Дедовци, баби и Александар

  • Креатор на темата Креатор на темата Amnaesiac
  • Време на започнување Време на започнување
Александар Македонски е егзамплар, преставник на МАКЕДОНСКАТА култура и цивилизација во античко време.
Тој немаше да постои ако не беше континуитетот на таа цивилизација со целиот потенцијал кој е запишан 1000 години назад (Кумранските записи).
Дообјаснување за болдираното?
 
Да не се бавиме сега со ја знам дека ти не си глуп и ти знаеш дека не сум глуп. После толку читање на постови на форумов, мислам дека може да заклучиме дека и двајцата не сме глупи, ти си претпоставувам финансиран од одредена структура и средствата мораш да ги оправдаш а јас сум freelancer. Инаку човек со ваква интелигенција да се срозува на вакво подниво, никако не можам да разберам освен ако нема лична корист.
Линкови, егзактност, аргументи, се е тоа убаво за физичар, ама ти не си хемичар и ја користиш својата неспорна интелигенција да срозиш други исто такви луѓе кои не се вклопуваат во матрицата на твоите налогодавачи. Јас само би ти препорачал искористи ја твојата интелигенција за конструктивни цели, а и твојот ник ми е многу симптоматичен. И многу ме интересира генезата на твојот ник.

реков не доаѓам на овој подфорум ама пуста природа човекова. и продолжи да делиш црвени, откако дојдов на форумов, ти си единствениот кој си ми дал црвено, еве малце да внесам и субјективност во постов, за да можеш да го искредитираш на лични основи, иако и сам би требало да знаеш дека не е така, кога требало сум фалел, али што е премногу премногу е.

Па како што кажа, можеш да вадиш заклучоци врз база на претпоставки.
А од таквите дискусии базирани на претпоставки немаме никаква полза, бидејќи неможеме ништо да докажеме.

Кога ќе имаш конкретно некои аргументи пробај да ме демантираш. А мојата ангажираност да срозувам илузии и ситни профитирања на штета на Македонските интереси ми претставува лично задоволство и до негде должност.

А се надевам го разбираш во целост терминот - freelancer. :helou:

Генезата на мојот ник ќе остане мистерија за тебе, тоа доаѓа со заслуга.
П.С. Не си заслужил.

и откога тоа ароганцијата стана македонска карактеристика. има и други ароганти ама има и неспоредлива ароганција.

Ја тоа го нарекувам самоувереност.
 
го разбирам. генезата на “слаткарскиот“ ник е јасна, само барав потврда, а и флексибилноста е исто така повеќе од јасна. И после некои ќе зборат за кичми.
 
го разбирам. генезата на “слаткарскиот“ ник е јасна, само барав потврда, а и флексибилноста е исто така повеќе од јасна. И после некои ќе зборат за кичми.

Ако го ставам татко ти на аватар (со твоја дозвола), дали ќе ме сакаш како татка си?

Можеш да си сведуваш лични заклучоци, креираш перцепции кои само тебе ќе те задоволат, но интимно во себе.

Слаткарски амбиции немам, слатки обожавам. :tv:

П.С. Ова не е подфорум политика.
 
Линкови, егзактност, аргументи, се е тоа убаво за физичар, ама ти не си хемичар и ја користиш својата неспорна интелигенција да срозиш други исто такви луѓе кои не се вклопуваат во матрицата на твоите налогодавачи.
сериозно почнува да ми се гади од одроди, или газдите кеcиња или нека ја зачистат смрдеата.

1.отвараш тема со подла намера
2.темата е историска за лик кој бил предок на сите и кој сите го памтиме, ТИ ПОЛИТИЗИРАШ И ПЛУКАШ, зошто и сам не знаеш
3.БЕГАШ ОД ОТВОРЕНАТА ДИСКУСИЈА:tapp:
4. ПАК СЕ ВРАКАШ И ОДИШ ОФ ТОПИК во лични пресметки.

повели

Diazepam10mg.jpg
 
Не бе нас онака ни текна од чиста мира да ги "провоцираме" комшиите. Секако дека ни зборувале инаку зашто би се нарекувале Македонци? Види го интервјуто со Карев и тој се декларира за потомок на античките Македонци. Сигурно дедо му му прераскажал некоја легенда :) a твоите ако не ти прераскажувале легенди за Александар или се дојденци или па тешки комуњари, друго нема.

ПС: Се гледа дека си некој тинејџер самобендисан што мисли дека знае се, и уште кога дојде на форумов почна да плукаш по сите што не мислат како тебе, ја сакаат земјава и се патриоти, особено по Ада.
 
Самобендисаноста не е само моја карактеристика. Има посамобендисани од мене. Друго, со ада “проблемот“ е решен на приватно ниво. Оттогаш не сме имале “недоразбирања“. Секој човек греши, така и јас.

Поентата е нешто друго, туку тука се мора да се сфати нарачано, извртувачки итн. Јас едноставно кажувам од моите предци никој не ми кажувал некои работи кои денес ги читам, и пак кажувам некои од нив не биле неписмени и не седеле дома. Дали биле манипулирани не знам. И за Ченто читав и за неговите ставови и не знам дали се извртени и погрешно интерпретирани.

Мојата перцепција е има 3 типа луѓе, едните кажуваат нешто а појма немаат што кажуваат, а други кажуваат и знаат, ама кога ќе се обидеш да кажеш или да ги прашаш нешто, настапуваат со својата ароганција. Третите не се релевантни за дискусијава.

Мене не ми е срам да признаам дека нешто не знам. И не ми е срам дека некој ќе ми каже како може да не го знаеш ова, ти си одрод. Така гледано, исто може јас да му смеам на некој што нема елементарни познавања од физика на пример. Зошто историјата би била поважна од физиката. Или ради идентитетот е тоа.

Размислувајќи, дојдов до едноставен заклучок и како и секогаш прашав. И секогаш не мора да се бараат провокации. Понатаму на темата имаше мои лични провокации но тие беа поттикнати е се со заднина од порано.
На некои од вас фала за линковите.
 
Моите/Нашите дедовци и пра дедовци:

Македонско Здружение, "Александар Македонски", Колумбус, Охајо, САД, 1938 г.

Registered as:
The Macedonian American Society
ALEXANDER THE GREAT
Columbus, Ohio
Organized March 9th, 1938

http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=718&Itemid=2

:wink:
 
Да не се бавиме сега со ја знам дека ти не си глуп и ти знаеш дека не сум глуп. После толку читање на постови на форумов, мислам дека може да заклучиме дека и двајцата не сме глупи, ти си претпоставувам финансиран од одредена структура и средствата мораш да ги оправдаш а јас сум freelancer. Инаку човек со ваква интелигенција да се срозува на вакво подниво, никако не можам да разберам освен ако нема лична корист.
Линкови, егзактност, аргументи, се е тоа убаво за физичар, ама ти не си хемичар и ја користиш својата неспорна интелигенција да срозиш други исто такви луѓе кои не се вклопуваат во матрицата на твоите налогодавачи. Јас само би ти препорачал искористи ја твојата интелигенција за конструктивни цели, а и твојот ник ми е многу симптоматичен. И многу ме интересира генезата на твојот ник.

реков не доаѓам на овој подфорум ама пуста природа човекова. и продолжи да делиш црвени, откако дојдов на форумов, ти си единствениот кој си ми дал црвено, еве малце да внесам и субјективност во постов, за да можеш да го дискредитираш на лични основи, иако и сам би требало да знаеш дека не е така, кога требало сум фалел, али што е премногу премногу е.

и откога тоа ароганцијата стана македонска карактеристика. има и други ароганти ама има и неспоредлива ароганција.

Подобро да не го врзуваш Братот со ниедна партија затоа што добро знаеме кој е кој на форумов.
Како и да е,последици од тоа што дедо ти не го спомнал ниту еднаш Александар се гледаат преку тебе.
Мојот дедо не учествувал во никаква војна,но затоа баба ми е прославен партизан Вера Которка,и мојата друга баба(сестра на партизанката) ми кажува колку била "зацепана" за Илинден,Самуил,Александар и др.Едноставно била вљубена во Македонија,и животот го даде на Осогово за Македонија.
Додека пак мојот чукундедо Јован бил снабдувач во Илинденското востание,но несреќник ,па го фатиле Турциве.Па ајде во зандана во Солун,во Подрум Тепе мислам дека се викаше затворот.Таму во буре од лед го ставале за да ги предаде информациите за Илинденците,овој мирно си одлежал,но затоа бог да го прости иживеа 106 год без проблем.И за него дедо ми(син на мојот чукундедо)ми кажуваше како одржувале состаноци,како разговарале за Македонската историја,милион пати спомнувајќи дека еднаш сме го владееле светот(се мисли на антиката),и затоа сме морале да се ослободиме од окупаторите.
 
Дедо ми беше во 2св, и беше со соцјалистичко убедување (иако мислам дека не беше член на партијата и не ги сакаше комунистите што беа на власт) а за тоа колку ми имат зборувано...

хммм не за џабе се викам Александар јбт. :)

Ама изгледа тоа што сме поделени денес, е резултат на некој што не пренел нешто на другата генерација. Не му замерувај на дедо ти, сигурно човекот едноставно немал интерес кон минатото. Има и денес многу луѓе што ќе ти кажат „Што било поминало, дај иднина“.
 
Моите/Нашите дедовци и пра дедовци:

Македонско Здружение, "Александар Македонски", Колумбус, Охајо, САД, 1938 г.

Registered as:
The Macedonian American Society
ALEXANDER THE GREAT
Columbus, Ohio
Organized March 9th, 1938

http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=718&Itemid=2

:wink:

Ама од Индијана си била ти... :)
Членуваш во МПО?
Еве уште неколку слики од Македонците низ САД,низ 20тиот век:

macefamily.jpg

hockey_1945.jpg

Macedonians_in_the_USA_1926.jpg

loula-obama_new.jpg
 
MPO? Hell no!

А и тие на сликата немаа/немаат врска со МПО...

PREAMBLE
"We the Macedonians from Macedonia, part of the former Turkish empire, immigrants in Columbus, Franklin County, Ohio, associate ourselves together in a fraternal, non-political and non-ecclesiastical organization to be called the “Macedonian American Society Alexander the Great” of Columbus, Ohio."

И ова...

"Затоа, веднаш по основањето на Македонската Православна Црква во родната Македонија во 1958 година, членовите на Здружението, основаа црква и побараа пред американските власти во Columbus нејзина регистрација. Потписници на одлуката за регистрирање биле: Методија Пашовиќ, Петар Кристоф и Вело Божин. Така, истата година на 28 декември, при сеопшт восхит од присутните верни Македонци, во халата на Македонското Здружение „Александар Македонски“, се одржа и првата Света Богослужба на македонски јазик отслужена од свештеникот, отец Стеван Белически, прва-не само во Охајо, но прва за сите наши иселеници, во сите прекуокеански земји."
 
Немаа и немаат никаква врска со МПО,да.
Те прашав дали членуваш, оти повеќето внуци на оние од твојата слика вклучувајки го и внукот на Лебамов од сестра,се активисти на МПО и ден денешен можеш да ги најдеш во нивното седиште во Форт Вејн, Индијана.
Голем поздрав до тебе.
 
Кате Кате, изненадуваш како гром од ведро небо :)

Многу ми е мило што придонесуваш на темава, можеш ли нешто повеќе да кажеш за таа организација?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom