Браво Tomsaso, многу убаво кажано во една реченица! Но заборави да му кажеш на *Непобедивиот* (Invictus) дека ако продолжи да се занимава со Forex trading, многу бргу ќе мора да го смени својот ник.... и тоа дека на тој пазар добиваат едвај 20%, додека останатите 80% се лузери со илузии дека некогаш ќе им се насмевне среќата и ним....Мислам дека од оние 20% кои профитираат со тргување со валути, барем 18% од *добитниците* се компании на крупни зверки и магнати од сојот на W. Buffet, Soros..... и така натака, кои директно со инвестиции дури и можат да влијаат во вредноста на некоја валута, додека останатите 2% се фантастично добри аналитичари на движењата во светската економија, експерти, познавачи..... се останато е коцка и ништо друго! Заинтересиран сум и јас, односно БЕВ.... меѓутоа откако убаво се информирав, немам намера да вложувам на 39-ка црвено (Рулет).... Е сега, постојат Forex Brokeri. Ги има два типа: Interbank (внатрешни-од банката) или ECN брокери. Овие нудат најниски трансакциски трошоци (spead-ови) и многу се рационални, те работат за профит на клиентот, т.е. не работат во негова штета! Но за жал овој *кралски* третман не е за секој. Овие ЕЦН брокерски куќи, банки обично примаат само клиенти со дебели портфолија. На пример најпознатиот и реномиран во светски рамки Dukascopy од Geneve (Швајцарија) бара минимален влог од 50,000$ !!! Со вистински експерти, едуцирани, искусни за сметка на клиентот тргуваат на Форекс пазарот. Е сега немаат спектакуларни резултати (иако како реков се најдобри или меѓу најдобрите во светски размери одстваруваат годишно некаде помеѓу 8 и 12% Единствено ним би им ги доверил парите .... За вториот тип брокери не би сакал да зборувам и штампата и електронските медиуми а особено интернетот, преполни се со овие *ГОЛЕМИ ЕКСПЕРТИ* кои ветуваат огромни профити за своите клиенти..... но уште повеќе има на нетов барем за пустошот што го направиле овие те за последиците од нив. Доволно е на Хрватски, Српски на Google да се впише: "Forex prevare" и се ке ви биде јасно! Еве еден линк кој ке ве одведе на еден од милионите текстови:
http://www.nacional.hr/clanak/66909/forex-prijevara-teska-100-milijuna-kuna
Незнам колку е 100 милиони Куни (веројатно многу).... ете уште еден од многуте ТАТ-ови..... ПРЕВАРИ!
Forex = комар (коцкање) и превара.... ништо друго!.... Кец у кец на Барса! пардон! Не разбирам што е тоа!?
Прочитај погоре Томсасо што вели за левиџ 1:200 1:1000.... тука се страда, колку и да си *непобедив* само за 2 проценти да отиде долу валутата која ја купуваш ојде ти по ѓаволите со влогот.
А Питерс што вели живее од тоа, го нема со месеци .... и мене баш ме интересираше како се живее од Форекс-коцкава!?