Конечно да седнам и да ја раззгледам оваа антикризна мерка на владата.Прво и најважно е што им одговара на сите три страни во случајов,мали и средни претпријатија,банки и држава,така да сите три потписи стојат зад неа.Тоа е добар сигнал.
Читајќи го текстов малку ме избунија со милиониве која страна колку дава,но да не бидам ситничар
Значи во секторот мали и средни претпријатија ќе се вбризгаат 180 милиони евра.90 милиони ќе влезат преку Македонска Банка за подршка и развој,а другите 90 преку банкарскиот сектор кај нас.За овие кредити ќе се плаќа 6% каматна стапка.Од овие 6%,државата ќе земе само 1% назад.Целата кредитна линија треба да чини 12%,но бидејќи е антикризна мерка,6% државата го субвенционира.Што значи 11% остануваат кај банките.Или наједноставно кажано,од 12% камата,1% оди за државата,11% кај банките.
Зошто е добра меркава,зошто малите и средните фирми ни колабираа.Секоја мерка која е директно насочена да вбризга капитал онаму каде е моторната сила,е добар.Оваа кредитна линија е земена од Европската Инвестициона Бнака која за вакви цели дава по најповолни каматни стапки.Бидејќи никој не пишал колку не чини оваа кредитна линија,а на сајтот на ЕИБ само ги опишува условите под кој се даваат,не верувам дека е над 5%,што значи дека ако правилно се вложат парите (па да почнат да вработуваат,да извезуваат,да плаќаат даноци овие мали и средни фирми) ќе имаме корист сите.
-Од страна на државата:каматната стапка под која е земен кредитот е одличен во споредба со резултатите кој се очекуваат од оваа мерка.Или на нашки кажано фрли рипче фати крапче.Второ,немаат мешање со одлуките на банките која фирма ќе земе кредит,па да им веруваме.Досегашната пракса на банките во однос на кредитирање на мали и средни фирми (во последните години) е одлична,што значи имаат добри проценители и не верувам дека пошто зашто ќе дадат кредит.Трето,ако не направеше ваков чекор со кој ќе фрли пари во домашната економија,требаше да викне нови избори за брзо време,бидејќи од нерентабилни проекти не се живее (коњи,александровци,патишта,сали,згради и слично). Мора да се вложи онаму каде доаѓаат пари,каде има учевство во бдп,каде се вработува човек,каде се сервисираат даноци,има извоз.
-Од страна на фирмите:подобро неможеше да добијат.Ги добиваат за две намени (строго одредено) за ликвидност и за трајни обртни средства.Свеж капитал добро ќе им дојде.
-Од страна на банките:Камата и гаранција од државата.Ако не рипне прозводствениот сектор и они одат надоле,бидејќи они се зависни од него.Од друга страна ќе даваат во денари,што ќе придонесат за стабилност на денарот.Верувам дека професионално ќе ја одработат оваа кредитна линија,зошто чичко Гошев не спие
ќе тегне увциња.
- И од наша страна како обични граѓани,со ова ниту губиме ниту добиваме.Ова не се средства за отварање на големи капацитети кој ќе вработуваат.Ние сме на нула,но добро е што знаеме дека нема да отидеме под нула со вакви чекори
ABC напиша:
Изгледа че мочи,оти не гледам која фирма ќе добие кредит со 6% камата предвиден како мерка за заздравување од Јуни или Јули.Или имаат финта банкариве,на своја виртуелна фирма си делат таков развоен кредит со 6% камата од кој реално плаќаат само 1% на државата која пак им продава обврзници на истите банки со стимулација од 10% камата.На тој начин би се легализирале најавените кредитни линии од владата преку деловните банки кој всушност ќе бидат единствените кој ќе профитираат со вака замислената “акција за перење“ на кредити.
Од она што го гледав низ годиниве и овој муабет ми држи вода.Имаш одлична логика и многу лесно остварлива со ваков тип на кредитна линија.Македонска Банка за подршка и развој е во државна сопственост.Формирана е во 98 со една и единствена цел:Да помага во извоз и да дава најповолни кредитни линии.Досега јас ниту имам видено ниту чуено некоја бомбастична кредитна линија која помогнала.Што значи перењето на пари оди преку оваа институција.