Што всушност поддржувам?

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување

Што всушност подржувам?

  • во целост ја подржувам политиката на Вмро Дпмне

    Гласови: 16 24,2%
  • не сум толку за Вмро Дпмне, колку што сум против Сдсм

    Гласови: 37 56,1%
  • во целост ја подржувам политиката на Сдсм

    Гласови: 4 6,1%
  • не сум толку за Сдсм, колку што сум против Вмро Дпмне

    Гласови: 9 13,6%

  • Вкупно гласачи
    66

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Гледам дека од ден на ден раздорот и политичките превирања меѓу двете најголеми политички партии во земјава се повеќе и повеќе се зголемуваат, а односите се вжештени повеќе од кога и да било.

Но прашањето ми е - Дали вие во целост ја подржувате политиката, принципите и ставовите на лидерите и членовите на политичката партија која ја симпатизирате или пак таа подршка доаѓа пред се поради лошата работа и недостатоците на спротивната политичка партија?

Со други зборови зошто сте подржувачи на партијата, дали заради тоа што сметате дека таа е во согласност со вашите политички убедувања и интереси, или заради тоа што спротивната партија толку не чини што подобро би била таа опција?
 
Па од една страна имаш програма со конкретни акции како да се решават проблемите во Македонија а од друга страна имаш нешто како Фрчко-то. Тука нема раздор има само крекање и плукање по тие што нешто прават да тргне во Македонија.
 
A зошто нема опција не подржувам ни едно ни друго?

значи ни едните ни другите ги подржувам туку чекам нешто трето.
Премиеров наш е шампион во трошење на државните резерви и во носење робовладетелски закони ако никој не забележал до сега денарот слабее многу, плаќаме невидено високи даноци монетарната политика е пропаст со господинот стврески кој очигледно појма нема за ништо друго освен сопствена заработка,
Ништо од странските инвестиции, сите се во криза единствено ние не сме мошеби затоа што и никогаш не сме излегле.. и да подржам вакво нешто нема шанса..
 
Политички курви не се за подржување.:toe:
 
Па од една страна имаш програма со конкретни акции како да се решават проблемите во Македонија а од друга страна имаш нешто како Фрчко-то. Тука нема раздор има само крекање и плукање по тие што нешто прават да тргне во Македонија.

добро тоа со раздорот беше како вовед за темата, значи да навлеземе во суштината на моето прашање дали ја подржувате и гласате за партијата заради нејзините ставови и принципи според кои се раководи, или гласате заради што другата опција не ви доаѓа во предвид:helou:
 
Сдс треба да се реформира и да се освежи со нови кадри, иначе вака е премногу слаба. така и ќе остане ако продолжи вака, и џабе се надева со бранчета. :wink:
 
Па добро искрено поблиска ми е политиката на ВМРО ДПМНЕ, не дека цела фамилија ми е комитска (скоро сите се или членови, или симпатизери :icon_lol:), туку имам оценето во моментов нема друг избор. Знам дека не личи така затоа што понекогаш жестоко распалувам со критики против ВМРО ДПМНЕ, ама тоа го правам за да го искажам своето незадоволство од некои работи, за кои мислам дека треба да се сменат или подобрат.
Не сум страствен поддржувач на Никола Груевски, ниту негов идолопоклоник и ги учам моите блиски да не бидат такви, и во поголем број и не се, размислуваат со сопствената глава. Ама се знае каде припаѓам.
П.С. Ова скоро сите го преименувам во моментов буквално сите, затоа што не можам да најдам црна овца во стадото.
 
добро тоа со раздорот беше како вовед за темата, значи да навлеземе во суштината на моето прашање дали ја подржувате и гласате за партијата заради нејзините ставови и принципи според кои се раководи, или гласате заради што другата опција не ви доаѓа во предвид:helou:

за болдот. нема шанси да гласам за сдс. не гласав на овие избори за никого, ама во втор круг ќе гласам против Фрчко. да не влезеше фрчко во втор круг пак немаше да гласам, ама во овој случај јаче је од мене!!!
 
Ja podrzuvam VMRO od pricina sto preku stojko mi od vodenje politika sostavena
od manipulacii i lazenje i glumenje nekoj elitizam site ble glupi ako ne bile za SDSM.
 
Ја подржувам ВМРО-ДПМНЕ зошто ја смени комплетната постава која не даваше резултати. Го порази војводата кој важеше за култна личност.
Новите фаци во владата кои постигнале резултати и надвор за разлика од СДСМ кадрите кои се најпаметните и најдобри на тато и мама со привилегии од градинка до факултет.
Влада која дава реформи.
Влада која го негува националниот дух.
Влада која првпат од позиција на Влада на РМ го покрена прашањето за Македонците во Беломорска Македонија.
Влада која за првпат зададе удар на фашистичката политика на Грција со давање на Грција пред меѓународен суд.

За маните во некоја друга прилика.

СДСМ поради квази елтизимот, антидржавната политика и поради антидржавните активности од осамостојувањето до денес, ја мрзам од дно на душа.
 
не сум толку за Вмро Дпмне, колку што сум против Сдсм
 
Јас би подржал влада која :
1.ќе се тргне од телевизиските рекламирања
2.влада која ќе почне да работи на подобрување на економијата
3.влада која ќе се погрижи за СИТЕ нашинци во соседните држави
4.влада која нема многу да ветува,но она што ќе го вети ќе си го одработи
5.влада на која нема да и требаат ТВ станици за да прикажат она што ќе го прави или направила,туку народот сам да види
6.влада која ќе знае понекогаш да ги прифати своите грешки
7.влада која ќе нема да се буди само пред избори,туку ќе работи 4 години
8.влада која ќе се позанимава со реалните проблеми на граѓаните

има уште многу да пишувам ама ме фати некоја мрза

п.с Според напишаново ни една од двете партии кои досега ја водеа Македонија не ми се по кеиф
 
koj ce gi prekine pregovorite za imeto ce ja ima mojata dozivotna podrska a ko sto gledam i ednite i drugite uporno insistirat za pregovori so gejcite taka da ce morat oni da mi go podrzat..... sega za sega:toe:
 
добро тоа со раздорот беше како вовед за темата, значи да навлеземе во суштината на моето прашање дали ја подржувате и гласате за партијата заради нејзините ставови и принципи според кои се раководи, или гласате заради што другата опција не ви доаѓа во предвид:helou:

И од двете нешта по малку, но се обидувам и да ги следам сопствените убедувања. :smir::wink:
 
Јас сум против сите. Сеуште не се нашол доволно компетентно сериозно да се фати со политика во Македонија. Дур не се појави нема ни подржувам никого.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom