинезите. Затоа ако си следел вести скоро толку и кинезите се испаничени заради ситуацијата во Америка и прќаат огромни пари за Америка пошто падот на Америка значи пропаст на Кина. Со инвестирање во Америка кинезите се борат за сопствен живот и опстанок.
 
kakva propast be na Kina,pa ako Kina ne ulozi golemi pari vo SAD,ke gi ulozi istite vo samata sebe,i nema da propadne.toa sto SAD ja molat Kina za pomos,toa e druga prikazna.ne e samo SAD,ima i drugi zemji.SAD propaga i nema pari za kineskata roba,zatoa kinezite ke najdat drug kupuvac.
 
Кина слуша што Америка ќе изјави. Америка кажа дека Тајван не смеи да се чепни и Кинезите ниту се доближуваат до Тајван, пошто таму Американците имаат еден тенк и 100 маринци а усидрен е и еден патролен брод Амерички. Тајван е поразвиен од Кина и има иљадници милијарди долари инвестиции во Кина а од тие инвестиции пак кина извезува во Америка. Америка троши кинески производи али пошто се газдите Тајванци целиот ќар оди во Тајван кој пак му плаќа милијарди долари на Америка што ја штити. Така да тоа е цел круг каде Америка зема и роба и пари, тајванците само пари а кинезите наплаќаат 3% од прометот за услуга што парите врват преку нив.
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:uste eden del od Prikaznite na LET3.
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:uste eden del od Prikaznite na LET3.

Па само спореди, Во кина уште јадат само ориз и кучиња а за нова година и ќебапи од глувци, во Америка се имаат до сега иселено милиони кинези за да се спасат од немаштија дури и се иселуваат во мизерни земји како Грција и Србија, цели села се паковаат и заминуваат за да не умрат од глад.
 
ova imalo i uste eden del od PRIKAZNITE NA LET3,normalno bez pokritie.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom