Албанија изброја само 4.148 Македонци

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Македонското малцинство во Албанија е сконцентрирано главно во источниот дел на земјата во Пустец, Корча и во Билишта,се посочува во студијата изработена од Комисијата за малцински прашања при Министерството за надворешни работи на Република Албанија, која ја пренесува весникот „Газета шќиптаре“. Тоа подрачје, според студијата, не било погодено од миграцијата, поради што структурата не е видно изменета во последните години. Поаѓајќи од тој факт, бројот на Македонците во Албанија изнесува 4.148 или 0,14 отсто од вкупниот број на малцинствата.

- Иформацијата ја примивме со разочарување и со непријатност, зашто се изнесуваат нереални, дури навредливи бројки за македонското малцинство - вели градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Според него, резултатите се апсурдни бидејќи е целосна невистина македонското малцинство да брои само околу четири илјади жители.

- Само во општина Пустец, според новиот систем на електронско заведување на жителите, има 5.300 жители. Во областа Билишта, Корча и Подградец, кои се во близина на Преспа, има уште околу 10 илјади Македонци. Во цела Албанија живеат меѓу 120 и 150 илјади Македонци - истакнува Темелко.

Македонските организации во Албанија истакнуваат дека Македонци има и во Тирана, Елбасан, Кукс, во областа Гора, Голо Брдо, каде што има етнички чисти села - 16 во областа Голо Брдо и 11 во Гора воопшто не се опфатени со студијата. Организациите и партијата на Македонците Македонска алијанса за европска интеграција најавуваат реакции до сите домашни и меѓународни институции.Инаку, според студијата, која, како што посочува весникот, била подготвена за потребите на албанската држава, на територијата на Албанија има 35 илјади Грци, 900 Власи и 678 Срби и Црногорци. Сите малцинства го бојкотираа последниот попис а веќе седумнаесет години бараат попис во кој ќе има колона за етничка и верска припадност.
 
Демек ако не се они кај нас 26 посто, тогаш и ние ќе сме помалце :pos2:
 
Демек ако не се они кај нас 26 посто, тогаш и ние ќе сме помалце :pos2:


Ако се помалце од 26 % кај нас.......тогаш нема да важи СРАМКОВНИОТ ДОГОВОР
 
40 реди, 1 брои.

Изгледа се дупки математика сите во Албанија.
 
Зтоа треба и Македонија да изјави дека на нејзина територија живеат окулу 300 000 Албанци со што веднаш прекинува важноста на с-рамковниот договор.:toe:
 
Зтоа треба и Македонија да изјави дека на нејзина територија живеат окулу 300 000 Албанци со што веднаш прекинува важноста на с-рамковниот договор.:toe:

Се сложувам потполно,само за некој тоа да го направи треба да има м*да.
 
Треба да нема ум.:)

Јас на тоа мнение стојам.
 
Ziva glupost platena od Grcija



_VISTINA_
 
А како може да сме сигурни дека навистина има повеќе Македонци во Албанија? Или Македонци што се чуствуваат како Македонци?:toe:
 
Треба да нема ум.:)

Јас на тоа мнение стојам.

Ами ако стоиш на тоа мнение,тогаш имал ли тој Албанецот од Албанија ум кога објавил вест дека во Албанија има само 4 000 Македонци?Или тој ти делува за многу умен човек?
 
А како може да сме сигурни дека навистина има повеќе Македонци во Албанија? Или Македонци што се чуствуваат како Македонци?:toe:

Ами ако стоиш на тоа мнение,тогаш имал ли тој Албанецот од Албанија ум кога објавил вест дека во Албанија има само 4 000 Македонци?Или тој ти делува за многу умен човек?

Читај го македонецот над тебе. Тенкју. Камаген.
 
Хехе... најдов решение... Ќе го направиме Рајмс да се чуствува како Македонец (етнички) и се ќе е кути на егејско.

Он... топик: Значи треба тие нашите таму малку да обрнат внимание на националното чуство на Македонците а Албанија на математиката во основните училишта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom