Владата ја убива економијата

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Ovoga...nema ...ovoj samo laze...Cile i dade nekoja para...:)

Така е,овој само ќе земе од ММФ или Светска Банка и ќе им ги даде на банкарите за да можат да си купат Државни обврзници со 10% камата.:toe:
 
ve molam ne mi velite deka vladata ja ubiva ekonomijata,vprocem taa samo ja dovede do nula...isto taka denes susnav deka nadesta nikogas ne umira:)
 
Така е,овој само ќе земе од ММФ или Светска Банка и ќе им ги даде на банкарите за да можат да си купат Државни обврзници со 10% камата.:toe:

Нече тако мочи:)
А да го прашаш него,не чека ни две ни три туку четири:smir:
 
Нече тако мочи:)
А да го прашаш него,не чека ни две ни три туку четири:smir:

Изгледа че мочи,оти не гледам која фирма ќе добие кредит со 6% камата предвиден како мерка за заздравување од Јуни или Јули.Или имаат финта банкариве,на своја виртуелна фирма си делат таков развоен кредит со 6% камата од кој реално плаќаат само 1% на државата која пак им продава обврзници на истите банки со стимулација од 10% камата.На тој начин би се легализирале најавените кредитни линии од владата преку деловните банки кој всушност ќе бидат единствените кој ќе профитираат со вака замислената “акција за перење“ на кредити.:smir:
 
Од јули поволни кредити за стопанството


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=55720&kategorija=7

Конечно да седнам и да ја раззгледам оваа антикризна мерка на владата.Прво и најважно е што им одговара на сите три страни во случајов,мали и средни претпријатија,банки и држава,така да сите три потписи стојат зад неа.Тоа е добар сигнал.
Читајќи го текстов малку ме избунија со милиониве која страна колку дава,но да не бидам ситничар:)Значи во секторот мали и средни претпријатија ќе се вбризгаат 180 милиони евра.90 милиони ќе влезат преку Македонска Банка за подршка и развој,а другите 90 преку банкарскиот сектор кај нас.За овие кредити ќе се плаќа 6% каматна стапка.Од овие 6%,државата ќе земе само 1% назад.Целата кредитна линија треба да чини 12%,но бидејќи е антикризна мерка,6% државата го субвенционира.Што значи 11% остануваат кај банките.Или наједноставно кажано,од 12% камата,1% оди за државата,11% кај банките.
Зошто е добра меркава,зошто малите и средните фирми ни колабираа.Секоја мерка која е директно насочена да вбризга капитал онаму каде е моторната сила,е добар.Оваа кредитна линија е земена од Европската Инвестициона Бнака која за вакви цели дава по најповолни каматни стапки.Бидејќи никој не пишал колку не чини оваа кредитна линија,а на сајтот на ЕИБ само ги опишува условите под кој се даваат,не верувам дека е над 5%,што значи дека ако правилно се вложат парите (па да почнат да вработуваат,да извезуваат,да плаќаат даноци овие мали и средни фирми) ќе имаме корист сите.
-Од страна на државата:каматната стапка под која е земен кредитот е одличен во споредба со резултатите кој се очекуваат од оваа мерка.Или на нашки кажано фрли рипче фати крапче.Второ,немаат мешање со одлуките на банките која фирма ќе земе кредит,па да им веруваме.Досегашната пракса на банките во однос на кредитирање на мали и средни фирми (во последните години) е одлична,што значи имаат добри проценители и не верувам дека пошто зашто ќе дадат кредит.Трето,ако не направеше ваков чекор со кој ќе фрли пари во домашната економија,требаше да викне нови избори за брзо време,бидејќи од нерентабилни проекти не се живее (коњи,александровци,патишта,сали,згради и слично). Мора да се вложи онаму каде доаѓаат пари,каде има учевство во бдп,каде се вработува човек,каде се сервисираат даноци,има извоз.

-Од страна на фирмите:подобро неможеше да добијат.Ги добиваат за две намени (строго одредено) за ликвидност и за трајни обртни средства.Свеж капитал добро ќе им дојде.

-Од страна на банките:Камата и гаранција од државата.Ако не рипне прозводствениот сектор и они одат надоле,бидејќи они се зависни од него.Од друга страна ќе даваат во денари,што ќе придонесат за стабилност на денарот.Верувам дека професионално ќе ја одработат оваа кредитна линија,зошто чичко Гошев не спие:)ќе тегне увциња.

- И од наша страна како обични граѓани,со ова ниту губиме ниту добиваме.Ова не се средства за отварање на големи капацитети кој ќе вработуваат.Ние сме на нула,но добро е што знаеме дека нема да отидеме под нула со вакви чекори:)

ABC напиша:
Изгледа че мочи,оти не гледам која фирма ќе добие кредит со 6% камата предвиден како мерка за заздравување од Јуни или Јули.Или имаат финта банкариве,на своја виртуелна фирма си делат таков развоен кредит со 6% камата од кој реално плаќаат само 1% на државата која пак им продава обврзници на истите банки со стимулација од 10% камата.На тој начин би се легализирале најавените кредитни линии од владата преку деловните банки кој всушност ќе бидат единствените кој ќе профитираат со вака замислената “акција за перење“ на кредити.

Од она што го гледав низ годиниве и овој муабет ми држи вода.Имаш одлична логика и многу лесно остварлива со ваков тип на кредитна линија.Македонска Банка за подршка и развој е во државна сопственост.Формирана е во 98 со една и единствена цел:Да помага во извоз и да дава најповолни кредитни линии.Досега јас ниту имам видено ниту чуено некоја бомбастична кредитна линија која помогнала.Што значи перењето на пари оди преку оваа институција.
 
Стампедото продолжува
Владата пак ги зголемува каматите


Министерството за финансии вчера реализираше нова аукција на тримесечни државни записи. Беа понудени 2 милијарди денари, или 32,5 милиони евра, но реализацијата изнесуваше половина од побараното. Владата успеа да собере само 959 милиони денари, односно 15,6 милиони евра. Каматата достигната на вчерашната аукција изнесуваше 9,20 отсто. Тоа значи дека Владата, повторно, со вака високи камати ја надминува каматата на благајничките записи на НБМ. Тоа беше причина пред еден месец НБМ да ги зголеми каматите од 7 на 9 отсто, по што и сите банки ги зголемија каматите. Сега повторно се отвора прашањето дали ова наддавање ќе повлече нов скок на каматните стапки.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ADE3EFF0EC373842B01F0C2252054804

Кај ќе сопре преживеаните ќе кажуваат...
 
Стампедото продолжува


Кај ќе сопре преживеаните ќе кажуваат...

Фала што ми го расипа денот:smir:
Крај на тврдоглавоста,крај на оваа мизерија од одлуки,аман спречете го!
 
ММЕ, а таман ги пофалив и благо ги бранев :) На ОК гледам камата 15.9%, а беше 14.5 или така нешто. Му давам фора до 20%, после тоа...го е* ежето
 
ММЕ, а таман ги пофалив и благо ги бранев :) На ОК гледам камата 15.9%, а беше 14.5 или така нешто. Му давам фора до 20%, после тоа...го е* ежето
:)
Не гледам простор за фора да му даваме.Под хитно да заврши циркусов.
 
Стампедото продолжува


Кај ќе сопре преживеаните ќе кажуваат...
Ај,ај,ај...
Друже...
а у тоа `силниот` тим на тупото,
некој коцкар,кладионичар (се надевам од класа) да не имаат бе у.п.м.?
Пошто вакви каматни стапки се `правдаат едино со :
-добиток на коцка
-ако де па де си решил да уништиш со сила некоја земја и граѓаните од истата сакаш да ги оставиш без леб на малку... подолг период!
 
Ај,ај,ај...
Друже...
а у тоа `силниот` тим на тупото,
некој коцкар,кладионичар (се надевам од класа) да не имаат бе у.п.м.?
Пошто вакви каматни стапки се `правдаат едино со :
-добиток на коцка
-ако де па де си решил да уништиш со сила некоја земја и граѓаните од истата сакаш да ги оставиш без леб на малку... подолг период!


многу кретени...,да не заборавам.......ДРЧНИ КРЕТЕНИ!!! меѓу овој народ, едно време '"штедеа" во ТАТ со камата која само КРЕТЕН може да ја есапи како можна...и да не ја гледа пирамидата зад неа...:) после...море ден денес плачат................ дека некој ги заебал и бараат НАРОД да ја плати нивната глупавост...

како ќе ја крстите пирамидава која сега се гради??? и кој ќе ги плати трошоците на нејзината градба...гарантирам дека Гwујољубците немаат таква намера...:)
 
:)
Не гледам простор за фора да му даваме.Под хитно да заврши циркусов.
Епа грешка во пишување, ова ми е битолска навика -му. А значи им...
или скопски Им давам фора до 20% :)
 
каматите мора да бидат големи за да не влијаат на монетарната политика, односно да не девалвира денарот, ако девалвира денарот, може комотно сите мотиката и на нива, јас само може да кажам на темава, фала му на бога што овие моменти на власт кај нас е оваа гарнитура, може да драпат маде само тие што незнаат економија, или се во љубов со бране.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom