А да те навлечам во замка каде не го почитуваш Уставот не ќе е полесно?Зборуваш за центар-десно (помалку-повеќе демохристијанска) ориентирана партија, која воглавно е составена од Македонци. Зарем таа влада нема да изгради црква (мнозинство Македонци = православни)? Затоа разграничувам влада и држава. Владата може утре да падне, но државата (барем по некое правило) треба да остане.
Затоа те молам не ме навлекувај во „мултиетничка замка“ каде што ќе наведам дека „сум ги мразел сите етникуми“ бидејки реалноста е МНОГУ различна. Со тоа што сакам државата (во која сум мнозинство) да почитува дел од мојот национален дух, не треба да представува никаква црна точка во очите на другите народности кои што живеат во Македонија. Зарем не се почитуваат другите националности доволно, за да тие ги почитуваат нашите Македонски потреби?

Владата ако сака нека е составена и од човекојадци, тоа не значи дека ќе може да ги јаде своите граѓани. Има да го почитува уставот ако сака да владее, а според уставот државата е одделена од религијата.
А што се однесува до вашите права (на православните христијани)... можете слободно да си ги остварувате преку МПЦ.
Хаха, немој не ме плаши бе, не го кажувам прв пат тоа, и нема ни последен пат да го кажам :helou:Аха значи си македонец и атеист и не ти е гајле за црквите... добро твое право и нешто што мора да го запомниш дека си го кажал и да го почитуваш цел живот. Да те прашам сега јас тебе, дали ќе се венчаш во црква (ако си веќе, тогаш дали се) и дали ќе ги крстиш децата во црква (ако имаш веќе дали ги)?
Друго нешто... ти како атеист-Македонец, што друго Македонско сакаш да има на плоштадот? Знаме, споменик на Александар Македонски, споменик на Комитите...кажи нешто?
Што се однесува до венчавањето, крштевање и сл кои да те потсетам се дел од мојот приватен живот, али ај...
Сигурно нема да стапам во брак со самиот себе па сам да ја донесам таа одлука... Има време до тогаш, ќе најдам некоја убава жена па заедно ќе одлучиме, зависно од тоа какви религиски сфаќања и определби ќе има.
И не мора да значи дека ќе е православна христијанка бе... :tv:
И да, ај сеа кажи ми како државата/власта/какобило би ми излегла мене во пресрет бидејќи сум македонец - атеист
