Македонија VS Шпанија

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Секоја чест за играчите, само тоа ќе кажем! Ипак ова беше Шпанија, ама камо да играат против сите вака, ќе ни нема рамен!
 

MileJebo

Complete
Член од
7 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
41
Добра утакмица! Барем првиот дел.. Како и да е заслужуваат нашите фудбалери пофалби за преставата што ја приредија.
Како благодарност од мене нареден пат ќе им пуштам стриптизети у соблекувална! И тоа за секој посебно зашо незнам ја кој е педерот, ама им ја зима душата у соблекуална ко бааѓи изебани искачаат.
А шо беше работава со 1мин. молк т.е. превод на Македонски аплаузи и свирежи на цел глас?!?! Добро бе за џабе не го крстиле 1.мин МОЛК! Тоа ти е сељачка работа, Македончето ако не се избламира нема кој.
Факт е дека без Комитите сме како без јазик, навивање тиња, најгласни бевме кога требаше да молчиме, а кога требаше да викаме сите ќутат, типичен Македонски парадокс. Како и да е добра утакмица, барем половина дел.:smir:
 
Член од
28 април 2009
Мислења
1.831
Поени од реакции
253
само што се вратив од јужна атмосверата беше топ али штета што изгубивме:nenene:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Не беше лошо, али нз...ми изглеаше ко да пробуваа некои тактики на нас шпанциве во прво полувреме. Некоја теорија ко да ја реализираа, ама не успеа, и се вратија на дифолтот, и не решија :)
Али главата, горе...Не сме биле за фрлање толку...
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Спремна репрезентација за едно полувреме, како и секојпат со јаките противници......

Голови постигнуваме само од контри и од прекин.... Акција пополека да тргне нема шанси, се губи топката до половина:toe:
 
Т

Топџија

Гостин
Добар резултат на натпреваров. Се разочарав што примивме многу брзо три гола, што изгубивме нема проблем, ај Шпанија е тоа, али барем да се помачеа цело полувреме за тие голови. ОК нема везе.
За навивањето, точно слабо беше. Проблемот беше што немаше водечка група за навивање, фалеа комитите, а желба за навивање јас ќе ви кажам имаше, барем во делот каде седев јас.

И нешто што многу ме изнервира на стартот. Што ја викаат Каролина или било кој да ја изведува химната не ми е јасно. Тоа беше фарса. Ја тегави, ја тегави не можев чоечки да си ја испеам. Барем да ја пуштеа музиката во позадина да може човек да се ориентира, а вака почињаш да пееш, па застануваш и чекаш оваа да испее до кај што си стигнал и да продолжиш. Срамота, али тоа е многу амерички филмови гледаат.

Ајде сега уште 4 бода да освоиме со Норвешка и Шкотска и на коњ сме.:vozbud::vozbud:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.388
Поени од реакции
6.472
едно прашање за тие што беа на националнава арена - Дали ве забавуваше феноменалниот Боки 13??:kesa:
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Леелеее луѓе што зборите бе ... како може да ја наместиле 1-2???!!!! Пријателска утакмица колку што знам не им е од корист да ја местат ... ако ја местеле ќе ја наместеле да победиме зашто славиме јубилеј, а не Шпанија да победи ... нон стоп бурек да се јадело ... ццц
А иначе нашиве прво полувреме беа супер, зашто Торес и другарчињата не трчаа ... на полувреме беа искарани во соблекувална и се заинатија и ни дадоа 3 гола. Епа тоа е

А оној Наумовски под итно да си оди сам од репрезентација ... како си дозволува така да се однесува со играчи од А - класа (он може да сонува да биде таков играч).
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Добар натпревар, лоши 10 минути, т.е. катастрофални.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Ова ли е добра игра бре???? 5 шута кон голот наспроти 15 те на шпанија, шо е добро во играта цццццццц:toe:

Леелеее луѓе што зборите бе ... како може да ја наместиле 1-2???!!!! Пријателска утакмица колку што знам не им е од корист да ја местат ... ако ја местеле ќе ја наместеле да победиме зашто славиме јубилеј, а не Шпанија да победи ... нон стоп бурек да се јадело ... ццц
А иначе нашиве прво полувреме беа супер, зашто Торес и другарчињата не трчаа ... на полувреме беа искарани во соблекувална и се заинатија и ни дадоа 3 гола. Епа тоа е

А оној Наумовски под итно да си оди сам од репрезентација ... како си дозволува така да се однесува со играчи од А - класа (он може да сонува да биде таков играч).
Зашо да не га местат???
Па Шпанија може да каже, ако сакате со нас пријателска, ке ве победиме и готово:toe:
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Кога шутна играчот на Шпанија (незнам кој беше) Пике и уште еден играч беа во офсајд, топката удре во статива и се одбаци до Пике кој беше во офсајд :toe:... јас знам дека се суди тоа.
Пасивен офсајд..
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Значи има вистина во тоа кога Пандев не игра за лацио игра добро за македонија и сака да се докаже на тренрот и спосптвеникот во лацио дека вреди. Кога ќе почне да го ценат као порано пак ќе биде игледа иста песна.

коментарите за илчо наумовски овде на форумот се сложувам со повеќето дека е многу нервозен некултурен и нема утакмица а да не заработи шолт или црвен картон и згора на тоа е далеку од форма и подобро некој друг напаќач да игра.

Инаку старат рана или болка како сакате играме само едно полувреме и второ н иправат пресврт као што беше со англија, турција и др. И еве никој до сега не може дали тренер или нови играчи што доаѓаат да ја исправат оваа грешка или поглед и пристап кон играта. На ова би се надоврзал и ако први примиме гол исто така 90% губиме.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Уф. Од каде да почнам. Ај вака мислам дека нашиве покажаа квалитет, но и шпанците беа заспани во прво полувреме не знам и не сакам да коментирам. Имаше изјави и дека попуштиле што е навистина смешна слика за една светска селекција, но како и да е нашите покажаа одлична игра која за жал се сруши некаде во 51 минута.
Ако ви текнува уште и со Катанец имавме лоши периоди на почетокот на вториот дел и тогаш со Холандија на брзина примивме два гола што е скоро слично како денешниот меч!
Дали тука е клучот тука се распадна формацијата.
За Шпанија се најдобро. Докажани пред Европа пред Светот нема лош збор, секоја чест но и тие имаа лоши периоди и тие се луѓе нели :)
Па би рекол и на крај можевме да израмниме како и да е покажавме дека можеме да играме одлично но ова мора да биде почеток на нова репрезентација борбена, храбра и со дух па само напред и на следните два натпревари каде местото за бараж за СП 2010 е сеуште отворено.
Напред Македонија !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom