leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Банките и да несакаат едноставно мораат да ги зголемат каматите,тоа е директива од НБРМ.Како свири Гошев така играат они,нема своја политика во овој дел,може да играат на висина на каматни стапки и понуди,ама на дирктиви како задолжителна резерва и записи има топтан да играат.За стечај,далеку се од стечај,пола од депозитот го оставаат кај НБРМ,плус задолжителна резерва кој останатите земји како инструмент не го користат и нивните банки си имаат власт врз својот капитал си делат кредити,сиучествуваат на финансиски пазари,шпекулации,измислување најнови видови задолжувања и колабирање.Така денес во цел свет банките пропаѓаат,а во Македонија делат дивиденди.Пак ќе се навратам на мојот пост и делот со Ангела Меркел!
Џабе не напишав дека и таа да дојде пак кај нас нема да се оправи а тоа дека Германија ќе се оправи е точен податок,живеам и работам овде повеќе години и ја знам целата ситуација каква е?
Што се однесува до банките,ако така продолжат со зголемување на каматните стапки мислам дека брзо ќе одат и тие во стечај,нема никој да им зема кредити а сите банки натрупале недвижности и нема кому да ги продадат,сува пара нема и ете ти го нивниот крај.
Мислиш ли дека го оправдуам ова расфрлање на пари кое се случува сега односно со кое се купува социјалниот мир кај државната администрација за ВМРО и понатаму да остане на власт?
Сите тие се исти,не треба да ги амнестираме туку како во средниот век да ги запалиме на клада или како што Ромаците го убија Чаушеску,овде треба БАГЕР револуција инаку со сите овие луѓе што ги имаме како економисти или водачи на државата заминавме јабана!
Светската криза кај нас,само извозот го запре кој е пола од увозот,се друго сами си направивме.Веќе година дена сме во криза без извоз,а никој не мрдна со прст кон стопанството.Чекаат,чекаат кој знае што чекаат,изгледа дното го чекаат.Затоа додека другите се дигаат,ние ќе си пропаѓаме уште,уште некоја година.
Во врска со опоравувањето,кажав мое мислење како треба да изиграме.После овој натпис што го прочитав денес со Ден Дончев,навистина ме фати страв кој се не дели совети кај нас.Ова може да го каже само човек кој има интерес да девалвира денарот,а при тоа го боли таквоето за цела држава.
И јас сум за системот на багер револуција,ќе почнеме од почеток,од владетелите од 91 па се до денес.