- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 777
Стојан Трпчевски: Ќе издржиме ли на 5 април да имаме фер избори и без инциденти?
Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија : Ние имаме обврска тоа да го издржиме и спроведеме. Владата ќе биде целосна фокусирана на тоа. Тоа е најголемиот успех што го имаше Македонија на овие избори, најголемата победа затоа што ни отвора многу перспективи за понатаму. Дамката од минатогодишните избори се чисти и сега одиме понатаму. Тоа беше најголемата заложба што ја имавме и како влада и како институција во државата. Голема благодарност на сите што помогнаа во тоа вклучувајќи и граѓаните во тоа.
Стојан Трпчевски: Задоволен ли сте од гласовите што ги добивте на овие избори?
Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија : Ние победивме во 25 општини во првиот круг а опозицијата победи во 4, и сметаат дека успеале. Во 55 совети ние имаме поголема предност од СДСМ а во 10 имаа тие предност. За претседателскиот кандидат се тврди дека сме послаби од СДСМ, но доколку се земе во предвид изборите од пред 5 години ќе видите дека ние и кога губевме имавме повеќе гласови од СДСМ што има сега.
Стојан Трпчевски: Никола Груевски лани успеа да налепи рекорди меѓутоа годинава не го постигнавте истиот успех.
Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија: Кампањата јас ја носев и во 2004 и во 2005 како претседател на партијата, но тогаш не добивме толку гласови туку добивме кога беа парламентарните. Ние имаме убедлива предност на претседателските кандидат од 350 илјади гласови наспроти второ пласираниот со 200 илјади кој што се надева дека останатите кои што испаднаа од трката ќе му ги дале гласовите. Таа работа нема да оди баш така и јас очекувам поголема поддршка во вториот круг.
Стојан Трпчевски: Дали го потценивте Љубе Бошковски?
Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија: Не би рекол дека го потценивме. Тој уште од дамна најавуваше дека ќе се кандидира за претседател, уште додека беше во Хаг. Воопшто не сум изненаден што се појави како кандидат за претседател а наскоро и ќе оформи партија, така што не сум ниту изненаден ниту збунет во тој поглед. Ќе дојдат парламентарни избори и ако навистина чувствува дека треба да направи партија нека направи и граѓаните ќе оценат кому ќе ја дадат довербата.
Стојан Трпчевски: Буџаку најави дека ќе ве подржат во вториот круг но вие ќе треба во 2014 да подржите кандидат Албанец?
Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија : Таков договор помеѓу нас и ДУИ нема. Претседателот на ДУИ кажа во една телевизија дека таков договор не постои. Нема никаква логика да се прават такви договори меѓу нас и ДУИ. Кога би имало таков договор јас би кажал. Јас не би си дозволил да направам таков договор па после пет години да го негирам. Точно знам што сме договориле и точно знам што изјави Али Ахмети во вестите на А1 каде што јасно кажа дека никогаш не направил таков договор со Никола Груевски и додаде дека можеби некогаш ќе се случи да има кандидат за претседател кој не е од македонска националност во иднина да биде подржан од граѓаните.
Стојан Трпчевски: Рековте дека немате намера да преговарате со другите партии за да ве подржат за вториот круг од изборите, но математиките мора да се средат до 5 април или остават така?
Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија : Погрешно е гледањето на работите во Македонија дека некој може да ги даде гласовите. Народот во вториот круг се реоценува како ќе гласа во вториот круг. Имаме кандидат кој што нема црна дамка зад себе, човек кој што цел живот создавал, работел, помагал и имаме кандидат кој што цел живот се конфротира, цел живо обвинува, постојано влегува во некои комбинации кој што никому не му се јасни и еден куп други негативни работи вклучувајќи ги неговите мандати како министер за внатрешни и министер за надворешни работи. Атентат во негово време еден куп сомнителни набавки од типот на пасоши, набавка на расни коњи и ткн. Секој си има своја позадина и на основа на таа позадина и со основа што нудат тие во нивните програми за наредните 5 години, граѓаните ќе си направат оценка и ќе гласаат.
Стојан Трпчевски: Фрчковски се самопрогласи веќе за претседател и рече дека за време на неговиот мандат Македонија ќе влезе во НАТО и ЕУ. Дали е реално тоа?
Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија : Сите кандидат велат дека доколку јас бидам избран ќе го направам тоа и тоа, се разбира доколку биде избран. Јас мислам дека шансите се големи тоа да се случи, затоа што ги исполнивме сите реформи потребни за влез во НАТО, и најголемиот дел од реформите за влез во ЕУ. Клучниот момент беше да имаме успешни, фер и демократски избори, на добар пат сме да го направиме тоа. Има извесност кон крајот на годината да добиеме датум за почеток на преговори за влез во НАТО и ЕУ. Ни останува едно големо нерешено прашање кое што се надеваме дека ќе се најде некаков начин да се реши.
Стојан Трпчевски: Дали после изборите може да се очекува интевизирање на преговорите?
Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија : Се надевам дека ќе има интевизирање бидејќи сега заради изборите тие се стопирани. Нимиц најави дека по изборите планира да ги интевизира разговорите, така што најверојатно ќе има интевизирање на разговорите. Мене ме загрижува тоа што после Букурешкиот самит Грција зазема уште потврди позиции од претходно. Тие не само што инсистираат на промена на името онака како што тие ќе кажат, туку бараат тоа име да се користи за севкупна меѓународна и домашна употреба. Сите овие приказни на СДСМ дека ние ќе можеме да ФИРОМ да го замениме со Северна Македонија, идентитетот ќе го задржиме и дека така ќе се реши проблемот тоа Грција не го прифаќа. Тие бараат промена на идентитетот на Македонците, промена на името, промена на нацијата да не биде македонски, промена на пасошот, промена на името на јазикот да не биде македонски, промена на уставот во кој што ќе биде запишано новото име за севкупна меѓународна и домашна употреба односно едно име за секаде. Тоа е нивната позиција што ја истакнуваат пред Нимиц. Така да приказната што ја пласираат СДСМ дека ќе го решат проблемот со името е неточна бидејќи на тој начин Грција не прифаќа да се реши проблемот. Претпоставувам дека на Грција и е важно да има сосед која е во ЕУ и во НАТО.
Стојан Трпчевски: Што е со продажбата на државните записи?
Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија : Во минатото ММФ ни препорачуваше дека е добро да се почне една таква пракса. Дури иако во моментов нема најголема потреба за тоа, добро е тоа да се применува во Македонија затоа што сите земји ја практикуваат. Со мали прекини постојано од 2003 година се емитуваат такви записи но никој до сега не ги проблематизираше освен во овие избори.
Стојан Трпчевски: Каматната стапка ја нагласувате како проблематична?
Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија : Нормално е каматната стапка да порасне затоа што имаме свеста економска криза, банките ги чуваат повеќе парите за да одржуваат ликвидност. Банките се плашат дали нивните клиенти ќе им ги враќаат кредитите на време и повеќе зачувуваат пари кај себе за случајно да не дојдат во некоја ликвидноста криза. Штом банките ги чуваат повеќе парите кај себе автоматски на пазарот цената на каматата расте и автоматски државата мора да го следи тоа.
Стојан Трпчевски: Дали ќе има ребаланс на буџетот?
Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија : Ние ребаланс на буџетот правиме два пати годишно, во јули и во октомври. Најверојатно ќе имаме во јули или можеби мај. Имаме помалку приливи од оние што беа проектирани така да сега засега немаме сериозно загрозување на буџетот, иако гледам дека многу луѓе во оваа кампања се обидоа тоа да го прикажат поинаку дека немало да се поделат плати, па немало да се поделат пензии, тоа комплетно е неточно.
(25.03.2009)
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=48899&mid=1500&tabId=1&tabindex=0