СДС ке руши цркви и споменици

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување
Зборуваш за центар-десно (помалку-повеќе демохристијанска) ориентирана партија, која воглавно е составена од Македонци. Зарем таа влада нема да изгради црква (мнозинство Македонци = православни)? Затоа разграничувам влада и држава. Владата може утре да падне, но државата (барем по некое правило) треба да остане.

Затоа те молам не ме навлекувај во „мултиетничка замка“ каде што ќе наведам дека „сум ги мразел сите етникуми“ бидејки реалноста е МНОГУ различна. Со тоа што сакам државата (во која сум мнозинство) да почитува дел од мојот национален дух, не треба да представува никаква црна точка во очите на другите народности кои што живеат во Македонија. Зарем не се почитуваат другите националности доволно, за да тие ги почитуваат нашите Македонски потреби?
А да те навлечам во замка каде не го почитуваш Уставот не ќе е полесно?:pipi:

Владата ако сака нека е составена и од човекојадци, тоа не значи дека ќе може да ги јаде своите граѓани. Има да го почитува уставот ако сака да владее, а според уставот државата е одделена од религијата.

А што се однесува до вашите права (на православните христијани)... можете слободно да си ги остварувате преку МПЦ.

Аха значи си македонец и атеист и не ти е гајле за црквите... добро твое право и нешто што мора да го запомниш дека си го кажал и да го почитуваш цел живот. Да те прашам сега јас тебе, дали ќе се венчаш во црква (ако си веќе, тогаш дали се) и дали ќе ги крстиш децата во црква (ако имаш веќе дали ги)?

Друго нешто... ти како атеист-Македонец, што друго Македонско сакаш да има на плоштадот? Знаме, споменик на Александар Македонски, споменик на Комитите...кажи нешто?
Хаха, немој не ме плаши бе, не го кажувам прв пат тоа, и нема ни последен пат да го кажам :helou:

Што се однесува до венчавањето, крштевање и сл кои да те потсетам се дел од мојот приватен живот, али ај...

Сигурно нема да стапам во брак со самиот себе па сам да ја донесам таа одлука... Има време до тогаш, ќе најдам некоја убава жена па заедно ќе одлучиме, зависно од тоа какви религиски сфаќања и определби ќе има.

И не мора да значи дека ќе е православна христијанка бе... :tv:

И да, ај сеа кажи ми како државата/власта/какобило би ми излегла мене во пресрет бидејќи сум македонец - атеист :pipi:
 
Зборуваме за мнозинство од мнозиство. “

http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=F140B59A07CF8D459EBF0FCF3D199026

Toлку.
Си кажавме шо мислиме, се надевам ќе видиме на плоштадон за некоја година и Александар и букефал, и црква и џамија и уставен сум и театар и знаме и грб и све...Ајт поздрав.
 
1. Тоа за конвенцијата појма неам шо збориш,

Се извинувам за Конвенција, можеби не е соодветен збор. т.е. не е соодветна транскрипцијата од англиски на Македонски...

Convention...

1. a meeting or formal assembly, as of representatives or delegates, for discussion of and action on particular matters of common concern. 2. U.S. Politics. a representative party assembly to nominate candidates and adopt platforms and party rules. 3. an agreement, compact, or contract.

Tи сигурно во предвид го имаше бр.1

Се извинувам за тоа...

Што се однесува до венчавањето, крштевање и сл кои да те потсетам се дел од мојот приватен живот, али ај...

Сигурно нема да стапам во брак со самиот себе па сам да ја донесам таа одлука... Има време до тогаш, ќе најдам некоја убава жена па заедно ќе одлучиме, зависно од тоа какви религиски сфаќања и определби ќе има.

И не мора да значи дека ќе е православна христијанка бе... :tv:

И да, ај сеа кажи ми како државата/власта/какобило би ми излегла мене во пресрет бидејќи сум македонец - атеист :pipi:

1. Јас не се засегнав по твојот приватен живот, едноставно те прашав дали ќе извршиш венчавка/крштевка во црква. Ништо повеќе ништо помалку. (+ ако сакаш ваква работа, жената мора да ти е крстена или од православен или католички поп)
2. Јас тебе те прашав што сакаш ти на плоштад... како атеист... а сега ти мене ме прашуваш јас да ти кажам?! Види предходен пост.




http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=F140B59A07CF8D459EBF0FCF3D199026

Toлку.
Си кажавме шо мислиме, се надевам ќе видиме на плоштадон за некоја година и Александар и букефал, и црква и џамија и уставен сум и театар и знаме и грб и све...Ајт поздрав.

Значи за да почитувам се друго, треба сам да не се почитувам?!
 
Абре ќе изумрат и тие некој ден.
Како бре навистина може да ви смета црква? Само тоа некој нека ми објасни, да чујам.
Спомениците на АЛАРОВА? А глупостите на СДС?

Ама уопште не ми смета црква. Мала е таа што планираат да ја прават ако ме прашуваат мене. Мене само ми пречи што со мои пари ја градат, а постои орган што се вика МПЦ, а државата е сепак секуларна.
Како што си кажа Чак Норис подоле. МПЦ нека си ги подбере тоа крадците, нека ги инвестира парите и земјиштата кои што си ги има (и хотели и јавни куќи што ли има јас не знам и не ме интересира). Со нивни пари, нивни интерес нека гледа. Со мои пари, не сакам црква да се гради. Да бидеме јасни, не сакам ни џамија. Сакам школо и афтопут до Струмица да стигнам за 45 минути. Тенкју, камаген.

Да ја туркаат црквата не треба-но ако можат да ја запрат незината изградба...
Ова е секуларна држава и тоа треба да се свати-црквата си има фондови,доброволни прилози,ктитори и сл.нема потреба државата да одделува буџетски пари за цркви и џамии..

Секоја почит до Македонците муслимани,но доминантна религија кај Македонците е православноста,и тоа е еден од симболите на Македонската култура.
Како и да е ние не се закануваме,ние само предупредуваме

Религијата е нешто во што веруваш. Ти. Ставре, Митре, Јонуз и Армин. Вие, седнете си на маса, направете си фонд, здружение, што сакате прајте, и кршете си глава. Личен проблем е тоа. Затоа и постои МПЦ, за верниците. Државата, постои за нас, граѓаните. Буџетот, ние го полниме, за утре да имаме постабилни плати, подобра инфраструктура, подобро здравство, и фала курцу, подобра иднина. Ме заболе мене дали на 55 години ќе имам црква на плоштад, џамија или синагога за молење. Немам пензија да стигнам до плоштад. Ти текнуе?


Кој кажа дека не е ,и Турција е секуларна држава,па фрчат џамии насекаде

Турција секуларна држава, фрчат џамии секаде, а сепак центарот на православието е каде? Друже, просветли ме те молам? Да беше Турција исламистичка држава, немаше да биде Ватикан на православието...ама ај, нема да сфатиш, џабе ти објаснувам. Џамиите, црквите, ги гради народот. Не државата. Слободно друже, земи лопата, направи си фонд, и гради не црква, катедрала голема. Има да се гордеам на таква убава градба на сред Центар. Ама со твои пари. Не со наши, народни.

А да те навлечам во замка каде не го почитуваш Уставот не ќе е полесно?:pipi:

Владата ако сака нека е составена и од човекојадци, тоа не значи дека ќе може да ги јаде своите граѓани. Има да го почитува уставот ако сака да владее, а според уставот државата е одделена од религијата.

А што се однесува до вашите права (на православните христијани)... можете слободно да си ги остварувате преку МПЦ.

На иста слична тема кога се дискутираше за црква, локација дрн дрн јариња убаво си кажав уште тогаш. Тие што ја знаат катедралата на св. Патрик во Њу Јорк, знаат што мислам, тие што не ја знаат, нека ја гуглаат. Е толкава сакам да видам на сред плоштад. Мајке ми. Уште ако може да ја копираат супер ќе биде. Туристи еден тон ќе имаме.
Проблемот е што таа црква, ќе се гради со државни пари. Од буџет. Буџет кој што го полнат граѓаните на секуларната држава Р. Македонија. Тие пари, се издвојуваат од моја уста, од мое здравство, од моја инфраструктура, и образование. Зашто? За некој да верува во крст и кандило или џамија што било??? Што ме заболе мене за религозни определби на луѓето бе??? Тоа е личен избор. Бираш во што ќе веруваш. Таму иди моли се. Направи си фонд, чао пријатно. Нит локација ќе ми пречи, нит колкава ќе биде, нит дали ќе имало крст поголем од тој на водно, нит дали МПЦ биле арамии. Око нема да ми трепне. И да биле арамии, со нивни пари ќе си градат. Така да...мене лично не ме засегнува.

А ако некој мисли да ми реплицира дека јас имам против црква, дека сакам џамии, носете се у триста и со цркви и со џамии уште од сега ви кажувам. Јас ако сакам да идам во џамија, ќе си соберам пари со блиските, во нивата на комшијата ќе ископаме темели, и ќе изградам џамија, и во неа ќе си се молам. Или па може и синагога, кујзнае дотогаш што ќе биде во мода за градење.

Ама ок, ве разбирам, преголеми верници, со крст и кандило се будите, јесте да. Ако треба и 5 евра за црква ќе дадам. Па ме заболе што до Струмица ќе идам со трактор.
 
Абе се повеќе и повеќе тонат ама што сакаат нека прават ич не ми е гајле
 
...
И да, ај сеа кажи ми како државата/власта/какобило би ми излегла мене во пресрет бидејќи сум македонец - атеист :pipi:

Дали би те задоволил бордел на плоштадот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom